Кинезите од Грците го купија европскиот приклучок на модерниот Пат на свилата
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Piraeus26-WEBКоско во Пиреја широко ја отвори вратата на Европа за Кина

„Иницијативата е кинеска идеја, но можностите што таа ги создава му припаѓаат на светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, како одговор на сомнежите на Западот околу намерите на силниот „Кинески змеј“ со иницијативата Појас и пат. Грција, со продажбата на пирејското пристаниште на кинеската компанија Коско, ја даде точката каде Кина ќе се вклучи во Европа како дел од стратешката визија за модерниот Пат на свилата, од која нашиот јужен сосед ќе биде голем добитник, станувајќи регионален товарен и логистички центар, но, економските потенцијали на проектот не секнуваат сѐ до северот на Европа

 

Потпишувањето на конечниот договор со Кинезите, за 35-годишна концесија на 67% од акциите на пирејското пристаниште, беше најзначајниот момент на неодамнешната четвородневна официјална посета на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на најнаселената држава. Дека домаќините ги надминале недоразбирањата околу концесијата (продажбата на пристаништето Парламентот на Грција ја одобри само ден пред Ципрас да отпатува од Атина) што му претходеа на доаѓањето на грчкиот премиер во Кина, покажува одлуката во обновата и изградбата на нова инфраструктура во пирејското пристаниште да бидат вложени 500 милиони евра, наместо најавените 350 милиони.

„Грција е важен стратешки партнер, најдоверлив кинески пријател во Европа“, изјави кинескиот претседател Си Ѓинпинг, пред да додаде дека бизнисот во Пиреја отвора нови перспективи за соработка меѓу двете земји во сферите на транспорот, на инфраструктурата, на телекомуникациите и на бродоградителството.

Главната добра вест што ја донесе Ципрас од Кина, особено за незадоволните работници на пристаништето кои често штрајкуваа стравувајќи од приватизацијата, е дека Кинезите ќе ги задржат работните места и ќе отвораат нови.

Намерите на концесионерот се да биде обновено патничкото пристаниште, со акцент на делот за крузери, со цел Пиреја да стане најголема база за туристички бродови со можност да прими и услужи пловила со вкупно над четири илјади патници, и тоа на годишно ниво да биде три милиони.

Кинезите планираат да го зголемат и делот од пристаништето наменет за контејнери, бидејќи и во овој дел сакаат да бидат најголеми на Медитеранот. Планирана е и изградба на паркинг за 20.000 автомобили, а и простор за поправка на кинеските бродови и за изградба на нови, во грчките бродоградилишта.

Деталите им се оставени на стручњаците, на бизнисмените, кои на бизнис форумот на кој учествуваше и бројна грчка делегација покажале голем интерес за приватизација на грчките острови, за учество на тендери за продажба на железницата, за увоз на земјоделски производи и храна од Грција …

Патем, со основачот на Alibaba, Џек Ма, договорено е Грција од септември да се приклучи на оваа онлајн продажна платформа со милиони клиенти меѓу бизнисмените и компаниите, што на грчките претприемачи ќе им овозможи директни контакти во сферите на нивниот бизнис.

Ципрас договорил и зголемување на бројот на туристички аранжмани, односно остварување на план од милион кинески туристи веќе идната година.

Грчкиот премиер при посетата на Кина парираше на погоре цитираната изјава на Ѓинпинг, неколкупати подвлекувајќи дека „Грција може да биде прва станица на кинескиот пат, но во исто време и да стане мост со западниот свет, меѓу Азија и Европа“.

Во контекстот, кинескиот премиер Ли Кеќанг, изјави дека „Кина е подготвена да ѝ помогне на Грција да постане посилна во силната Европа“.

Piraeus26-WEB-02Коско веќе наголемо работи во Пиреја

Ден пред Алексис Ципрас да отпатува за Кина, грчкиот Парламент одвај го одобри договорот, после многу натегања, и после серијата штрајкови што го блокираа пирејското пристаниште, со кој на Кинезите им се продадени 67% од акциите на пристаништето Piraeus Port Authority (OLP).

Проблем беа спорните амандмани на договорот со купувачот – кинеската компанија Коско (COSCO), кои на крајот беа повлечени, а за кои Кинезите ја обвинија грчката Агенција за приватизација (TAIPED) дека по договорот од 8 април во конечниот документ еднострано се внесени неприфатливи измени. Од кабинетот на премиерот Ципрас пратениците беа предупредени дека моментот не дозволува играње политички игри.

Коско, чие седиште е во Хонгконг, беше единствена заинтересирана компанија за концесијата (за која се обврза да плати 368,5 милиони евра), бидејќи веќе работи во пирејското пристаниште, и од 2009 година ги контролира неговите два најголеми терминали.

Компанијата веќе инвестираше над 200 милиони евра за изградба на нови кранови и друга опрема, со што капацитетите на терминалите се зголемија до 2,5 милиони контејнери годишно. Пристаништето, во комбинација со изградбата на нова железничка линија, привлече компании како Huawei, Hewlett-Packard и Sony, и шпедитерски компании меѓу кои DB Schenker и Rail Cargo Austria, да ја користат Пиреја за транспорт на стока до централна Европа.

Плановите за приватизација се клучен дел од условите на трите кредитни пакети за Грција, договорени во 2010 година, чија реализација е попречувана од политичари и синдикати во земјата, како и од бирократски пречки. Продажбата на OLP ја поздравија и меѓународните кредитори на Грција, сметајќи ја за важен катализатор за обновување на економскиот раст на земјата.

Зделката за пристаништето во Пиреја вредна 368,5 милиони евра предвидува Коско првично да купи 51% од акциите за 280,5 милиони, а по пет години другите 16% (до вкупно 67%), за 88 милиони. Кинеската компанија има обврска и во следните 10 години да инвестира во пристаништето 350 милиони евра (за време на посетата на Ципрас, како што наведовме погоре, зголемени на 500 милиони).

Подоцна годинава се очекува продажба и на пристаништето во Солун, каде работат 400 луѓе. Пирејското пристаниште има 1100 вработени.

Piraeus26-WEB-01
Пирејскиот „Арго“ нуди можности за цела Европа

„Пиреја (пирејското пристаниште, н.з.) ќе биде како Арго (бродот со кој во грчката митологија Јасон и Аргонаутите пловеле во потрага по Златното руно, н.з.). Нека ги рашири едрата и нека го врати Златното руно“, порача претседателот на Коско, Ксу Лиронг, на свеченоста во Атина на која присуствуваше и премиерот Ципрас. И не е далеку од вистината, кога се знае дека Коско, обезбедувајќи контрола над една од клучните влезни точки во Европа, ќе го засили испумпувањето на кинеска стока низ стариот континент, како и трговијата во правец на Кина.

Пиреја е точката каде Кина ќе се вклучи во Европа како дел од стратешката визија за иницијативата „Појас и пат“ на претседателот Си Ѓинпинг, модерниот Пат на свилата.

Релативно малата оддалеченост на Пиреја од главните медитерански патишта, на пристаништето што ќе го води Коско му дава можност да биде и центар за претовар и капија, стои во извештајот што во 2012 година го направи консултантската компанија Мекинзи (McKinsey). Во овој извештај се вели и дека Грција ќе биде и голем добитник, како дел од десетгодишниот план, станувајќи регионален товарен и логистички центар.

Очекуваните позитивни ефекти за Грција, и одредени тамошни експерти (како и претседателот на Коско) ги нарекоа Златно руно.

„Би можело да се каже дека оваа инвестиција е Златно руно за Грција. Тоа што ќе стане транзитен центар за трговијата меѓу Европската унија и источна Азија, ќе ѝ помогне да се врати на патот на одржливиот развој, и да се ослободи од големиот јавен долг“, смета експертот од катедрата за политички науки и меѓународни односи на Универзитетот Пелопонез, Сотирис Петропулос.

Се проценува и дека договорот на Коско со Грција ќе биде многу важен за земјите во централна и источна Европа кои профитираат од иницијативата Појас и пат, за да го зголемат извозот на земјоделски и останати производи во Кина.

Кинеските и грчките медиуми укажуваат на значењето и на осовременувањето на железничката линија меѓу Белград и Будимпешта, која треба да биде завршена до 2017 година, а овој брз железнички пат, заедно со Пиреја, ќе претставува дел од кинеско-европскиот експресен копнено-морски пат. Односно, Грција, како транспортен центар ќе го поврзува морскиот Пат на свилата на нашето време, на 21-от век, со економскиот појас на Патот на свилата на копното.

Аналитичарите најавуваат дека економската интеграција меѓу централна и источна Европа ќе ги ослободи огромните економски потенцијали на европската индустрија. Опоравувањето на медитеранскиот регион и економската интеграција меѓу Африка и јужна Европа се очекува да обезбедат големи надворешнотрговски можности и за северна Европа. Балканот, за првпат во историјата, во голема мерка ќе биде економски интегриран.

За експертите нема дилеми дека и кај најголемите европски држави предрасудите/стравувањата од експанзијата на Кина се заменети со големи очекувања од Кинескиот змеј.

„Земјите ширум светот се свртуваат кон Кина која ја гледаат како центар на иднината. Ова е сосем јасно во источна Азија, но и во Африка и во Европа. Големите европски земји, пред сѐ Германија, Франција и Велика Британија, сѐ повеќе се насочуваат кон Кина. Кина има огромни можности да им помогне во надминувањето на економските тешкотии. И немаат причина да ја доживуваат како закана“, смета вишиот соработник на катедрата за политика и меѓународни студии од Универзитетот во Кембриџ, Мартин Жак, кој е автор и на книгата „Кога Кина владее со светот“, во која тврди дека „Кина ќе стане доминантна глобална сила во наредните децении“.

Иницијативата Појас и пат опфаќа над 60 држави и региони со вкупна популација од 4,4 милијарди луѓе што се 63% од светската популација. Концептот на Ѓинпинг, официјален Пекинг го дефинира како „еден пат и еден појас“, а се работи за изградба на фасцинантна мрежа од патишта, железнички и поморски линии, заедно со низа регионални појаси и зони за трговија и индустрија. Иницијативата најавува досега невиден развој на инфраструктурата.

„Иницијативата е кинеска идеја, но можностите што таа ги создава му припаѓаат на светот“, изјави кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×