Кинезите влегуваат на пазарот за автономни автомобили со милијарда долари за купување во странство
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кинеската автомобилска компанија Ningbo Joyson Electronic Corp. денеска објави дека купува две странски компании, заедно со нивните технологии за автономно возење, за сума од над милијарда долари. Инаку, веќе извесно време официјален Пекинг настојува Кинезите да влезат на пазарот за самоуправувачки автомобили.

Ningbo Joyson  потпишале договор за купување на американската компанија Key Safety Systems (KSS) Holdings Inc. за 920 милиони долари. Кинеската компанија што ги снабдува автомобилските гиганти како General Motors и Mercedes-Benz со системи за контрола на возењето, соопшти дека планира да го купи и работењето на германската компанија TechniSat Digital за автоматска навигација за 204,6 милиони долари.

Кина има стратегија на своите патишта да има што повеќе автономни автомобили, и да ја унапреди технологијата за безбедност на сообраќајот во земјата што е најголем светски пазар за автомобили.

Купената Key Safety Systems произведува воздушни перничиња за автомобили и работи на развој на автономни безбедносни системи на автомобилите.

Ningbo Joyson има над 7.000 вработени, и работи во САД, во Германија, во Мексико. Лани компанијата имала приходи од 124,8 милиони долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×