Кинезот Џек Ма ја шири империјата во Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

alibaba-founder-jack-ma WEBХрвати, Унгарци и Срби во трка за зделка на деценијата со Alibaba

Најголемата кинеска продавница Alibaba сака во Задар да изгради дистрибутивен центар за цела Европа, а како главни конкуренти се Унгарија која ја нуди својата престолнина, но и Србија.

 

Најголемата кинеска продавница Alibaba сака изгради во Задар дистрибутивен центар за цела Европа, а како главни конкуренти се Унгарија која ја нуди својата престолнина, но и Србија, пишуваат хрватските медиуми.

За тоа веќе има и официјална потврда од хрватското Министерство за економија, претприемништво и занаетчиство за остварените контакти со Alibaba.

Од Министерството потвдиле дека од кинескиот гигант, кој дневно преку интернет зделки прави промет од милијарда долари, примиле допис со кои компанијата изразиле желба за можни инвестиции во Хрватска.

Alibaba има интерес за инвестирање и во Унгарија и Србија

Освен во Хрватска, од кинескиот Alibaba биле заинтересирани за вложување во Унгарија, а наводно унгарскиот премиер Виктор Орбан лично ја примил кинеската делагација.
Кинескиот Alibaba интерес покажал и за Србија, но наводно Хрватска и Унгарија биле поинтересни за компанијата заради членството во ЕУ и НАТО, а основачот на Alibaba, Џек Ма, наводно бил заљубен во хрватското море и во убавините на Задар.

Давид Лекај, кинески лобист и претседател на Евро-азиската бизнис асоцијција за хрватските медиуми изјавил дека Alibaba веќе донела одлуки кои се поврзани со Економската зона Црно во Задар.

“Кинезите се задоволни од условите за работење во Хрватска, Во Задар сакаат да направат хот-спот за својата интернет трговија. Најголемата маркетиншка предност на Alibaba се крие во тн. фree shipping или бесплатната достава на онлајн нарачките.
Меѓутоа, многунаши сограѓани кои купуваат преку интернет го забележале најголемиот недостаток при купувањето преку Интернет од Alibaba, а тоа се долгите рокови од плаќањето до испорака на производите. Тоа Alibaba сака да го премости со голем дистрибутивен центар во Задар. Во овој случај би се работело за гринфилд инвестиција. Најголемата предност за задарската економска зона е во тоа што на радиус од околу седум километри се наоѓа морско пристаниште, аеродром, автопат и железница”, вели Лекај.

[caption id="attachment_41886" align="alignright" width="300"]102022037-alibaba WEB Најголемиот недостаток при купувањето преку Интернет од Alibaba, а тоа се долгите рокови од плаќањето до испорака на производите. Тоа Alibaba сака да го премости со голем дистрибутивен центар во Задар.[/caption]

Сите предности од доаѓањето на Alibaba во регионот

Лекај вели дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна повлекол добар потег со потпишувањето на Меморандум помеѓу Хрватска и Кина на неодамнешниот самит 16+1 во Летонија. Лекај на овој самит се сретнал со потпретседателот на Alibaba group, Јонг Сун во делегацијата која ја предводеше поранрешниот хрватски претседател Степан Месич.
“На двочасовниот состанок Кинезите ни презентираа импресивни резултати и податоци за капацитетот на најголемата светска онлајн продавница со над 800 милиони производи и повеќе од 400 милиони корисници. Фасцинантен е и податокот дека за еден ден, ширум светот, пратиле 200 милиони пратки во вредност од десетици милијарди долари. Тоа беше шанса за мене на Кинезите да им ги претставам инфраструктурните капацитети на Хрватска и градот Задар, како потенцијална локација за идниот технички и дистрибутивен центар на Alibaba за цела Европа”, вели Лекај.

Влезот во Задар би требало да биде отскочна даска за многу поголеми проекти на Alibaba во Хрватска и регионот. Лекај тврди дека во случај на влез на Alibaba во Хрватска, би биле спасени и Croatia Airlines, како и аеродромите во Загреб и Задар.

Исто така, малите и средни хрватски претпријатија во Хрватска и регионот би можеле да бидат вклучени во производно-набавните ланци на Alibaba, но и да им биде олеснет пласманот на кинескиот пазар.

Во Задар и филмско стидио?

Alibaba е исто така заинтересиран за инсталација на филмско студио. Лекај вели дека за тоа неодамна се разговарало со познатиот хрватски глумец Раде Шербеџија, кој повеќе бил склон на идејата Ријека да биде локацијата за новото филмско студио.

“Alibaba во негова сопственост има и неколку филмски студија, главно во Холивид, а ова би била прва таква аквизиција во Европската унија. Раде Шербеџија веќе долго време зборува за идејата холивудската продукција да се донесе во Хрватска, а тој веќе извесно време разговара со разни американски продуценти и глумци околу изградба на големо филмско студио во Хрватска. Клучната предност на Хрватска, според Шербеџија, е што луѓето од филмската индустрија во Америка и тоа како ги паметат убавите денови и погодностите за снимање во Хрватска од времето на Јадран филм”, вели Лекај.

Компанијата Alibaba е доминантен кинески играч во онлајн трговијата, чија платформа држи повеќе од 90% од онлајн пазарот за директни купопродажни трансакции помеѓу клиентите, додека нејзината помала платформа Tmal држи повеќе од 50% од пазарот за трансакции помеѓу претријатијата и клиентите.

[caption id="attachment_41885" align="alignright" width="300"]BN-RO983_CCIRCU_GR WEB Неодамна основачот на Alibaba, кинезот Џек Ма го објави својот амбициозен план за следните 20 години во кој се предвидува дека ќе вработи 100 милиони луѓе. ако ги собере овие две, ако не само една легенда нека оди за двете[/caption]

Alibaba во следните 20 години ќе вработи 100 милиони луѓе

Неодамна основачот на Alibaba, кинезот Џек Ма го објави својот амбициозен план за следните 20 години во кој се предвидува дека ќе вработи 100 милиони луѓе.

“За две децении се надеваме дека ќе имаме две милијарди потрошувачи низ целиот свет, дека ќе го зајакнеме работењето и дека ќе создадеме нови 100 милиони работни места”, напиша Ма во годишното писмо до акционерите.
Alibaba очекува дека технолошките промени во следните три децении сосема ќе го променат традиционалниот начин на тргување, а кинескиот онлајн трговец планира да ги повика трговците да се придружат на системот и така да ги умрежат продажните платформи и рекламни алати.

Неодамна САД повторно ја врати платформата на Alibaba на црната листа на сајтови преку кои се продаваат фалсификат производи, а Меѓународната организација за борба против копии лани ја исклучи Alibaba од членството, по обвинувањата од некои компании дека кинескиот гигант за онлајн трговија е најголемото продажно место за фалсификувана роба во светот.

Но, Џек Ма на тоа одговара дека многу фалсификувани производи се дури и со подобар квалитет од оригиналот.
“Фалсификатите денес се дури со подобар квалитет и се продаваат по подобра цена од оригиналите. Тие производи се прават во истите фабрики, ги користат истите суровини, но се продаваат под различно име”, изјавува Ма и заклучува дека денеска е променет начинот на работење за брендовите и дека тука не станува збор за лажни производи, туку за бизнис модел кој направи револуција во светот.

Она што е сигурно дека ако Alibaba одлучи да отвори голем дистрибутивен центар во регионот, тоа дефинитивно ќе  предизвика револуција во онлајн трговијата.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×