Кире Наумов: Почнавме со исплата на бескаматните кредити за поддршка на бизнисите
Објавено на од во Интервју

Naumov za otvaranjeКире Наумов
главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија

Од првата група одобрени кредитни апликации, сите компании се контактирани, тековно тече потпишувањето на договори, а веќе неделава почнавме и со исплатите. Целта на самата кредитна линија е да им помогне на компаниите да ги сервисираат ликвидносните потреби.
Кредитната линија од 5,7 милиони евра што оди преку Развојната банка на  Северна Македонија беше меѓу првите мерки што македонската влада ги донесе како поддршка за погодените компании од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид – 19 вирусот. На 25.03 директорот на Развојната банка Кире Наумов го објави Јавниот повик за оваа прва кредитна линија, а веќе се најавува и втор повик, за кредити во износ од 8 милиони евра којшто ќе биде објавен набрзо.
„Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, рече Наумов при претставувањето на кредитната линија.
Со г-дин Наумов разговаравме за тоа каков е досега интересот на домашните компании за користење на оваа поддршка, колку кредити се одобрени и какви кредитни линии се планираат наскоро за уште поголема помош на бизнис секторот погоден од Ковид 19 кризата.
Повеќе од 1.050 компании доставија до Развојната банка кредитни апликации на вкупен износ од околу 7,5 милиони евра. Заклучно со вторникот, 14 април, имаме одобрени 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра. По структура, најголем дел се микро компании, околу 69% и мали компании кои учествуваат со 28% во овие 254 одобрени кредитни апликации.
-Колку апликации досега се пристигнати во Развојната банка од компаниите што бараат финансиска поддршка, а колку кредити се одобрени?
Повеќе од 1.050 компании доставија до Развојната банка кредитни апликации на вкупен износ од околу 7,5 милиони евра. Заклучно со вторникот, 14 април, имаме одобрени 254 кредитни апликации во вкупен износ од 2,2 милиони евра. По структура, најголем дел се микро компании, околу 69% и мали компании кои учествуваат со 28% во овие 254 одобрени кредитни апликации. Што во суштина ја покажува достапноста на оваа прва бескаматната кредитна линија.

Наумов прес

Кире Наумов, главен извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија го објавува првиот Јавен повик за аплицирање за бескаматните кредити, на 25.03.

-Може ли да добиеме некаква структура на апликантите според дејноста, бројот на вработени, износот на кредит што го бараат и сл., како и истава структура за тие што добиле кредити?
Од компаниите што добија кредити, 118 или 46% се во дејноста транспорт, 117 и исто толку проценти се во дејноста угостителство и 19 компании се во областа на туризмот или 7% од досега одобрените апликации.
Според големината, 174 компании или 69% се микро, со најмногу 10 вработени, 70 компании или 28% се мали, до 50 вработени и остатокот од 4%, односно 10 компании се во рангот на средни, со максимум 250 вработени.
Оттука, разбирливо е што најголем број на одобрените износи на кредитите се до 307.500 денари, или 5.000 евра, поточно за 161 компанија. Следат 64 одобрени кредити во износ од 15 илјади евра, или 922.500 денари и 10 одобрени апликации се со износ од 1,845 милиони денари, или 30 илјади евра. Има уште 19 одобрени кредити што се во други износи во рамки на овие граници, што значи вкупно 254 одобрени кредити, како што реков претходно.
IMG_1149Досега, Развојната банка правеше откуп на побарувањата што домашни компании ги имаат од нивните странски купувачи, но сега ќе може да откупува и побарувања кои домашните компании ги имаат од домашни купувачи. Ова сметаме дека е еден директен придонес за подобрување на ликвидноста на домашните компании имајќи го во предвид просечниот рок на наплата од 123 дена кои го имаа домашните компании, пред коронавирусот.
-Кога може да се очекува првите одобрени кредити да им се исплатат на компаниите? Дали фирмите наведуваат во апликациите за што конкретно им се потребни средствата?
Од првата група одобрени кредитни апликации, сите компании се контактирани, тековно тече потпишувањето на договори, а веќе неделава почнавме и со исплатите. Целта на самата кредитна линија е да им помогне на компаниите да ги сервисираат ликвидносните потреби.
-Како се обезбедуваат овие бескаматни кредити, колкав е периодот на враќање и останатите најбитни услови?
Првата бескаматна кредитна линија, која тековно ја администрираме, има период на враќање до 24 месеци со грејс период до 6 месеци. Отплатите се на квартално ниво, што значи дека првите отплати од овие кредити компаниите ќе ги направат за отприлика 9 месеци.
Во втората бескаматна кредитна линија, за која во следниот период ќе биде објавен Јавен повик, е предвидено период на отплаќање до 3 години, со грејс период до 12 месеци. Минималниот износ на кредит ќе биде 3.000 евра, додека максималниот износ ќе биде 90.000 евра.
Каматната стапка повторно ќе биде 0% и на кредитокорисниците нема да им се наплаќаат административни трошоци.
Исто така, работиме да ги направиме подостапни средствата од ЕИБ петта фаза кредитната линија која преку деловните банки може да ја користат компаниите, најмногу за обртни средства. Се работи за износ од 50,9 милиони евра. Новината кај оваа кредитна линија е дека Владата се вклучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата, која Развојната банка како корисник ја има кон ЕИБ.
-Претпоставувам дека предвидената сума од 5,7 милиони евра во првата транша ќе биде за кусо време распределена по компаниите, па какви се плановите за понатаму во смисла на поддршка на македонските бизниси? Какви кредитни линии може да очекуваат наскоро?
Иако јавниот повик за првата бескаматна линија, ,,Ковид1” е отворен 30 дена, веќе побарувачката е повеќе од 7,5 милиони. Како што кажав, следно пред нас е втората бескаматна кредитна линија, ,,Ковид2”, со фонд од 8 милиони евра, средства од Компензационите фондови. За оваа втора бескаматна кредитна линија очекуваме Јавниот повик да го објавиме следните денови. Втората бескаматна кредитна линија, ќе биде отворена за сите дејности чија економска активност е погодена од Ковид-19.
Исто така, работиме да ги направиме подостапни средствата од ЕИБ петта фаза кредитната линија која преку деловните банки може да ја користат компаниите, најмногу за обртни средства. Се работи за износ од 50,9 милиони евра. Новината кај оваа кредитна линија е дека Владата се вклучи во делот на субвенционирање на трошокот за камата, која Развојната банка како корисник ја има кон ЕИБ. Со ова направивме максимални заеднички напори деловните банки да може да понудат каматни стапки кон крајните корисници под исклучително поволни услови.
-Во таков контекст уште побитна ќе биде улогата на Развојната банка на РСМ, па ме интересира, какви се размислувањата во врвот на владејачката партија каде што се одлучува за економските политики, околу докапитализацијата на Банката, односно, нејзината поголема реална моќ за кредитирање и останатите услуги, како осигурување на извозот и сл.?
За докапитализација на Развојната банка, верувам дека во иднина, следната година на пример, Владата ќе има позитивен став за ова прашање. Докапитализацијата е значајна од аспект на зајакнување и проширување на портфолиото на услуги на банката, за самата банка да може да понуди поголема поддршка на компаниите во делот на поддршка на домашните компании со извозно осигурување, откупување на нивните побарувања (факторинг) во странство и во земјата, и слично.
Има силна волја активно да ја поддржуваме и помагаме домашната економија. И без докапитализацијата, ние изминативе месец-два се трудиме да им излеземе во пресрет на потребите на домашните компании.
Она што не успеавме да го претставиме соодветно периодов поради познатите околности е дека Развојната банка ги направи неопходните интерни промени за да може на компаниите да им нуди и домашен факторинг. Досега, Развојната банка правеше откуп на побарувањата што домашни компании ги имаат од нивните странски купувачи, но сега ќе може да откупува и побарувања кои домашните компании ги имаат од домашни купувачи. Ова сметаме дека е еден директен придонес за подобрување на ликвидноста на домашните компании имајќи го  предвид просечниот рок на наплата од 123 дена кои го имаа домашните компании, пред коронавирусот.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×