Китаровиќ првпат во Србија, за историски договор со Вучиќ за односите меѓу двете земји
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и српскиот премиер Александар Вучиќ, денеска, во Белград, ќе ја потпишат Декларацијата за унапредување на односите и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Хрватска.

Вучиќ го оцени настанот како историски, и рече дека договорот е еден од најзачајните досега, и ќе биде темел за решавање на сите спорни прашања меѓу двете земји.

„Треба почесто Србите да влегуваат во хрватски чевли, а Хрватите во српски. Така сметам дека подобро би се разбирале“, изјави Вучиќ.

Српскиот премиер рече дека двете земји имаат нерешени проблеми, како граничната линија, сукцесијата, прашањата на малцинствата, на долговите … и нагласи дека тоа мора да се заврши.

И Китаровиќ посака денешната средба со Вучиќ да биде историска, зашто е „мотивирана од обостраната желба да се направат конретни чекори за приближување на државите“.

Таа рече дека во овој момент не може да се предвиди колку ќе биде лесно или тешко да се решат спорните прашања, но рече дека ако не можат двете земји заедно да го сторат тоа, тие ќе се обврзат да побараат помош од меѓународниот фактор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×