Климатски промени: Предизвици и градење издржливост
Објавено на од во Events

Global Warming and Pollution Concept - Sustainability (Elements15 – та Меѓународна академска конференција за европски интеграции

На 21 мај 2020 г., Универзитет Американ Колеџ Скопје на онлајн платформата Webex, ја одржа 15-та Меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“. Покрај учесниците од Македонија, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми поврзани со климатските промени, проблемите и предизвиците што се отвораат, како и можните решенија за овие состојби.

 

Glavna UAKSНа 21 мај 2020 г., Универзитет Американ Колеџ Скопје на онлајн платформата Webex, ја одржа 15-та Меѓународна академска конференција на тема „КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: ПРЕДИЗВИЦИ И ГРАДЕЊЕ ИЗДРЖЛИВОСТ“.
Официјалното отворање на конференцијата беше означено со обраќање на проф. д-р Стево Пендаровски, претседател на државата, кое беше проследено со обраќање и на евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар.
Специјални говорници на конференцијата беа заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, директорката на „Фридрих Еберт Штифтунг“ во земјава, Ева Елерајт, директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов, како и добитничката на наградата за животна средина „Голдман“ за 2019 г., Ана Чоловиќ Лешоска.
Во име на организаторите, на гостите им се обратија проф. д-р Миодрага Стефановска – Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје, и проф. д-р Марина Андева, Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Во своето обраќање проф. Стефановска – Петковска ја нагласи лекцијата која ја научивме како човештво од корона пандемијата. Имено, иако светот беше соочен со криза од огромни размери, човештвото научи дека изолацијата не значи да се биде сам. Се потсетивме на важноста од чисто небо, незагаден воздух и улици ослободени од сообраќаен метеж и оставени само на пешаците и велосипедистите. Со тоа, на еден свој уникатен начин, корона пандемијата не научи да му дадеме шанса на „зеленото“.
UAKS konferencija-2Македонски „зелен договор“
Претседателот Пендаровски, пак, ја нагласи врската помеѓу пандемијата и климатските промени. Коронавирусот доведе до забавување, некаде и до целосно запирање наиндустријата, производството, транспортот во многу земји во светот.Краткорочно, тоа има позитивен ефект врз животната средина. „Оксфорданалитика“ проценува дека „емисиите на јаглероден диоксид значително ќе сенамалат во 2020 година како резултат на продолжениот прекин на многуекономски активности“. Сателитите на НАСА и на Европската вселенскаагенција потврдија дека, само во случајот со Народна Република Кина, нивотона јаглероден диоксид (СO2) е намален за 40%.
„Овие податоци недвосмислено потврдуваат две нешта. Прво, дека човекот еодговорен за емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата. И второ, декаприродата сè уште може за релативно кратко време да врати дел однарушениот баланс. Се разбира, доколку тоа ѝ го дозволиме. Сè додека фосилните горива се срцето на глобалниот енергетски систем, ниеќе имаме неодржлив економски модел на раст и развој. Затоа, нашиотекономски и техничко-технолошки развој мора да стане климатски неутрален.Пендаровски нагласи четири клучни точки:
  1. Прво, потребна е синергија меѓу природните и општествените науки.
  2. Второ, потребна е солидарност во општеството.
  3. Трето, неопходна е солидарност меѓу државите.
  4. Четврто, неопходна е транс-генерациска солидарност.
Амбасадорот на Делегацијата на Европска Унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар во своето обраќање ја истакна можноста да се претвори климатскиот предизвик во климатска можност. Важноста на Европскиот Зелен Договор за адресирањето на климатските промени е огромна и затоа овој документ е препознаен и како новата стратегија за развој на Европската Унија. Тој е наменет да придонесе кон адресирањето на климатските промени на повеќе нивоа – од активности во бизнис заедницата, преку индивидуалните и општествените промени до релевантни економски интервенции како креирањето на нови работни места. Амбасадорот ја нагласи и улогата на нашата земја во заедничката зелена агенда. Коронавирусот ја подигна свесноста за солидарност и заеднички одговор бидејќи солидарноста и заедништвото се основата на развојот на ЕУ.
Заменикот министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули истакна дека додека реалноста на Ковид 19 и укажа на нашите слабости и важноста на солидарноста и соработката, климатските активности станаа луксуз. Но преку силно лидерство, геополитичка соработка и стабилни институции научивме дека треба да инвестираме во иднината, а не во минатото. Макрадули ја истакна важноста на Зелениот договор за нашата земја.
„Ни треба нов Македонски зелен договор кој е интеграциски, инклузивен и мултидисциплинарен. Утрешниот ден ја обележува улогата и важноста на биодиверзитетот, и треба да бидат направени напори кон неговата интеграција во градската средина. Од неоспорна важност е вложување во обновливите извори на енергија кои се од особена важност за малите и средните претпријатија. Истовремено, мораме да продолжиме со планот за чист воздух, масовен процес на трансформација на зградите кон енергетски ефикасни објекти, дигитализација, улогата на науката и важноста на кредибилните извори на информации и вестите, како и интегрирањето на свесноста за климатските промени во делувањето на приватниот сектор.“, рече Макрадули.
Мора да се препознае дека чистиот воздух е нераскинливо поврзан со климатските промени, додаде тој.
„Не постои вакцина за климатските промени и согласно тоа мора да се базираме на солидарност и креативност и да покажеме дека ние како земја можеме заеднички да изградиме нов Македонски зелен договор и да прераснеме во лидер во регионот на ова релевантно поле.“
UAKS konferencija-3Клучни сегменти на зелената агенда
Директорката на фондацијата „Фридрих Еберт Штифтунг“ во земјава, Ева Елерајт, истакна дека климатските промени претставуваат заеднички предизвик кој не препознава политички бои и треба да препознае напор кој треба да се направи за да се остави подобар свет на новите генерации. Ја истакна улогата на пандемијата во препознавањето на важноста и можноста за климатските промени. Елерајтсе заблагодари на претседателот Пендаровски, за активности кои ги поддржува во земјата. Воедно истакна дека интердисциплинарноста е клучна кон адресирање на проблемот и формирање на прилагодени решенија кон секоја земја. Ова посебно се однесува на врската помеѓу сиромаштијата и климатските промени, бидејќи ако ги заштитиме најранливите, ние сме ги заштитиле сите.
Директорот на Хабитат Македонија, проф. д-р Зоран Костов говореше за важноста на врската помеѓудомувањето, енергијата и климатските промени. Во неговото обраќање тој ја истакна потребата за развивање на модели за енергетски ефикасни интервенции во секторот за домување посебно во објекти за фамилијарно домување.
Добитничката на престижната награда за животна средина „Голдман“ за 2019 г., Ана Чоловиќ Лешоска ја истакна важноста на Европскиот зелен договор и неговата важност посебно во времето на пандемијата. Истовремено ЕУ ја препозна важноста од вклучување на земјите на Западниот Балкан како неопходни партнери кон постигнување на климатска неутралност. Меѓу другото, таа истакна дел од клучните сегменти на зелената агенда како Декарбонизацијата, циркуларната економија, загадувањето. На крај, Чоловиќ Лешоска истакна декаполитиките треба да бидат базирани на податоци, а не на лично мислење. Затоа е исклучително важна улогата на истражувачите и научниците во трансформацијата на нашето општество
Конференцијата беше поделена во пет работни сесии, во кои истакнати професори и експерти ги презентираа своите анализи и истражувања од областа на климатските промени. Работните сесии беа предвидени за дискусија на следниве теми:
  1. Бизнис, економија, финансии и иновации – модерирана од проф. д-р Снежана Христова, Декан на Факултетот за деловна економија и организациони науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
  2. Политика, правда, владеење и етика – модерирана од проф. д-р Марина Андева, Генерален секретар на Универзитет Американ Колеџ Скопје.
  3. Здравје и општество – модерирана од проф. д-р Ана Томовска Мисоска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
  4. Вода-Енергија-Храна – модерирана од проф. д-р Ана Томовска Мисоска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
  5. Урбано планирање, енергија и инфраструктура – модерирана од проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
  6. Глобални предизвици - модерирана од проф. д-р Миодрага Стефановска Петковска, Универзитет Американ Колеџ Скопје
Покрај учесниците од Македонија, на конференцијата свои излагања имаа и научници и истражувачи од повеќе земји, кои ги презентираа трудовите на теми поврзани со климатските промени, проблемите и предизвиците што се отвораат, како и можните решенија за овие состојби. Конференцијата беше проследена од голем број учесници и претставуваше ретка можност за размена на идеи меѓу истакнати домашни и странски научници, како и помеѓу пријавените учесници и медиумите.

Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×