Климатските промени ќе згаснат 80 милиони работни места
Објавено на од во Економија
Зголемувањето на температурите предизвикано од климатските промени може да доведе до губење на околу 80 милиони работни места до 2030 година.
глобал вормингНајлошо погодени земји ќе бидат сиромашни, предупредува ОН.
Подемот на температурата од 1,5 Целзиусови степени до крајот на овој век би можел да резултира со 2,2% намалување на работното време, што одговара на бројката од 80 милиони загубени работни места со полно работно време, според проекциите на Меѓународната организација на трудот (МОТ), во рамките на ОН.
Цената за глобалната економија ќе изнесува 2.400 милијарди долари, а луѓето не би можеле да работат поради  ризици по здравјето опд големите температури.
“Влијанието на топлинскиот шок врз продуктивноста на трудот е сериозна последица на климатските промени, што е поврзано со други негативни ефекти, како што се изменетите модели на врнежи, пораст на нивото на морињата и губење на биодиверзитетот”, рече Кетрин Саег од МОТ.
Светската здравствена организација објави дека климатските промени предизвикани од топлина ќе предизвикаат 38.000 смртни случаи годишно во светот помеѓу 2030 и 2050 година.
Ова  најмногу ќе ги погоди земјоделските работници, особено жените, кои сочинуваат мнозинство од 940 милиони работници во овој сектор, рече МОТ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×