Клуб на истражувачи на Народната банка
Објавено на од во НАУКА / ИНОВАЦИИ / БИЗНИС

Klub na istrazuvaci 920 WEB 01Промовирани два нови стручни труда во Народната банка

Клубот на истражувачи на Народната банка промовираше два нови стручни трудови – „Емпириско истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“ на авторот Татјана Бошков и „Мерење на ефикасност на банкарски филијали и рангирање на експозитури: повеќекритериумски пристап“ на авторот Виолета Цветкоска.

 

Истражувањето „Емпириско истражување за проценување потенцијална валутна криза: Македонија и Србија“ презентирано од Татјана Бошков е теоретска и емпириска анализа за потенцијална валутна криза во Македонија и Србија.

Истражувањето опфаќа мерење на повеќе индикатори (EMPI, STNR, MI, MOC, MOCC) во временски интервал од 2005 до 2016 година, чии вредности треба да укажат на можна дисторзија т.е. да придонесат за рана детекција на валутна криза во Македонија и Србија. Двете клучни прашања на кои е фокусирано ова истражување е дали постојат пореметувања во Македонија и Србија кои може да предизвикаат валутна криза и која генерација на модел на валутна криза би била најблиска за овие две земји.

„Добиените вредности на горенаведените индикатори преку примена на економетриски и статистички анализи, јасно укажа дека во овие две земји не се детектира валутна криза во временскиот интервал од 2005 до 2016 година. Поконкретно, Македонија е далеку од можноста за настанување на валутна криза, додека Србија двапати се доближува до алармантна зона – јуни 2011 и јули 2014“, истакна Бошков.

Одговорот на второто прашање, пак, е дека највисоките вредности на Индексот на притисок на девизен пазар за Македонија укажува на Првата генерација на модел на валутна криза.

„Избивањето на криза главно има врска со очекувањата и довербата на инвеститорите во Централната банка, да обезбедат фиксен девизен курс, како што во многу случаи недостатокот на таква гаранција довело до колапс на валутата. Највисоката вредност на ИПДП за Србија покажува дека можна валутна криза би имала карактеристики на Втората и Третата генерација кои се поврзуваат со креирањето “trade-off” меѓу краткорочната макроекономска флексибилност и долгорочниот кредибилитет; како и брзото влошување на билансот на состојба заедно со движењата на цената на средствата  вклучувајќи го и девизниот курс. Пример за таков модел е Азиската криза од 1990, каде големите разлики во билансот на состојбата на финансискиот сектор и корпорациите промовираат појава на валутна криза“, истакна авторот Бошков и додаде дека добиените резултати укажуваат на успешно водење на политиката на девизен курс од страна на монетарните власти во Македонија, односно НБРМ одржува стабилен фиксен девизен курс.

„Анализата потврди дека нашата Централна банка во последните години на турбулетно окружување како и de factо променетата финансиска слика (портфолио странски инвестиции, меѓународно кредитирање, трансфер на депозити со цел да се искористат разликите во каматните стапки  – финансиски текови кои не мора да се поврзат со меѓународната трговија)  спроведува успешна макроекономска политика, особено амбициозна задача со оглед на тоа што Македонија е мала и отворена економија, која е сензитивна на таквите случувања, истовремено конвергирајќи кон ЕУ”, изјави Бошков.

Klub na istrazuvaci 920 WEB 02

Истражувањето „Мерење на ефикасност на банкарски филијали и рангирање на експозитури: повеќекритериумски пристап“, на Виолета Цветкоска, доцент на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје покажа дека во спроведеното истражување во Комерцијална Банка АД Скопје се применува повеќекритериумското одлучување кое претставува релативно ново поле на дисциплината операциски истражувања.

„Поточно, се применува водечката непараметарска методологија анализа на обвиени податоци (Data Envelopment Analysis – DEA) за мерење на релативната ефикасност на филијалите на Комерцијална банка АД Скопје, како и најпознатата повеќекритериумска метода, аналитички хиерархиски процес (Analytic Hierarchy Process – AHP) за рангирање на експозитурите на Банката“.

Книгата “Applying multi-criteria decision making methods in banking: The case of Komercijalna Banka AD – Skopje” се состои од два дела. Првиот дел е насловен: „Мерење на релативната ефикасност на филијалите на Комерцијална банка АД Скопје: непараметарски пристап“. Во овој дел најпрво се поставени целите на истражувањето, а потоа е даден краток преглед на литература за примената на DEA во банкарски филијали. Потоа, посебно внимание ѝ е посветено на методологијата, т. е. на DEA, како и на DEA-техниката Window (прозорска) анализа која овозможува да се зголеми бројот на филијали, a и да се следи промената на ефикасноста на филијалите низ времето

Вториот дел од книгата е насловен: „Рангирање на експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје: повеќекритериумски пристап.“ Во овој дел фокусот е на една од најчесто користените методи за повеќекритериумско одлучување – AHP-методата. Оваа метода е применета за да се изврши рангирање на експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје кои се лоцирани во Скопје. Според бројот на активни шалтери, експозитурите на Банката се класифицирани во три групи и развиен е AHP-модел за нивно рангирање, а резултатите се добиени со користење на софтверската алатка SuperDecisions.  Потоа,  се презентирани и анализирани добиените резултати: тежините на критериумите и приоритетите на алтернативите, а на крајот на овоj дел е спроведена сензитивна анализа со користење на софтверската алатка Expert Choice.

„Добиените резултати од решавањето на DEA и AHP моделите беа презентирани и интерпретирани во Комерцијална банка АД Скопје и тие кореспондираат со фактичката состојба и со перцепциите на менаџментот. Затоа што информациите што се добиваат со решавање на развиените модели се особено вредни за донесување одлуки за успешно работење на оваа финансиска институција (идентификувани се релативно ефикасните и релативно неефикасните филијали, утврдени се износите и изворите на неефикасност, покажано е како можат релативно неефикасните филијали да ја зголемат ефикасноста, потоа може да се набљудува трендот, извршено е рангирање на експозитурите на Банката и преку спроведување сензитивна анализа утврдено е дека рангот на експозитурите е стабилен), се предлага тие да продолжат да се применуваат во Банката. Сметам дека ваквиот мултидимензионален пристап треба да стане практика во сите организации затоа што преку него тие ќе постигнат подобри резултати во работењето“, изјави авторот на книгата, Цветкоска.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×