КМВ и Пепси го купуваат српски „Књаз Милош“
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Чешката Карловарске Минералне Воде (КМВ), најголемиот дистрибутер на безалкохолни пијалаци во Централна Европа и ПепсиКо, светски производител на храна и пијалаци, кои работат во повеќе од 200 земји, се согласија заеднички да купат 100 отсто од сопственост во српската компанија Књаз Милош.
KNJAZ-i-MARINKOVICТаа трансакција вклучува купување производствени капацитети на компанијата Књаз Милош во Србија, како и добро позиционирани брендови како што се Књаз Милош, Аква Вива, Гуарана, Ремикс, Густо и други.
Се очекува трансакцијата ќе биде завршена во текот на третиот квартал од 2019 година, по процесот на одобрување од страна на антимонополските комисии на пазарите на Србија и Црна Гора, соопшти ПепсиКо. Компанијата ПепсиКо имаше повеќе од 64 милијарди долари нето приходи во 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×