Кочо Анѓушев, Фероинвест: Спасот е во извоз!
Објавено на од во Прогнози 2015

Кочо Анѓушев, сопственик и директор на групацијата Фероинвест  за Капитал вели дека и 205 година, исто како и 2014 година ќе биде тешка за бизнисот и единствениот спас компаниите треба да го бараат во наоѓање на нови пазари и поголем извоз

“Во 2015 година не очекувам некој поголеми разлики. Ќе биде исто така тешка година за стопанството. Во металната индустрија предизвик ќе биде колку што може повеќе да се бараат нови пазари, да се бараат нови партнери, дисперзија да се прави на производството и на ризикот и колку што може да се ориентира фирмата кон извоз. Ние сме веќе 96% ориентирани кон извоз и решението го гледаме само во извозот. Досега извезуваме во 19 држави и се надеваме дека следната година тој број ќе го зголемиме.

Што се однесува до енергетиката, снабдувањето и трговијата, ЕДС и тука гледа да го интензивира работењето и да не биде фирма која што работи само во Македонија туку и да работи интернационално во регионот. И тука сме среќни што ги имаме првите договори во регионот и во Хрватска и во Србија, Бугарија, Грција, Романија, Унгарија, со што веќе ЕДС дојде во позиција половина од своето портфолио да го има надвор од Македонија, што е значително и добро. Во таа насока го гледаме развојот во тој сектор.

Во однос на обновливите извори и проектите со малите електрани, гледаме да ги завршиме и пуштиме во употреба проектите од претходниот тендер кои што се веќе во крајна фаза и почнавме веќе да проектираме и вадиме документација за оние електрани каде што ги имаме ние како инвеститор, но и како изведувачи и испорачатели на опрема и организатори на проектите за други инвеститори. Имаме околу 12-13 проекти кои допрва ги почнуваме и ќе бидат во следните две до три години реализирани. Следната  2015 година ќе биде година на проектирање и припреми.

Не очекувам генерално ни повеќе ни помалку од 2014. Не очекувам така брзо да се релаксираат економските односи во Европа. Очекувам овој тренд на час рецесија, час мало зголемување да продолжи. Не очекувам некакви рапидни скокови бидејќи не гледам сила за таа работа, не гледам сила за голем пораст на суровините , едноставно мислам дека и во 2015 ќе имаме слична слика како и во 2014 година”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×