Кочо Анѓушев и официјално се врати на својот бизнис
Објавено на од во Компании
Од вчера, 14 јануари, до неодамна  вицепремиерот  за економски прашања е повторно запишан како управител на „ФероИнвест“
IMG_2244
До неодамна вицепремиер за економски прашања и потпретседател на Владата, Кочо Анѓушев, откако ја напушти оваа функција и најави дека ќе се врати на своите бизниси, од вчера и официјално е запишан како нов управител на „ФероИнвест“, на место на досегашниот директор Ратко Ѓоргиевски.
Анѓушев раководната функција во својата компанија ја беше ставил в мирување додека ја извршуваше вицепремиерската функција, која формално му престана на 3 јануари годинава, кога беше формирана техничката влада што треба да ги организира изборите закажани на 12 април.
Анѓушев се повлече од политиката со објаснување дека сака да се посвети на бизнисите коишто според него стагнирале заради неговиот ангажман во Владата.
„Земав обврска еден мандат да помогнам колку што можам. Мислам дека тоа го направив на начин на кој ценев дека е најсоодветен, меѓутоа се створи јаз од она што се создаде како перцепција во влијанието и евентуалниот конфликт на интереси, а од друга страна имаме нешто што е вистина и неа сите ќе ја видиме во февруари 2020 година“, рече во таа прилика Анѓушев како одговор на прашање околу профитот на неговите компании. Притоа објасни дека мисли на профитот за 2019 година којшто е намален, а не за 2018 –та, како што претходно му забележаа од опозицијата.
ФероИнвест е холдингот во којшто се обединети бизнисите на Анѓушев  и неговите партнери, основан во 2003 година, со околу 1.000 вработени во моментов. Се состои од неколку компании кои работат во металопреработувачката индустрија, индустријата за обновлива енергија (мали хидроцентрали)  и областите на проектирање и планирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×