Кочо Анѓушев: Македонските компании мора да растат преку извоз
Објавено на од во Интервју

Angusev 940 WEBКочо Анѓушев
вицепремиер задолжен за економски прашања

Специјалната едиција на Капитал Топ 200 најголеми и најуспешни компании која го анализира работењето на големите компании во Македонија покажува дека тие релативно стабилно ја поминале изминатата година во која Македонија беше во политичка криза. Но, ако резултатите на компаниите се споредат со оние од регионот, заклучокот е дека тие се многу мали и слаби. Со вицепремиерот во Владата Кочо Анѓушев разговаравме за тоа како македонските компании можат да станат поголеми и поуспешни и како економските мерки кои беа промовирани неодамна можат да им помогнат во таа мисија.

 

Неодамнешните мерки кои ги промовиравте имаат за цел да го зголемат економскиот раст и конкурентноста на македонската економија. Но, ниту една економија не може да расте и да биде силна, ако нема компании и индустрии кои имаат потенцијал да растат? Кој е патот македонските компании повеќе да растат?

Македонија e мала земја и ако сакаме да го зголемиме Бруто домашниот производ (БДП), мора да има извозно ориентирана економија. Бидејќи како земја со мал пазар, што и да направиме не може многу да го зголемиле БДП, бидејќи потрошувачката е мала и ограничена. Значи, ако сакаме да го зголемиме БДП, мора да градиме извозно ориентирана економија и компаниите кои ќе извезуваат. Во моментот извозот во БДП учествува со 50% до 53%, а доколку сакаме да оствариме раст на БДП од 5% до 6%, што е таргет на оваа Влада, во тој случај мора извозот во БДП да учествува со 65% до 70%. Тоа значи дека Македонија како држава мора да стимулира извозно ориентирани компании. Оттука, главниот одговор на вашето прашање е дека македонските компании можат да растат и станат поголеми само преку извозот.
Тргнувајќи од овој постулат се креирани сите мерки за економски раст кој ги предложи Владата и кои моментално се на разгледување пред целата стручна  јавност. Имаше досега неколку дебати и добивме многу предлози и коментари, кои главно се позитивни и поддржувачки за целата економска програма. Нема да навлегувам сега во оваа прилика во детали, бидејќи бизнис заедницата е веќе запознаена со нејзината содржина. Она што сакам во оваа прилика уште еднаш да го потенцирам дека таа е транспарентна и дека во иднина нема да има преговори и договори помеѓу државата и одделни компании,л туку по однапред и точно дефинирани критериуми сите компании ќе можат да аплицираат и да бидат поддржани. Втората карактеристика која што сакам да ја потенцирам е дека се поддржуваат резултати. Односно на поддршка од државата ќе можат да сметаат само компаниите кои имаат добри резултати, бидејќи ние како Влада веруваме дека економскиот раст во државата можат да го носат само тие компании кои знаат што прават парите и сите други ресурси. Ова е така од многу едноставна причина. Ако тие компании знаеле досега како да управуваат со своите пари и ресурси, сигурно ќе знаат како најдобро и најефикасно да ги потрошат парите кои државата планира да ги одвои од буџетот за поддршка тие да станат поголеми и повеќе да инвестираат и вработуваат. Во таа смисла со мерките кои ги предложивме сакаме да ги поддржиме тие компании кои и досега растеле и биле успешни, да станат уште поголеми и поуспешни. Заради тоа што македонските најголеми и најуспешни компании иако се големи успешни во Македонија, кога ќе ги споредиме со компаниите во регионот тие се мали. Затоа мора и како државата да создава,е услови и да стимулираме растење на домашните компании и да промовираме нивно поголемо регионално учество. Кога зборувам за поголемо регионално учество на македонските компании не мислам само на поголем извоз, туку мислам и на аквизиции и преземање на компании од регионот од страна на македонските компании. Доколку има заинтересирани македонски компании да купуваат фирми надвор од Македонија во некоја од земјите во регионот, ние ќе ги поддржиме. Аквизициите се исто така еден начин преку кој компаниите можат да растат. Но, не треба да се претерува и вештачки по секоја цена да се расте. Видовме Агрокор како заврши. Растењето сепак треба да биде поставено на економски основи. Затоа ние мерките ги поставуваме и инсистираме првин за да видиме реални резултати за да ја поддржиме некоја компанија во нејзините цели.

Економските мерки можеби нема да бидат подобри за компаниите инвеститори од Белизе, но за оние сериозни инвеститори кои покажуваат добри резултати, поддршката од државата би можела да биде и поголема од досега. 

Во која фаза се мерките? Кога тие ќе бидат операционализирани и ќе можат компаниите да ги користат?

Што се однесува до стадиумот во кој сега се наоѓаме, мерките се во фаза на разгледување. Работи посебна комисија во состав на Владата, која ја раководам јас, а учествуваат и министерот без ресор за странски инвестиции, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, директорот на Иновацискиот фонд, директорот на Агенцијата за претприемништво. Тие мерки сега се преточуваат во конкретна програма, во која тие ќе бидат подетално објаснети и поедноставени и ќе бидат објавени во форма на владина економска програма. Таа програма ќе биде објавена до крајот на ноември. Размислуваме и за тоа како имплементацијата на мерките да ја направиме да биде што поедноставна за фирмите, за да не мора тие да ангажираат посебни консултанти за да аплицираат.
Компаниите ќе можат да аплицираат од март 2018 година со резултатите кои ги постигнале во фискалната 2017 година.

Имате ли информации подетални колку ќе го чини Буџетот имплементацијата на овие мерки?

Во моментот правиме симулации колку би чинела имплементацијата на мерките кога според постојните завршни сметки за 2016 година би аплицирале сите компании за мерките. Исто така, правиме и уште една друга симулација. Бидејќи мерките на еден начин наидоа на критики во јавноста, посебно од опозицијата, дека ќе ги исплашат и избркаат странските инвеститори, бидејќи нема да бидат доволно атрактивни. Напротив, јас сметам дека ќе бидат поатрактивни од постојните субвенции. Втората симулација ја правиме кога овие мерки кои ние ги предлагаме би се примениле на постојните странски инвеститори кои веќе работат во Македонија. Единствената разлика е што мерките се транспарентни и важат за сите компании, без разлика дали се домашни или странски инвеститори. Сакам уште еднаш да потенцирам дека ние не ги разликуваме и делиме компаниите на домашни и странски. За нас како Влада сите компании кои работат во Македонија се македонски. Единствено што може да биде  различно е државјанството на нивните сопственици. И оваа симулација покажува дека за некои од странските инвеститори кои добро работат поддршката би била дури и поголема. Овие мерки можеби нема да бидат подобри за компаниите инвеститори од Белизе, но за оние сериозни инвеститори кои покажуваат добри резултати, поддршката од државата би можела да биде и поголема од досега.

Angusev 940 WEB 03Aко сакаме да го зголемиме БДП, мора да градиме извозно ориентирана економија и компаниите кои ќе извезуваат. Во моментот извозот во БДП учествува со 50% до 53%, а доколку сакаме да оствариме раст на БДП од 5% до 6%, што е таргет на оваа Влада, во тој случај мора извозот во БДП да учествува со 65% до 70%. Тоа значи дека Македонија како држава мора да стимулира извозно ориентирани компании. Оттука, македонските компании можат да растат и станат поголеми само преку извозот.

Последната едиција Топ 200 најголеми и најуспешни која ја издава Капитал покажува дека изминатата година, како и претходните неколку години најголем раст на приходите и профитабилноста имаа компаниите од градежната индустрија и странските инвеститори. Во контекст на мерките кои ги предлагате, кои се индустриите кои имаат потенцијал и очекувате дека можат да го повлечат растот на економијата?

Кога зборуваме за најголем раст на приходите и профитите на некои компании или индустрии треба да се разгледува и импактот кој го имаат врз БДП и врз целата економијата. Ако растот се гледа само како раст на нивниот приход, тоа за мене не е значаен раст. Заради тоа што не создаваат никакво влијание врз економијата. Точно е дека во изминатите неколку години најголем раст во Македонија имаше градежништвото. Но, во изминатите неколку години во Македонија се градеа секакви објекти и издржани и неиздржани. Во растот на градежништвото влегуваа и спомениците и фасадите, кои реално немаат никаква издржливост, ниту пак, имаат некакво влијание врз економијата. За мене градежништвото прави некакво влијание врз економијата ако се гради инфраструктура, железница, гасоводи, енергетика…На тоа ќе продолжиме да бидеме посветени. Меѓутоа, ако за да го дигаме БДП ние требна да градиме споменици, фасади и секакви неодржливи градби, тогаш ако треба нека има и пад во градежништвото. Таквите политики даваат краткорочно убави бројки за раст, но долгорочно остава катастрофа во економијата. Тоа е неодржлив пристап и начин на водење на економска политика. Прифаќам дека градежништвото е важна гранка бидејќи стимулира и други индустрии и ние и понатаму ќе продолжиме да го стимулираме, но само во делот на инфраструктурни проекти од кои корист ќе има целата економија. Во тој дел ќе се меша државата, а се останато си е работа на приватниот сектор.

Што се однесува до индустријата, ќе гледаме која е таа индустрија која има реален импакт врз економијата и врз БДП. Точно е дека ако гледаме математички Џонсон Мети е најголема компанија со најголеми приходи. Но, ако во ист контекст го разгледувате и извозот и увозот на Џонсон Мети, и ако на тоа се надоврзе дека соработката на компаниите од зоните со домашната економија е помала од 1%, тогаш ефектите врз економијата се мали.
Економските мерки за оваа влада се насочени кон зголемување на соработката со домашната индустрија и ко привлекување на странски инвеститори кои имаат потенцијал за поголема соработка со домашните компании и кои можат да користат повеќе суровини од Македонија. На тој начин ќе се поттикне да расте и домашната индустрија.

Цело време некако дебатата се насочува кон тоа како државата може да им помогне на компаниите да работат подобро. Но, што останува компаниите самите да сработат за да бидат подобри?

Прво мора да се подобро работењето на менаџментот на компаниите. Во насока на тоа да бидат поотворени и поагресивни кон странските пазари, почесто да го поминуваат Табановце во текот на годината и да летаат со авион до подалечни дестинации. Не можете да седите тука во Македонија и некој да дојде и да ви побара нешто да му продадете. Државата не може да им биде комерцијалист на приватните компании. Државата може да помогне во својот дел. На пример, да ја засили економската мисија на дипломатијата и улогата на економските аташеа. Но, тие пред се мора да ја познаваат македонската економија, што таа работи и произведува, за да можат да бидат поддршка на компаниите.
Македонските менаџери мора да бидат од помладата генерација, да се добро едуцирани, отворени кон светот и мора да бидат проактивни, зашто Македонија има што да продаде, само треба да има добри продавачи.

Државата може да помогне и да ги поддржи да инвестираат, да вработат луѓе, да остварат први контакти, но оттука натаму, останатата работа, мора сами да ја завршат.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×