Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања: Очекувам поголем раст од предвидените 3,2% во 2018 година
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018

 

Kapital -  (1)Кочо Анѓушев
заменик претседател на Владата за економски прашања

Македонските компании во 2018 година, по доставување на завршните сметки до крајот на февруари, согласно остварените резултати во 2017 година, ќе може да аплицираат за некоја од новите владини мерки како државна помош. Се надевам дека домашните фирми ќе ја препознаат оваа можност што една Влада им ја дава прв пат, државата да им биде партнер во нивните инвестициски циклуси.
Ги охрабрувам бизнисмените да ги планираат овие мерки во своите планови за 2018 година, и тоа поврат на 10% од оправданите инвестициски трошоци на секоја компанија што ќе инвестира во Македонија, до 20% за инвестиции во извозно ориентираните компании, а дури до 30% за оние што ќе инвестираат во компании со извоз доминантно во регионот.

 

Оваа 2017 година завршува со резултат кој покажа дека Бруто домашниот производ (БДП) стагнира и има повеќе причини што доведоа до тоа. Прво, економската активност во првите неколку месеци од годината се уште се одвиваше во услови на политичка криза, којашто имаше негативни ефекти врз бизнисот. Дополнително, со промената на власта, некои проекти навистина беа запрени.

Кога зборуваме за Бруто домашен производ и неговата стагнација, мора да ја анализираме и неговата структура, односно прецизно да лоцираме кои сектори довеле растот да забави. Таквата анализа покажува дека всушност само градежништвото како сектор бележи намалување за околу третина во споредба со годината претходно, додека, пак, кај останатите сектори што се носители на БДП, е евидентиран пораст.

Со други зборови, БДП статистички стагнира само поради забавувањето на некои градежни работи. Но, кои градежни активности се всушност забавени?! Ако треба како држава да се задолжуваме со кредити за да финансираме некои градежни проекти како во минатото, како на пример, споменици, фасади, панорамски тркала и слично само за да прикажеме статистички раст на економијата, а цената за тоа да ја плаќаат во иднина нашите поколенија, јас јавно кажувам дека прв ќе се спротивставам на таквите политики.
Таквиот економски раст е непродуктивен и како последица остава задолжувања кои што нема од што да се отплатат.

Освен тоа, годинава забави и изградбата на два клучни автопати и тоа не по волја на Владата. Еден од овие два автопати, од Кичево до Охрид бил граден на сила, без соодветни проекти и за тоа јавноста е веќе информирана. Несфатливо е како е можно да се гради еден таков автопат, без притоа да биде проектирана ниту една клучка кај ниедно населено место што значи дека нема можност луѓето што живеат во градовите долж автопатот, да се приклучат на автопатот. Има и низа други сериозни проблеми и пропусти при изградбата на овие автопати, со пробивањето на тунелите, свлечиштата, водата и слично и поради тоа овој проект мора да претрпи промени што ќе значи и мало одолговлекување на реализацијата.

Уште еден голем проблем во економијата годинава, е и неработењето на една од најголемите компании во земјава, Фени. Некој претходно две години го толерирал таквото менаџирање со оваа компанија која што впрочем не достави ниту завршна сметка за 2016 година. Неработењето на оваа голема компанија исто така остави последици врз економската активност.

Генерално, наследивме економија водена на пи – ар основа, којашто решивме да ја реорганизираме. Таа реорганизација доведе до мал застој, којшто полека го надминуваме. Компанијата Фени очекувам дека ќе проработи до крајот на јануари, но до средината на 2018 година ќе се рестартира и производството во Југохром, каде што интензивно се гради филтерот.
Продолжува изградбата и на инфраструктурата. Интензивно се гради автопатот Миладиновци – Штип,  а очекувам дека многу брзо ќе забрза и изградбата на автопатот Кичево – Охрид.
Би сакал да истакнам дека следната 2018 година многу поинтензивно ќе се гради железничка инфраструктура, особено пругите од Коридорот 8 кон Бугарија и кон Албанија.

Сите овие активности, како што е проектирано и во Буџетот со зголемување на капиталните инвестиции, очекувам дека градежништвото како сектор ќе оствари поголем раст. Притоа, тој раст нема да биде производ на непродуктивни проекти, туку напротив, на капитални инвестиции што имаат долгорочни позитивни ефекти врз економијата.

Владата во 2018 година ќе почне да ја применува и новата индустриска политика преточена во неколку мерки за приватните компании. Веќе го промовиравме Планот за економски раст кој што предвидува низа мерки за бизнис секторот. Македонските компании во 2018 година, по доставување на завршните сметки до крајот на февруари, согласно остварените резултати во 2017 година, ќе може да аплицираат за некоја од новите владини мерки како државна помош. Се надевам дека домашните фирми ќе ја препознаат оваа можност што една Влада им ја дава прв пат, државата да им биде партнер во нивните инвестициски циклуси. Ги охрабрувам бизнисмените да ги планираат овие мерки во своите планови за 2018 година, и тоа поврат на 10% од оправданите инвестициски трошоци на секоја компанија што ќе инвестира во Македонија, до 20% за инвестиции во извозно ориентираните компании, а дури до 30% за оние што ќе инвестираат во компании со извоз доминантно во регионот.

Буџетот за следната година предвидува зголемување за речиси 50% за економска поддршка, а од друга страна непродуктивните трошоци ги скративме за над 90%.

Се’ на се’, гледајќи ја основата на економскиот развој на земјава следната година, очекувам дека предвидениот раст од 3,2% ќе го надминеме.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×