Кочо Анѓушев: Растењето на компаниите ќе биде најголема помош за семејствата и синдикатите
Објавено на од во Економија

Новиот вицепремиер за економија Кочо Анѓушев по изборот на новата Влада во Собранието најави дека економските политики на власта во следниот период ќе имаат за цел да обезбедат услови за поголем раст и извоз на македонските компании.

Angusev 1“Што се однесува до економските политика на Владата можам да кажам дека нив ќе ги почуствува секое домаќинство. Тоа можеме да го направиме преку тоа што ќе обезбедиме услови за растење на македонските фирми. Растењето на македонските фирми ќе биде најголема помош и за домаќинствата и за синдикатите. Ќе има заедничка борба за подобар економски просперитет за сите во Македонија”, изјави Анѓушев по изборот на новата Влада во изјава за ТВ Телма.

Анѓушев вети дека новата влада ќе се бори сите македонски фирми да растат, да бидат регионално, да бидат извозно ориентирани, да прават производи со поголема додадена вредност. “Само на тој начин компаниите ќе можат да вработат нови и млади луѓе, да поделат повисоки плати. На овој начин ќе бидат и синдикатите задоволни”, изјави Анѓушев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×