Кои ќе бидат министрите во новата влада, односно, кои се шпекулациите?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Денеска мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, ги почнува интензивните преговори со лидерите на партиите од парламентарното мнозинство, и додека, барем во јавноста, сѐ уште не се знае ниту на која партија кои ресори ќе ѝ припаднат, веќе се шпекулира за имињата на идните министри.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, се смета дека ќе даде оставка на партиската функција за да стане министер за внатрешни работи, доколку неговата партија го добие овој ресор.

За Министерството за финансии очекувањата се дека ќе го преземат или Кире Наумов или Драган Тевдовски. Во случај да не биде министер за финансии, Наумов, велат шпекулациите, може да стане вицепремиер за економски прашања, што е позицијата за која во игра е и бизнисменот Кочо Анѓушев.

Љупчо Николовски се споменува како можен министер за земјоделие, но, ако сепак остане пратеник, а Спасовски стане министер за внатрешни работи, тој е опција за нов генерален секретар на СДСМ.

Во ресорите поврзани со евроатланските интеграции – Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана, како и вицепремиерското место за европски прашања, очекувањата се дека кадровските решенија ќе бидат Никола Димитров, Теута Арифи и Радмила Шекеринска.

Ако Министерството за правда го добие СДСМ, се шпекулира дека партијата за оваа позиција ја планира Рената Дескоска, а ако кај ДУИ остане Министерството за економија, за изгледно решение се смета Изет Меџити.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×