Кои нови бизниси имаат најголема шанса за преживување
Објавено на од во луѓе и компании

tema-prezivuvanje-WEBВо Македонија ординациите и аптеките најжилави

Речиси 80% од новоформираните фирми во земјава ја преживуваат првата година, но само 43% функционираат и после пет години, покажува државната статистика. Најиздржливи се фирмите отворени во здравствениот сектор, а најмногу пропаѓаат управувачите со отпад.

 

Нешто помалку од половина, поточно 43,2% од новосоздадените компании во 2009 година во Македонија сè уште биле активни во 2014 година, покажаа неодамна податоците на Државниот завод за статистика. Значи нешто послаба стапка на преживување во однос на светскиот просек: според неколку извори (Forbes, Gallup…) во светски рамки околу 50% од новите компании пропаѓаат во првите пет години. Околу 75% од стартапите ја преживуваат првата година, 69% првите две, итн.

Во Македонија државната статистика измерила дека 79,4% од новоформираните фирми ја преживуваат првата година, 52,6% првите две, 48,1% првите три, 37,6%првите четири години…

Гледано по бизнис сектори, првата година ја преживеале најмногу фирми отворени во здравствената и социјалната заштита, 92,8%, Трговијата на големо со информатичко-комуникациска технологија, 91,7%,  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа, 91,4%, Финансиски дејности и дејности на осигурување, 90%, итн.

Кога станува збор, пак, за првите пет години, исто така најмногу преживуваат компаниите од здравствената дејност, со 79,5%. Во случајов, оваа дејност води убедливо пред другите, високо над просекот на целата економија од 43,2%. Втората според стапката на преживување е дејноста Стручни, научни и технички дејности, со 56,9%, Снабдување со ел.енергија и гас, со 56,5%, ИКТ трговија на големо, со 56,3%, итн. Најмногу фирми пропаднале, односно најмалку ги преживеале првите пет години  во секторите: Снабдување со вода; управување со отпад и санација на околината, со само 27,9%, Уметност, забава и рекреација со 29,8% и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 30,4%.

“Во здравствената заштита влегуваат голем број приватни лекарски ординации и аптеки, а особено голем број ординации отворија матичните лекари откако законски се префрлија во приватниот сектор. Исто така, тука влегуваат и приватните лаборатории за био- хемиски анализи и слични организации, кои што во принцип, бележат брз, но и стабилен развој“, вели проф. Радмил Поленаковиќ, раководител на Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, кој што има големо искуство во работата со стартапи и нивна поддршка.

Тој смета дека не е чудно што овој сектор има речиси двојно поголема стапка на преживување во однос на просекот на целата економија.

“Се работи за гранка која што опфаќа грижа за здравјето, луѓето мора да одат на  лекар, да купат лекови, пазарот е сигурен, ако така може да се каже.“

Слушајте паталец, не гаталец

Иако фактот дека имате 50% шанси да ги доживеете првите пет години не звучи претерано охрабрувачки, работата е во тоа што не морате с$ да и препуштите на веројатноста. Прашавме неколку млади македонски претприемачи кои што ги преживеале првите критични години  за тоа што треба, а што не смеете да правите доколку сакате и вашиот стартап да ги следи нивните стапки.

Во ситуација во која што не ви е потребен кредит или не мора да барате инвеститори, се чини дека е едноставно да ја прескокнете изработката на бизнис планот, или да го оставите тоа за подоцна. Меѓутоа, пишувањето на бизнис планот е извонреден начин јасно да ја дефинирате сопствената визија. Во секој случај, ќе би помогне да одговорите на некои битни прашања: Што се обидувам јас да решам? Чии животи сакам да ги унапредам? Кои се реалистичните рокови за поедини почетни фази на работењето?

“За мене најголемата грешка која ја направив на почетокот беше недоволно добро

планирање на буџетот со кој што располагав и осмислување на самата реализацијана проектот.. Иако имав подготвено детален план, сепак не посветив доволновреме на разработка на секој детаљ и негово реализирање ..“, ни раскажа сопственичка на онлајн продавница за модни додатоци.

Таа вели дека доколку незнаете да изработите добар маркетинг план, добро е  да платите на некој што тоа може да го направи тоа за вас – консултант или специјализирана компанија..

„Апсолутно е неопходно да ги знаеш ситедетали за својот таргет пазар и навиките на твоите купувачи,за да можеш да имго продадеш она што твојата компанија го нуди.“, вели нашата соговорничка.

Првите пари вложете ги веднаш назад во компанијата

Професорот Поленаковиќ, вели дека според неговото искуство со младите стартапи во Центарот за претприемачко учење, најчестата грешка што ја прават новите компании е недоволно дефинираниот пазар на кој што треба фирмата да излезе.

“На почетокот амбициите се големи, но ако не е добро таргетиран пазарот , се прават грешки. Не може една фирма да зависи од два-три тендери за некакви јавни набавки и сл., туку мора да излезе на пазарот и да успее со квалитет“, вели Поленаковиќ.

Многу претприемачи почетници пропаѓаат затоа што им снемува пари, па затоа почетните трошоци треба да ги одржувате на што пониско ниво. Вработете ги само оние без кои што никако не можете. Ако канцеларијата не ви е потребна, во прво време избегнете ја. Генерално, парите трошете ги на работи кои што навистина ви требаат, наместо на нешта за кои што вие мислите дека ви требаат.

Млад претприемач од Скопје, кој што ја тера веќе третата година со својата компанија за дигитален маркетинг, вели дека трошоците на почетокот треба да се сведат на минимум, а најдобро е да се почне од дома, ако природата на бизнисот го дозволува тоа.

“И јас како и многу други основачи на стартапи  на почетокот мислев дека ќе биде доволна само една година за да застанам на нозе, но искуството ми покажа дека се потребни барем три години. Така што, со контролирано трошење најважно е да се издржи што подолг период.“, вели нашиот соговорник.

Кога од платена работа ќе преминете во претприемачки води, тешко е да се откажете од стабилноста на платата. Меѓутоа, првите пари до кои што ќе дојдете, најдобро е да ги вложите назад во компанијата, производот и маркетингот.

Ако се работи за некој посложен сервис или продукт за кој е потребно подолг период за развој можеби треба да се размисли и за некој проект (side project) кој нема да биде поврзан со идејата за бизнис се со цел да се покријат трошоците за да се издржи што подолго на пазарот.

Третина од трошоците да се за маркетинг

Во првата година од работењето бидете селективни околу тоа на што го трошите времето и ресурсите. Не морате да ја прифатите секоја работа што ќе наиде. Пред прифаќањето на секоја бизнис понуда размислете дали тоа се вклопува во вашиот долгорочен план.

Вашата основна цел треба да биде да му помогнете на крајниот потрошувач. Прилагодувајте се на нивните потреби и желби и земете ја предвид секоја повратна информација. Потребно ви е вистинско истражување и проучување што точно му треба на клиентот или купувачот. Овде не се мисли на про-форма истражувања со здодевни  прашалници. Се мисли на експериментирање и трошење на пари за правење на грешки врз основа на кои ќе се подобри услугата/продуктот.

Исто така, секој претприемач на почеток треба да испланира и средства за маркетинг, и тоа 30% од планираните трошоци треба да ги одвои за таа намена. Обично, овој дел не се предвидува,  па понатаму излегува како дополнителен трошок. Бидејќи најверојатно ќе немате пари за традиционалните форми на маркетинг, дигиталниот маркетинг е еден од поевтините начини за микро и мали бизниси да можат да го прошират гласот за своите производи на поголем број на луѓе.

Треба убаво да се разбере и каква е културата на секоја социјална мрежа. На Facebook луѓето се однесуваат и комуницираат на еден начин, а луѓето на Twitter или Instagram на друг. Одредете каде се луѓето од вашата таргет група и појавете се на таа социјална мрежа. Бидетеинтересни таму и едуцирајте, покажете вредност за да им се допаднете и добиете доверба.


Грешки што ги чинат живот компаниите

Да го измамиш партнерот – доколку сопственикот или сопственичката не се ожениле или омажиле богато, туку бизнисот го изградиле во брак, треба да се избегнува секаков вид занемарување на поубавата или посилната страна, затоа што развод може да го уништи бизнисот.

Ортачки  бизниси – кога ќе стивне еуфорија поради првичните успеси и кога секој ќе започне да ги тегне конците на своја страна, често сето тоа завршува со раскинување на партнерството и со пропаст на фирмата.

Испумпување пари од компанијата – купување скапи предмети за приватни потреби на сопственикот за сметка на нова машина, хала, маркетинг или плати.

Преголемо инвестирање во рамки на една активност, неусогласено со потребите на пазарот.

Презадолжување, особено кога се работи за краткорочни кредити за долгорочни проекти

Конзервирање на фирмата и брендот, и необрнување внимание на пазарните промени

Расплинување  на многу страни, влегување во ризични бизниси, поради поголеми профити, без оглед на тоа што тоа нема врска со работата врз која се гради успехот и името на компанијата.

Запоставување на потребите на вработените, посебно оние најквалитетните, заради што тие во трк прифаќаат сè што им се чини подобро.

Слаба  контрола врз вработените, кои што  за кратко време може да направат непоправливи пропусти или намерни прекршоци како што се ставање вода во пиво потплатени од конкуренцијата .

Грешка над грешките, во Македонија ретко кој може да ја избегне- кога една компанија ќе порасне до толку да  што ги прераснува капацитетите на  еден човек, сопственикот би требало да се повлече  и да ја препушти работата на професионалните менаџери. Во спротивно, во најголем број случаи, компанијата ќе “изгасне” кога и сопственикот, а тоа се случува често и многу порано.


 tema-prezivuvanje-WEB-01Во Македонија нема амбиент за “втора шанса“
Неуспехот да се искористи како знаење

Професорот Поленаковиќ вели дека неуспехот на еден бизнис не треба да се сфаќа како нешто срамно.
„Во Македонија сè уште нема развиено клима за ‘втора шанса’, како што е тоа случајот во ЕУ или САД. И светски познати милијардери пропаѓале по 2-3 пати во бизнисот, па не е крај на светот. Напротив, на Запад искуствата на тие што не успеале се корисни, исто како и на оние што успеале, па неретко овие првите им даваат совети на младите претприемачи, за тоа што не треба да прават ако не сакаат да пропаднат“, вели Поленаковиќ.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×