Кои се 5-те точки околу кои запна Договорот од Пржино?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Од 6-ти октомври кога истекуваше последниот рок, четирите најголеми партии, да се договорат околу изборниот законик, преговорите за надминување на политичката криза во земјава земаа надолен тек. Рокот за изборниот законик беше пробиен, а после неуспешните преговори од вчера, пробиен е и рокот околу изборот на нови министри и заменици- министри утврден со Договорот од Пржино.

Капитал ги сумира спорните точки во сегашните преговори:

  1. Место 14 члениот тим кој го избра специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, Советот за јавни обвинители одобри само седум. Во меѓувреме партиите дел од преговорите испратија писмо до Советот со барање да се одобри целиот тим на специјалната обвинителка. Деновиве се очекува одлуката на Советот, која веќе два дена се одложува
  2. Партиите не успеаја да се договорат и околу новите министри и заменици министри во владата. Согласно договорот до 20-ти октомври партиите требаше да ги изберат новите министри за внатрешни работи  и  труд и социјална политика кои доаѓаат на предлог на СДСМ. Истовремено требаше да се договорат и новите заменици за вантрешни работи и труд и социјална политика кои се предлог на ВМРО-ДПМНЕ и заминиците на министрите за финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација кои се предлог на СДСМ
  3. Од ВМРО-ДПМНЕ  сметаат дека новите министри треба да имаат ограничени овластувања поврзани со изборите, од СДСМ пак бараат тие да ги имаат сите надлежности и ингеренции кои ги има и сегашниот министер. Во Договорот пишува: „овие заменици-министри ќе имаат полно право на преглед и вето во нивните министерства во сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите. Сите горенаведени нови министри и заменици- министри ќе останат на своите позиции во новата влада“.
  4. СДСМ обвинува и дека во преговорите поважно за владејачката партија било да се обезбеди закон со кој ќе се стави забрана за објавување на „бомбите“ од страна на опозицијата и истите да не се користат во време на предизборна кампања
  5. ВМРО- ДПМНЕ пак, тврдат дека преговорите не запнале околу Законот за забрана на бомбите, туку околу барањата на лидерот на опозицијата Зоран Заев за надлежностите на новите министри, кои според владејачката партија ги надминуваат оние дадени со договорот од Пржино

Откако партиите не постигнаа консензус согласно роковите од Договорот од Пржино, и еврокомесарот Јоханес Хан кој долета во Скопје со цел да помогне во преговорите, и амбасадорот на САД, Џес Бејли поединечно изразија длабоко жалење за неспособноста на политичарите да обезбедат договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×