Кои се десетте најпосетени музеи во светот? Најславниот Лувр не е прв
Објавено на од во lifestyle

Националниот кинески музеј, во Пекинг, е најпосетен музеј на светот, покажуваат резултатите за посетеноста на музеите во светот во 2016 година, што ги објави меѓународната организација Themed Entertainment Association. Музејот во Пекинг, основан во 2003 година, лани го посетиле 7 милиони и 550 илјади луѓе. Настанат е со спојување на Националниот музеј на кинеската историја и Националниот музеј на кинеската револуција.

Во 2016 година посета во музеј оствариле вкупно 107,8 милиони луѓе, што е за 1,3 милиони повеќе отколку во 2015.

Втор по посетеност е Националниот музеј за аеронаутика и вселена во Вашингтон (го поседува и авионот на браќата Рајт од почетокот на 20 век), со 7 милиони и 500 илјади гости. l

Трет е Лувр во Париз, најголемиот и најславен музеј, со 7 милиони и 400 илјади посети, но за него интересот опаднал за 14,9%.

Следат (од четврто до десетто место): Националниот музеј на историјата на природата во Вашингтон, Метрополитен музејот во Њујорк, Британскиот музеј во Лондон, Музејот на науката и технологијата во Шангај, Националната галерија во Лондон, Ватиканскиот музеј и Галеријата Тејт Модерн во Лондон.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×