Кои се најбрзо растечките компании во Европа?
Објавено на од во hi-tech & business

deliveroo2-796x448Прва е британска компанија што го трансформирала начинот на испорака на храна и го преобликува ресторанскиот бизнис, втор е германски енергетски стартап – пионер во дигиталната револуција кај системите за греење, а трета е шпанска компанија од секторот туризам и патувања

На листата на Financial Times за најбрзо растечки компании во Европа, првото место ѝ припаѓа на компанија од секторот испорака на храна. Тоа е британската Deliveroo, основана во 2013 година, а забележана како тркач кој од основањето имал просечен годишен раст од 900% и достигнал 1.000 вработени. Секако, нема да можат вака да растат вечно, но од Deliveroo тврдат дека го трансформирале начинот на кој се испорачува храна, и оти, ни помалку ни повеќе, го преобликуваат ресторанскиот бизнис.

Работат во над 100 градови во Велика Британија, со најдобрите ресторани, и уште во толку градови во странство, а меѓу вработените имаат и армија софтверски инженери (на своите интернет страници имаат, освен блогови за храна, и такви за софтверџии, врзано со нивната апликација).

За нив храна во Британија возат дури 15 илјади доставувачи, а тврдат дека јадењето ќе ви го испорачаат во рок од, просечно, 32 минути. И, иако е во прашање испорака на храна, се претставуваат како успешна технолошка бизнис приказна, која, заедно со основачот, всушност дошла од Њујорк.

Во Лондон тогаш наводно било скоро невозможно да се порача на домашна адреса јадење со врвен квалитет. Приходите во 2016 година им биле околу 160 милиони евра. На листата на оние кои се занимаваат со храна и со пијалоци, вкупно има 37 компании.

Втор на листата на FT е германскиот енергетски стартап Thermondo, основан во 2012 година (тврдат дека се пионери на дигиталната револуција во системите за греење) и имаат приход поголем од 20 милиони евра и 300 вработени. Трета компанија која најбрзо се развива во Европа е шпанската Traventia Viajes, од секторот туризам, односно патувања. На оваа листа (туризам, патувања) има вкупно 27 компании, од кои десет се од Шпанија, а седум од Британија.

40Инаку, последен на листата од 1.000 компании е ресторанот Bioburger од Франција, со раст од 144% во периодот на следење, односно со најнизок просечен годишен раст од 34,6%.
Оваа листа, секако, не е целосен приказ на брзите европски компании, зашто кандидати има уште, само не сите одлучиле да ги објават своите податоци, или едноставно не им е важно да се покажат на ваков начин, кој, во основа, најмногу може да послужи за рекламни цели (компаниите не плаќаат „влезница“ за да се најдат на FТлистата, но можат потоа да купат официјален „жиг“ што ќе го ставаат на промо материјалите и на интернет страниците), но може да се спомене во некоја објава во својство на престиж, имајќи предвид дека британскиот весник листата ја објавува како дел од специјален извештај во печатена и во интернет верзија, за кој тврди дека е одработен со класични, независни новинарски методи.

Критериумите на FТ, имено, се следниве: можеле да влезат оние кои во 2013 година имале приход од најмалку 100 илјади евра, а во 2016 година барем 1,5 милиони евра, и ако овој раст примарно бил органски.

На листата FT 1000: Europe’s Fastest Growing Companies 2018, има три хрватски технолошки компании: Rimac Automobili (144 место), потоа загрепскиот производител на мобилни игри Nanobit (488) со подружници во Букурешт и Будимпешта, како и софтверската компанија Infinum (508) со канцеларии во Љубљана, во Њујорк и во Сан Франциско.

Rimac Automobili во периодот што го следел FT пораснеле 854% (просечниот годишен раст е 112%), Nanobit 331% (просечно 62,7%), a Infinum 319 % (просечен годишен раст 61,3%).

На листата на Financial Times во секторот каде што се сместени Rimac Automobili, рангирани се вкупно 27 компании, од кои 17 од Германија, а само пет растеле побрзо од хрватскиот стартап. Притоа, бројките на кои се базира статистиката се од крајот на 2016 година, а Rimac во меѓувреме напредуваше. На крајот на 2016 компанијата имала 164 вработени, а моментално се околу 350, а како што објави директорот за развој на компоненти во Rimac, Матија Грацин, тие до 2020 година планираат да пораснат за 1.000, па дури и за 1.200 вработени на неколку локации, што ја покажува јасно вртоглавата динамика што владее во брзорастечките компании.

Интересно е дека во секторот индустрија за игри, каде што е хрватски Nanobit, се рангирани само девет компании, при што најбрзо растечки е CD Projekt од Полска, со раст од 178,4% годишно, а бројот на вработени пораснал за 141, на вкупно 214. Во секторот технологија моментално најбрзорастечката компанија е од Франција, и се вика SendinBlue, која од 2013 година растела просечно годишно 260%. Тие смислиле дигитални маркетинг алатки, ги сместиле во cloud, и моментално нив ги користат, како што SendinBlue тврди на своите страници, околу 50 илјади растечки компании низ светот.

Слично рангирање, за истиот период, пред неколку месеци објави и консултантската куќа Deloitte, од 19 земји (Deloitte’s Technology Fast 500 EMEA, што ги опфаќа Европа, Средниот Исток и Африка). Прва и на оваа листа е Deliveroo, на која технологијата ѝ овозможила невидена експанзија (… нарачување храна од блиски ресторани, па и од оние кои инаку не нудат услуга на достава).

Водечката петорка на листата на Deloitte ја прават уште Lesara од Германија (онлајн модна продавница), исландски Guide to Iceland (туристичка платформа), YouAPPi од Израел (платформа за развој на бизниси преку мобилни уреди) и британски Bloom & Wild (онлајн нарачување цвеќина).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×