Кои се најдобрите LinkedIn групи за барање работа во странство?
Објавено на од во луѓе и компании

Последните години се промени начинот на кој се бара работа. Во историја замина веќе прегледувањето на огласниците и дневните весници преку кои се бара работа. Навистина, тие канали за барање работа се уште постојат, но младите генерации веќе сериозно се свртени кон каналите кои за нив се поблиски.

Интернетот стана место на кое се работи, но и се бара работа. Благодарение на бројните сервиси, да се најде оглас за работа и да се пријавите, стана многу поедноставно и побрзо. Така, ниту барањето на работа во странство веќе не бара навистина да бидете во земјата во која би сакале да најдете работа.

Токму интернетот и социјалните мрежи можат да помогнат многу во барањето работа надвор од границите на вашата држава.

LinkedIn како прв чекор во барањето работа во странство

LinkedIn2LinkedIn е веројатно една од најпознатите и наголемите светски мрежи наменета за бизнис контакти и вмрежување. За барање работа клучно е да имате што поголема мрежа од контакти оти токму тоа ќе придонесе да дојдете до што е можно повеќе луѓе.

Токму LinkedIn е стручњак за ова. Секако, под услов и личноста која бара работа да си ја заврши својата работа. За разлика од биографијата која е пристојна, профилот на LinkedIn треба континуирано да се освежува и да се дообработува. Неактивните корисници ретко ќе се појавуваат во резултатите при пребарувања, а исто така нема да остават добар впечаток кај потенцијалните работодавачи кои ги прегледуваат нивните профили.

Со цел да го привлечете вниманието на вашиот потенцијален работодавач треба да бидете јасни, да ги истакнете своите знаења и способности и да ги замолите луѓето кои работат со вас да ве препорачаат и да напиша препорака која подобро ќе објасни каков работник сте вие.

Но, да се има активен профил на LinkedIn не гарантира дека со сигурност ќе добиете работа. Треба да вложите дополнителен труд и да го пронајдете работното место кое вас навистина ве интересира.

Групи на LinkedIn

Со цел да се олесни контактот меѓу работодавачите и оние кои бараат работа, на LinkedIn постои можност да се основа тематска група. Некои од тие групи за занимаваат само со одредени компании, додека во други се дискутира за некои теми.

Ако барата работа надвор од нашата држава, LinkedIn може да ви биде од голема помош. Ако вам ви се потребни информации за тоа како да дојдете до работа во некоја од земјите, едноставно во пребарувачот на LinkedIn напишете „jobs in“ и името на земјата. На пример, групата „Jobs in Canada“ е преполна со совети како за граѓаните од Канада, така и за оние кои сакаат да работат таму. Оваа група нуди информации од тоа како да се добие работна дозвола па се до тоа каде треба да барате работа во Канада.

Слично е и со другите, популарни земји.

LinkedInMazeГрупата „EU Careers by EPSO“ е исто така одлична група за оние кои сакаат својата кариера да ја градат во некоја од институциите од Европската унија. Групата нуди совети како да се пријавите па дури и како подобро да поминете на тестирањата. Исто така тука се објавуваат и слободните работни места, места за стажирање или други огласи поврзани со институциите на ЕУ.

Притоа треба да се знае дека во овие тематски група во најголем дел се бараат високо квалификувани и стручни работници (информатичките вештини секако се најбарани), но може да се најде и работа за финансиски и маркетинг експерти или инженери.

Групата како што е „Global Jobs Network“ опфаќа огласи за работа од цел свет, а во подгрупите што ги нуди, може да се најдат огласи за работа по континенти па дури и по одредени занимања.

Една од најпопуларните и најактивните групи е групата „Jobs Group“ кој нуди многу совети за тоа како да се најде работа, а нуди и огласи за различни струки и на различни страни од светот. Со речиси 1,8 милиони членови, ова веројатно е една од најголемите група на LinkedIn, а нејзините 20 подгрупи гарантираат дека ќе најдете група која одговара и за вашата земји и можностите што се нудат таму.

Групата „A Job Needed – A Job Posted“ е приватна група наменета за поврзување на работодавачите и потенцијалните работници. Ако барата работа или едноставно ви е потребен добар совет како да најдете работа, ова е групата во која би можеле да добиете директен контакт со потенцијалните работодавачи.

Ако сакате работа во некоја специфична гранка или индустрија, најдобро е да побарате точно дефинира група за тоа што го сакате. На тој начин не само што ќе го проширите својот круг на контакти, туку и поголема е можноста дека ќе најдете работа која вам ве интересира и која би можеле да ја работите. Работа во некои медиуми, човечки ресурси, маркетинг или нафтена платформа, се само дел од специјализираните групи кои можете да ги најдете.

На крајот, доколку постои некоја компанија во која би сакале да работите (или неколку од нив) пробајте да ја/ги пронајдете на LinkedIn и следете ги со цел на време да добивате информации за отворените работни места во таа компанија. Така истовремено ќе можете да видите и колку се тие активни на LinkedIn, односно што им е важно кај луѓето што ги вработуваат.

Што е важно да знаете?

Без оглед во која група ќе се вклучите треба да имате предвид неколку работи. Пред се LinkedIn не е имун на „спам“ и лажни огласи. Пред било какво договарање со “регрутерот“ или потенцијалниот работодавач, проверете дали постои таква компанија и што може да дознаете за компанијата преку интернет.

Исто така, немојте да верувате дека сте добиле работа после само разменети неколку пораки. Сериозните компании ќе организираат некако интервју – било по пат на телефон, видео -конференција или во живо.

И секако, не се фокусирајте само на LinkedIn. Постојат и други социјални мрежи со чија помош ќе можете да ја проширите информацијата дека барате работа или да најдете информација за работа која вам би ве интересирала.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×