Kои се најуспешните директори на светот?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Lars_Sorensen
Најуспешниот главен извршен директор во светот, според овој магазин, е шефот на данскиот произведувач на лекови за кој вие веројатно никогаш не сте ни слушнале. Неговото име е Ларс Ребиен Соренсен од фармацевтската компанија Ново Нордиск. Тој е најуспешен челник меѓу двесте светски корпорации.

Престижниот магазин за менаџмент Harvard Business Review направи избор на најуспешните директори на светот. Главен критериум, како што пишуваат, е финансискиот успех на компанијата, а од оваа година како критериум е додадена и општествена одговорност на компаниите.

Листата се потпира на податоци кои се собирани во периодот од 1 јануари 1999 до крајот на април оваа година.

Најуспешниот главен извршен директор во светот, според овој магазин, е шефот на данскиот произведувач на лекови за кој вие веројатно никогаш не сте ни слушнале. Неговото име е Ларс Ребиен Соренсен од фармацевтската компанија Ново Нордиск. Тој е најуспешен челник меѓу двесте светски корпорации.

На листата на најуспешни директори следуваат Џон Чемберс од компанијата Cisco Systems и Пабло Исла од шпанската компанија Индитекс. Cisco Systems се занимава со производство на опрема за компјутерски мрежи, додека Индитекс е најпознат како матична компанија на трговскиот ланец за облека Зара.

Во овој магазин, најуспешниот директор Соренсен тврди дека делумно за ваквиот успех придонесува и одлуката на неговата компанија да се фокусира речиси исклучиво само на развој за лекови за дијабетес. Со оглед на тоа, дека оваа болест зазема силен замав во светот, неговата компанија Ново Нордиск постојано бележи раст на приходот и добивката.

Не се битни само финансиските резултати

hbr_bannerОвогодишната листа на најуспешни извршни директори која ја направи  магазинот Harvard Business Review прилично се разликува од минатогодишниот.

Изминатата година листата се правеше исклучиво на основа на долгогодишните финансиски податоци, додека оваа година по прв пат во обѕир се земаат и општествената и корпоративна одговорност на компаниите.

Соренсен смета дека долгорочно, всушност се работи за една иста работа. „Општествената одговорност на компанијата не е ништо друго туку максимизирање на вредноста на вашата компанија на долг рок“, рече тој за овој магазин.

Она што исто така ја прави оваа компанија лидер е фактот што на болните од оваа болест во земјите во развој им продава инсулин со доста големи попусти, многу малку оваа компанија се занимава со политичко лобирање и е многу транспарентна и одговорна во политиката која се работа за тестирање на лекови на животни.

Шефот на Амазон од минатогодишната прва позиција заврши на 87

jeff_bezosМинатогодишниот победник Џеф Безос, шеф на Амазон, токму поради ова (новиот критериум- општествена одговорност), оваа година заврши дури на 87 позиција иако, ако се оценуваше како по минатогодишните критериуми, и оваа година тој би бил на првата позиција. Соренсен, пак, ако се гледа само преку финансиските податоци, би бил на 6-то место оваа година, меѓутоа до самиот врв го донесе општествената одговорност на компанијата што тој ја води.

Инаку, целосната листа на најуспешни директори што ја објави овој магазин претставува мешавина од имиња на познати компании и менаџери и имиња на целосни анонимуси за јавноста. Податоците покажуваат дека најголемиот дел од нив, дури 86%, на челната позиција стигнале откако во компанијата поминале повеќе време, односно не се поставени однадвор. На пример, Соренсен во Ново Нордиск работи веќе 33 години.

Интересно е и тоа што дури три четвртини од стоте најуспешни главни директори не ја поседуваат популарната дипломата МБА (Мастер во Бизнис администрација).

Само две жени на листата 100 најуспешно главни директори

Меѓу стоте најуспешни главни директори се наоѓаат само две жени. На 47 место се наоѓа Дебра Кафаро која ја води американската компанија Вентас, додека Царол Мејровиц, шефица на компанијата TJX и сопственик на неколку малопродажни ланци, се наоѓа на 81 позиција.

Листата на петте најуспешни, по споменатиот Соренсен, Чемберс од Cisco Sustems, и Исла од Индитекс, ја заклучуваат и Елмар Дегенхарт од германската компанија Континентал која произведува автомобилски гуми и други делови за автомобили и Марин Сорел од британската компанија WPP која се занимава со огласување и односи со јавност.

Од попознатите светски брендови меѓу најуспешните на листата се и Фуџио Митараи, челник на компанијата за производство на Canon камерите и фотоапаратите (кој се најде на 10-та позиција), Хаувард Шулц од светскиот ланец Starbucks (12 –та позиција), Марк Паркер од Nike (21 позиција) и неговиот конкурент Хербер Хајнер кој ја води Adidas (41 место). Шефот на BMW Норбер Раитхофер се наоѓа на 30-то место, а челникот на Даимлер кој го произведува Мерцедес, Диетер Ѕетше се наоѓа на 86 место.

 И шефот на Volkswagen се најде на листата

martin-winterkornСекако, листата на овој магазин е далеку од совршено. Таму јасно се посочува дека во најголем дел се потпираат на финансиските показатели, а успешност на некои челници зависи и од низа други фактори кои често е тешко да се квантифицираат.

Недостатокот на таков пристап можеби најдобро се покажува во случајот до Мартин Винтеркорн, до неодамна главен извршен директор на Volkswagen.

За време на изработката на оваа листа, која се потпира на податоците од 1 јануари 1995 до крајот на април оваа година, Винтеркорн се наоѓа на високата 20-та позиција. Во меѓувреме беше откриен скандалот со лажирање на податоците за издувните гасови, по што Винтеркорн поднесе оставка.

На светскиот пазар на кој во секој момент се испреплетуваат милиони различни фактори кои на разни начини влијаат на компанијата, за жал, не е можно да се донесат во апсолутни и конечни проценки. Деловниот свет поради тоа останува и понатаму да се потпира на овие листи, без разлика колку несовршени да се тие.

Ова се 10-те најуспешни директори според Harvard Business Review
  1. Ларс Ребиен Соренсен- Novo Nordisk
  2. Џон Чемберс – Cisco Systems
  3. Пабло Исла- Inditex (Zara)
  4. Елмар Дегенхарт- Continental
  5. Мартин Сорел – WPP
  6. Стефан Лузко- Seagate Technology
  7. Џон Фредерик Баксас – Telenor
  8. Џорџ Скангос – Biogen
  9. Мајкал Волф – Swedbank
  10. Фуџио Митараи – Canon

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×