Кои се најзадолжените општини во Македонија?
Објавено на од во Економија

Вкупните неизмирени обврски на општините во Македонија кон добавувачите на крајот на 2016 година достигнуваат 82 милиони евра. За период од пет години обврските кои општините ги немаат измирено кон добавувачите се зголемиле за околу 50% во споредба со 2012 годинa. Но, овој долг на општините би можел да биде уште поголем и да  надмине и 120 милиони евра, ако на тоа се додадат обврските по основ на судски решенија и по основ на камати. Ревизорите посочуваат дека многу општини не го почитуваат Законот за финансиска дисциплина и не ги почитуваат роковите за плаќање кон приватните компании, понатаму дека многу компании не можат да си ги наплатата од нив побарувањата, дека општините кои се со блокирани продолжуваат да трупаат долгови… кај некои општини задолженоста надминува 80% од нивните буџети, што ги прави финансиски нестабилни и потенцијално опасни да функционираат во правниот промет, бидејќи повеќе од јасно е дека тие немаат никаков капацитет да ги исплатат старите, ниту, пак, новите обврски. Најзадолзени општини

Според податоците од Министерството за финансии, општина со најголема задолженост во Македонија е Охрид. Градот Охрид  заклучно со мај 2017 година имал долг од 11 милиони евра. Ако се споредат со вкупниот буџет, односно со завршната сметка на буџетот за 2016 година обврските на општина Охрид достигнуваат дури 78%

Втора најзадолжена е општина Тетово со вкупно неплатени обврски од 8,11 милиони евра. Трета е општина Карпош која има неплатени обврски од
7,7 милиони евра, а четврта е Струга која на крајот на мај изминатата 2017 година имала 3,58 милиони евра. Општина Чаир е петта најзадолжена општина и има неплатени обврски од 2,3 милиони евра, а шеста е Куманово со 2 милиони евра неплатени обврски.
Од вкупно 80 општини колку што има Македонија, 22 општини имаат долгови поголеми од 1 милион евра. Само три општини Валандово, Ѓорче Петров и Дебарца немаат никакви долгови и неисплатени обврски.
Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека 20-те најзадолжени општини имаат вкупни неплатени обврски од 57 милиони евра, што е 70% од вкупниот долг на општините кои на крајот на 2016 година изнесуваше 82 милиони евра.
Но, ако сумите што ги должат општините се стават во контекст со нивните буџети тогаш задолженоста добива уште пострашни димензии. Имено, кај некои општини задолженоста надминува 80% од нивните буџети, што ги прави финансиски нестабилни и потенцијално опасни да функционираат во правниот промет, бидејќи повеќе од јасно е дека тие немаат никаков капацитет да ги исплатат старите, ниту, пак, новите обврски. Оттука, логично е дека нивните долгови да продолжат да растат и во иднина.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×