Кои се новите министри и заменици министри во преодната влада?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
sdsm ministri

По неколкукратни одложувања, четирите најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА вчера конечно најдоа компромис околу новите министри и заменици министри во Владата, чие именување произлегува од Договорот од Пржино од 2/15 јули.

Како што соопштија од СДСМ, од каде според Договорот доаѓа новиот министер за внатрешни работи, на оваа функција на местото на сегашниот министер,  Митко Чавков, ќе седне генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовки. Министер за труд и социјална политика пак, кој исто така доаѓа на предлог на СДСМ,  ќе биде потпретседателката на оваа партија, Фросина Ременски, која ќе седне во фотелјата со која досега министеруваше Диме Спасов.

СДСМ како заменици министри ги именува следниве членови: Александар Кирацовски, кој ќе ја извршува функцијата заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, Кире Наумов, заменик министер за финансии и Љупчо Николовски, заменик во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Инаку, замениците министрие на Ременски и на Спасовски, се уште не се именуви. Истите доаѓаат на предлог од ВМРО- ДПМНЕ. Дали владејачката партија ќе ги стави на заменичката позиција, досегашните министри во овие ресори, Чавков и Спасов, од партијата засега не соопштуваат.

Додека во позадина  се уште се „крчкаат“ деталите околу преодната влада, Капитал, ви ги пренесува официјалните биографии на новите министри, односно замениците-министри.

Кој е Оливер Спасовски – новиот министер за внатрешни работи?
оливер-спасовски

Актуелниот генерален секретар на СДСМ, Спасовски до претходните избори беше пратеник на СДСМ во повеќе состави, односно од 2006 до 2008 и од 2011 до 2014 година.  Спасовски е дипломиран правник од Правниот факултет „Јустинијан Први“, во Скопје.

Во 2000 година тој работел како адвокатски приправник, од 2001 до 2005 година како советник на градоначалникот на Куманово, а од 2008 до 2011 како секретар на Општина Куманово. Како што пишува во неговата биографија, тој зборува англиски и француски јазик

 

Која е Фросина Ременски, нов министер за труд и социјална политика?

Frosina_RemenskiРеменски е доктор по науки на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во областа на меѓународното право за правата на малцинствата.

Надвор од партиските ангажмани, еве како се движела професионалната кариера на Ременски:

Во 2000 година таа работи како наставник на определено време во средното училиште „Ѓорѓе Петров“ во Крива Паланка.

Од 2000 до 2003 година работи кака асистент на Филозофскиот факултет при Институтот за социологија. ОД 2004 до 2007 е асистент на Полициската академија, сега Факултет за безбедност во Скопје, а оттогаш до денес е вонреден професор на истиот факултет во областа на полициските науки.

Од октомври 2012 до април 2013 таа ја извршуваше и функцијата Продекан за наставно – научни прашања.

Според биографијата објавена на официјалната страна на СДСМ, Ременски е автор на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес, објавени во домашни и странски научни списанија.

Кире Наумов  е новиот заменик на Ставревски

naumov-685x320Кире Наумово дипломирал на Економскиот факултет во 1995 година, а во 1998 завршил постдипломски студии на Економскиот факултет, Белград, Србија. Своето работно искуство го почнал како соработник во Секторот за финансии и контрола во Агенцијата за трансформација на претпријатијата за општествен капитал, каде работел од 1996 – 1997, а од 1997 е асистент на Економскиот факултет. Од март 2003 – април 2004 година е економски советник на премиерот на Република Македонија, тогаш Бранко Црвенковски,  од мај 2004 е економски советник на претседателот,  исто Црвенковски. Од 21 јули 2006 година до 29 август 2007 година ја извршува функцијата директор на Агенцијата за разузнавање.

Во јавноста важи за гласен критичар на економските политики во државата, а најмногу го здоби вниманието на јавноста кога во 2013 година ја поднесе својата кандидатура за Претседател на СДСМ.

Како заменик- министер за финансии Наумов ќе има клучно улога во надгледувањето на начинот на кој се распределуваат и се трошат парите од народната каса, а намените за изборите закажани за 2014. Наумов располага со право на вето за сите финансиски, правни и човечки ресурси кои се однесуваат на организација на изборите.

Кој е Кирацовски, заменикот  за информатичко општество и администрација?

kirac-685x320Кирацовски е магистер на науки од областа на политичкото лидерство на Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје.

Има завршено „Политичка академија“ а поседува и повеќе сертификати во областа на претприемаштвото, менаџментот, маркетинг и односи со јавноста добиени тука и во странство.

Во 2008 година, како што е наведено во биографијата, тој освоил и прва награда за најдобар бизнис план во организација на SPARK Холандија.

Од 2011 година до денес тој работи за Фондација Бизнис Стартап Центар Битола“ & Бизнис Инкубатор Битола (Центар за развој на мали бизниси и Бизнис Инкубатор – Битола).

Кирацовски е активен член на СДСМ од 2001 година. Во јуни 2013 година тој беше избран за потпретседател на СДСМ.

Кој е Љупчо Николовски, заменик за земјоделство?

ljupco-nikoloski-1024x575Николовски е дипломиран правник, вработен во Друштвото за деловен и менаџмент консталтинг. Ова е се што пишува на официјалната страна на СДСМ за Николовски кој е член на Централниот одбор на партијата.

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×