Кои се предлозите на Ванхауте за медиумски реформи?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

VanhauteПосредникот во преговорите меѓу политичките партии потписнички од Пржино, Питер Ванхауте,во обид да ги помрдне преговорите за реформите во медиумската сфера, презентираше предлог на меѓународната заедница за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски организации.

- За начинот на избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, предлогот е услов за кандидатура да биде поддршка од две невладини организации, или од новинарско здружение/асоцијација, или од синдикат на новинарите, или од два соодветни универзитети. Од кандидатите кои ќе го исполнат овој услов,членови на Советот да се избираат со двотретинско мнозинство гласови од пратениците во Собранието. Мандатот да им биде пет години со право на реизбор. И да бидат ангажирани со цело работно време. Сегашните надлежности на директорот на Агенцијата да бидат префрлени на Советот. Директорот на Агенцијата да има извршна функција и да одговара за функционирање на Советот и да биде именуван од него. Неговиот мандат да биде, исто така, пет години со право на резибор.

- За прекршоците на медиумите предлогот е најпрво да се пристапи со дијалог со претставници на медиумиот, а доколку не биде надминато прекршувањето да следи предупредување, па, дури откако ќе се исцрпат овие две можности, да се одреди казна. Ванхауте потенцираше дека казни нема да се изрекуваат за содржината на информативните прилози. При одредувањето на паричните казни да се води сметка истите да бидат пропорционални со финансиската состојба на медиумот.

- За Македонската радиотелевизија предлогот е финансирањето да биде еднакво на 1% од годишниот буџет на државата, а јавниот сервис да има целосна независност при трошењето на овие средства. Членовите на Програмскиот совет на јавниот сервис да се избираат на приближно ист начин како и членовите на Советот на Агенцијата за медиуми.

- За владиното рекламирање е предложено кампањите од јавен интерес да се емитуваат бесплатно, и на јавниот сервис и на комерцијалните медиуми. Да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 5% за медиумите.

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×