Кои се топ-десетте е-спорт милионери, меѓу кои и нашиот „Saksa“?
Објавено на од во lifestyle

Една од причините поради кои драматично порасна интересот за е-спортот во последните неколку години е фактот што тука сега се вложуваат големи пари во наградни фондови, во маркетинг, во организација на настани … и одредени е-спорт играчи веќе заработуваат милиони долари.

Од првиот исчекор во овој правец профитираше Денис „Треш“ Фонг, кој доби Ферари во 1997 година од издавачот на игри ID Software за победа на турнир во играње Quake. Понатаму, од првите професионални тимови, со кои играчите потпишуваат договори како во стандардниот спорт, најпознат е Schroet Kommando, денеска познат како SK Gaming, основан во 1997 година. Во ваквите тимови играчите земаат редовни плати, користат простор и опрема за редовни трензинзи, и се платени да учествуваат на турнири.

Клучниот момент во финансискиот развој на е-спортот дојде со таканаречените free 2 play MOBA  (Multiplayer Online Battle Arena) игри, како Dota или LoL (League of Legends). Овие игри се бесплатни за преземање, но играчите откако доволно ќе се „загреат“ за нив, купуваат различни нешта во играта за вистински пари. За издавачите на игрите да добијат што повеќе вакви микротрансакции, почнаа да вложуваат сериозни пари во е-спорт настани – во 2011 година вкупниот награден фонд на Dota2 и LoL турнирите стигна до над 2 милиони долари, за следната година сумата да надмине 6 милиони, а во 2013 и 10 милиони долари. Веќе во 2015 година наградните фондови на сите турнири за овие две игри беа скоро 40 милиони долари, и момчињата во тимови од по 5 играчи почнаа повеќе од добро да заработуваат.

mss

Мартин „Saksa“ Саздов

Победниците на Dota2 турнирот одржан годинава, тимот на Wings Gaming, дома си отидоа со награда од 9,1 милиони долари, односно, секој од играчите со по 1,8 милиони. Листата на 10 најплатени е-спортисти за 2016 година изгледа вака, а секако, првите пет се од овогодинешните победници на The International турнирот, Wings Gaming:

 

 

 

(прво одат прекарите, па имињата)

1              iceice                     Ли Пенг                              $1,882,365.92

2              bLink                     Жу Јанг                               $1,882,365.92

3              Innocence             Жанг Јипинг                   $1,882,365.92

4              Shadow                  Чу Жеју                              $1,882,365.92

5              Faith_bian            Жанг Руида                    $1,876,250.00

6              MiSeRy                   Расмус Филипсен         $926,029.00

7              w33                         Аливи Омар                   $926,029.00

8              Moo                        Давид Хул                       $706,242.60

9              Saksa                      Мартин Саздов              $702,124.00

10           Resolut1on             Роман Фоминок           $701,386.80

 

На деветтото место, не може да не го забележавте, нашиот, Македонецот, Мартин „Saksa“ Саздов, кој е веќе легенда на интернационалниот е-спорт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×