Коj стои зад панамската фирма “Мосак Фонсека”?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Панамската адвокатска фирма “Мосак и Фонсека” (“Mossack Fonseca”), која е во центарот на оваа досега најголема афера, досега основала повеќе од 240 илјади офшор компании за клиенти од целиот свет.

Тие тврдат дека немаат направено никакви нелагални дејствија и сметаат дека се жртви на кампањата против приватноста, уверувајќи ја јавноста дека медиумите погрешно ја интерпртеираат природата на нивниот бизнис.

Панамската Mossack Fonseca е четврта најголема компанија која обезбедува услуги поврзани со офшор фирми.Таа работела за над 300 илјади компании.

Ramon

Рамон Фонсека, ко-основач на панамската адвокатска фирма “Мосак Фонсека”

“Ова е злочин, казнено дело. Ова е напад на Панама, бидејќи на некои не им се допаѓа што сме толку конкурентни во привлекување на компании”, изјави Рамон Фонсека, еден од основачите на Mossak Fonseka.

Седиштето на оваа адвокатска фирма е во главниот град на Панама, Панама сити, а фомирана е реку спојување на две правни фирми во 1986 година. Тоа било многу незгодно време за почнување на таков бизнис со оглад дека тогаш Панама била под лупа заради диктатурата на Мануел Нориега и оптужби за перење на пари и масовно производство на дрога.
Фонсека и Мосак многу брзо се стекнале со репутација на дискретни и многу способни луѓе, со што привлекувале соодветна клиентела на луѓе на кои им биле потребни услуги кои треба да останат под превезот на тајната.

Јирген  Мосак, кој со својот партнер со години наназад ги чувал тајните на богатсвото на глобалната елита, е син на Ерхард Мосак, нацист и припадник на злогласната СС единица, која се сметала за елитна единица на Хитлер. Тој е роден во 1948 година во Германија, но на почетокот на 60-те години со своето семејство се сели во Панама, каде го завршил своето образование. Светските медиуми пишуваат дека неофицијално, неговиот татко во 70-те години станува шпиун на ЦИА, кој имал за задача да го шпиунира комунистичкиот режим на блиската Куба.

Оваа двојка во 1987 година отвориле филијала на Британските девствени острови, каде само неколку години порано бил донесен закон според кој земјата нема обврска да открие податоци за офшор фирми, за нивните сопственици и за клиентите. Денес, Британските девствени острови се дома на дури 40% од сите офшор компании во светот.

“Мосак и Фонсека практично ја измислија таа шема. Први дојдоа на островот и развија длабоко вкоренета мрежа. Останатите само ги копираа”, вели Розмери Флакс, долгогодишен менаџер на Мосак и Фонсека на Девствените острови.

Kanzlei Mossack FonsecaОсновањето на Панамската фирма на Мосак и Фонсека е уште еден голем чекор со зајакнуваењето на нивнмата мрежа. Во 1994 година во Нију, мало островче во Пацификот со популација од помалку од 2.000 луѓе, фирмата Мосак Фонсека потпишала договор на 20 години со тамошната влада, со кој се овозможува на панамската фирма непречено да основа офшор фирми. За возврат, фирмата Мосак Фонсека плаќала такси кои достигнувале до 80% од приходите во буџетот на ова островче.

Овој взаемно исплатлив однос траел скоро две децении, а потоа почнал да привлекува премногу внимание. Американскиот стејт департмент почнал да ги истражува необилните парични трансакции и договори. После истрагата, САД ја предупредиле оваа пасифичка држава дека нејзиниот офшор бизнис е всушност параван за криминални активности, како перење пари, неплаќање на даноци и сокривање на приходи.

Откако САД го ставила островчето Нију на црната листа, тие во 2003 година не потпишале нов договор со адвокатската фирма Мосак Фонсека, што било прв сигнал дека треба да побараат нов даночен рај за својот бизнис, по што се селат на островот Самоа.

Во 2006 година адвокатската фирма го проширила обемот на својот бизнис, па покрај водење грижа за финансиите на своите клиенти, додале и дополниотелни услуги, кои опфаќале обезбедување на јахти, приватни авиони и други лукзусни предмети и постапки за своите клиенти.

Mosak Fonseka 2Инаку, Рамон Фонсека покрај успешната кариера во правото и бизнисот, важи и за успешен писател. Тој ја напишал книгата “Мистер Политикус”, политички трилер за амбициозен човек кој се бори за моќ во светот на политиката.
Фонсека е роден во 1952 година, а студирал право и политички науки на Панамскиот универзитет и на Лондонската економска школа.
Како млад сакал да го спаси светот. Пет години работел во Обединетите нации.

“Кога видов дека јас сум само мал штраф кој не може ништо да промени, а не пак да го спаси светот, се посветив на посериозни работи: професијата, семејството…Што сте постари, тоа повеќе се вртите кон материјализмот”; изјавил Фонсека во едно свое интервју во 2008 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×