Кои се земјите што произведуваат најмногу енергија од обновливи извори?
Објавено на од во Економија

Веста дека Индија го отвори првиот аеродром каде енергијата што се користи доаѓа од соларни системи, го потенцира растот во користењето на обновлива енергија. Овој сектор забележува огромен раст и покрај драматичниот пад на цените на нафтата, а минатата година 59% од сета нова енергија генерирана во светот дојде од обновливи извори.

Последниот извештај на REN21, мрежата за политика на глобална обновлива енергија, покажува дека на крајот од 2014 година, обновливата енергија прави околу 27.7% од производствениот капацитет на енергијата во целиот свет.

Истиот извештај покажува дека Кина води во светот во однос на капацитетот на обновлива енергија, додека САД е на втората позиција. Германија е следна, но само ако хидроелектричната енергија е исклучена од калкулациите. Ако се земе предвид и оваа хидро енергија тогаш Бразил го зазема третото место.

Но, работите изгледаат поинаку ако капацитетот се мери на основа по глава на жител. Тогаш првите пет држави се: Данска, Германија, Шведска, Шпанија и Португалија.

Во продолжение е листата на „најзелени“ држави во светот, односно држави кои произведуваат финална енергија од обновливи извори. Извештајот е за 2012/2013 година:

  1. Норвешка
  2. Шведска
  3. Латвија
  4. Финска
  5. Коста Рика
  6. Австрија
  7. Танзанија
  8. Данска
  9. Португалија
  10. Естонија
  11. Романија
  12. Литванија
  13. Словенија
  14. Бугарија
  15. Хрватска
  16. Италија
  17. Шпанија
  18. Грција
  19. Франција
  20. Чешка
  21. Полска
  22. Германија
  23. Замбија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×