Кој е Емануел Макрон и за што се залага?
Објавено на од во Профил

gettyimages WEB 915Новиот, млад француски претседател, кого го споредуваат со Наполеон

Категориите лево и десно се минато, ветува новиот претседател на Франција, кој тврди дека „од самиот почеток ги штити интересите на оние кои работат, дејствуваат и создаваат, со двојна амбиција нештата да станат полесни за занаетчиите, за фармерите, за трговците, за административците, а поддршка да добијат оние кои се во тешка положба“

Новоизбраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, е роден на 21 декември 1977 година во градот Амиен. Има диплома од елитниот Институт за политички науки во Париз, и магистратура по философија од престижниот Париски универзитет во Нантер. Се обучувал за менаџирање во државната администрација во елитната Национална школа за администрација, на која се подготвуваат водечките француски државници.

Макрон бил инспектор во Министерството за економија на Франција од 2004 до 2008 година, а после тоа работел четири години во банката Ротшилд. Во 2012 година се приклучил на тимот на претседателот Франсоа Оланд. Министер за економија стана во 2014 година, а минатото лето поднесе оставка на функцијата за да се посвети на сопствената политичка амбиција и го создаде движењето наречено „Напред!“.

Новиот претседател на Франција е проевропски настроен, но според него земјата, заедно со Германија, треба да работи за Европа што ќе им овозможува поголема социјална заштита на своите граѓани. Макрон тврди дека Европската унија има потреба од нова лидерска основа формирана од Париз и од Берлин.

За ЕУ тој предлага, веќе по парламентарните избори во Германија оваа есен, во целата Унија да бидат организирани демократски конвенции што би довеле до европски проект кој ќе биде прифатен од сите држави што со него ќе се сложат.

Makron 915 WEBСпоред Макрон еврозоната треба да има сопствен буџет, парламент и министер за финансии, што би значело и промена на европските договори.

Тој смета дека ЕУ треба да биде во можност да распореди 5000 европски граничари по надворешните граници на Шенген, и предлага европски фонд за финансирање и за развој на европска воена опрема и оружје, што државите членки би ги делеле меѓу себе.

Во борбата со тероризмот Макрон бара засилување на капацитетите на полицијата и на армијата, како и на разузнавачките служби. Против меѓународниот тероризам тој предлага француските операции против екстремистите во Сирија и во Ирак да продолжат. Се залага за зголемување на буџетот за француската одбрана до најмалку 2% од БДП до 2025 година, во однос на сегашните 1,78%, што е во согласност со целите поставени од НАТО.

Во делот на надворешната политика, Макрон бара да се врши меѓународен притисок врз сирискиот претседател Башар Асад и да се задржат санкциите против Русија наметнати поради Украина.

По прашањето на миграцијата новиот француски претседател ветува молбите за азил, вклучително и обжалувањата на одлуките на властите, да бидат разгледувани за помалку од шест месеци.

Во социјалната и економската сфера Макрон предлага обединување на режимите на пензионирање и префрлање на обезбедувањето против невработеност (сега управувано од социјалните партнери) кон државата.

Центристот планира да укине 120 илјади работни места во државната администрација, но тоа да не го засегне болничкиот сектор. Тој планира да создаде 10 илјади нови работни места за полицајци, и меѓу 4000 и 5000 за наставници.

Макрон вети во наредните три години да ослободи 80% од домаќинствата од станбените даноци, и да го претвори данокот на богатство во данок на недвижен имот од кој ќе биде исклучена финансиската состојба на обврзникот.

Тој предлага намалување на даноците за физички лица и за компании за по 10 милијарди евра, што ќе биде придружено со намалување на трошоците за администрацијата за 60 милијарди евра, кое пак главно ќе биде овозможено преку промени во програмите за социјално и здравствено осигурување.

Во однос на француските институции Макрон планира да побара од пратениците чисто судско досие и да го ограничи до три бројот на последователни мандати.

Инаку, покрај програмата и предизборни ветувања, голем интерес предизвикува и приватниот живот на Макрон. Тој десет години е во брак со Брижит Макрон која е 24 години повозрасна од него. Двајцата се сретнале во гимназијата во Амиен каде тој учел, а таа предавала француска литература и ја водела театарската секција. Во тоа време Брижит, која е од семејство што традиционално произведувало слаткарски и чоколадни производи, била мажена и имала три деца – две девојчиња и син. Љубовта меѓу Емануел и Макрон се јавила кога заедно работеле на претстава. Поради противење на блиските на Макрон, тие се разделиле со Брижит, но подоцна, кога таа веќе се развела, ја обновиле врската.

Брижит Макрон често присуствуваше на предизборните активности на својот сопруг. И двете нејзини ќерки од првиот брак, исто така водеа кампања за поддршка на Макрон. Емануел и Брижит немаат деца, но таа има седум внучиња.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×