Кој е кој меѓу банките
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Koj e koj WEB  glavna 01Кои банки даваат повеќе кредити а кои прават рекордни профити?!

Растот на вкупните кредити во септември изнесува 2,5% на годишно ниво, и тој целосно е последица на зголеменото кредитирање на граѓаните, додека пак за приватните фирми, кредитната поддршка опаѓа. Банкарите потврдуваат дека догодина ќе даваат повеќе кредити, но сепак ризиците кај приватните фирми се поголеми што ја ограничува нивната финансиска поддршка.

 

Кредитирањето на граѓаните и фирмите до крајот а оваа година ќе се зголеми најмногу до 5,6%, покажа најновата проценка на Народната банка. Меѓутоа, резултатите до септември покажаа далеку послаба кредитна активност. Растот на вкупните кредити во септември изнесува 2,5% на годишно ниво, и тој целосно е последица на зголеменото кредитирање на граѓаните, додека пак за приватните фирми, кредитната поддршка опаѓа.

До септември, вкупните кредити за компаниите изнесуваат 2,39 милијарди евра, што е за 1,3% помалку во споредба со септември 2015 година. За граѓаните, во истиот период, вкупната кредитна поддршка е зголемена за 7,3%, на 2,06 милијарди евра.

Кредитниот раст во следните две години малку ќе забрза и ќе достигне 6,4% и 6,7% соодветно, покажуваат најновите проекции на Народната банка. Проценките се направени врз основа на очекувања за понатамошен раст на економијата, раст на депозитната база но и стабилните согледувања на банкарите за ризиците.

Банкарите потврдуваат дека догодина ќе даваат повеќе кредити, но сепак ризиците кај приватните фирми се поголеми што ја ограничува нивната финансиска поддршка.

Од НЛБ банка сметаат дека кредитната активност ќе продолжи со несмалена динамика, барем што се однесува на сегментот на население.

„Во делот на приватните фирми, очекуваме зголемување на динамиката, поголем интерес и надминување на сегашната ситуација на воздржаност која ја детектираме кај компаниите“.

Од Комерцијална банка исто така коментираат дека кредитирањето на граѓаните ќе продолжи со умерен раст со оглед на позитивните услови кои ги нуди банката , особено за станбените кредити.

„Кредитната активност ќе зависи од повеќе фактори, пред се економското опкружување, политичка стабилност, трендовите  на пазарот на недвижности и макроекономската политика. Во однос на кредитирањето на компаниите, ризиците с$ се уште присутни. Очекуваме умерени позитивни движења како резултат на трендот на намалување на каматните стапки и очекуван позитивен економски раст. Со тоа и постепено зголемување на барањата за инвестициски кредити како прв значаен сигнал за позитивни економски придвижувања“, оценуваат од Комерцијална.

Стефан Туати, член на Управниот одбор на Охридска банка вели дека динамиката на економската активност ја движи побарувачката за кредити и од граѓаните и од компаниите.

„Согласно тековните макроекономски индикатори, во комбинација со прилично раздвижената социо – економска средина, проценуваме дека вкупната побарувачка на пазарот и потребата од кредити ќе го задржи ова ниво, со што ние ќе продолжиме со тековните трендови на раст во граѓанскиот и корпоративниот сегмент. Остануваме посветени кон понатамошното развивање на нашето кредитно портфолио како одговор на пазарните побарувања“, вели Туати од Охридска банка

Од ПроКредит банка коментираат дека и понатаму ќе продолжат да ги кредитираат одржливите идеи на малите и средни претпријатија во Македонија и да нудат одлични услови за станбени кредити и кредити за реновирање.

„Активно поттикнуваме култура за штедење кај населението и не промовираме потрошувачки кредити“, се децидни од ПроКредит.

Од УНИБанка коментираат дека кредитната активност ќе зависи  од потребата на фирмите за нови проекти и инвестиции, од промената на сегашната политичка криза и од промената на економската состојба во целина.

Koj e koj WEB 02
Банките со добивка од 46,5 милиони евра

Сите банки во земјава остварија профит од 46,5 милиони евра во првата половина од годината што е 39,3% повеќе отколку истиот период лани, покажуваат последните податоци на Народната банка. Профитабилноста мерена преку коефициентот на поврат на капиталот (ROE) изнесува 12,2% што е на ниво од 2008 година пред почетокот на глобалната финансиска криза.

Најголем дел од профитот го направија групата големи банки, со заработка од 37,6 милиони евра. Средните банки имаат добивка од 9,3 милиони евра, додека пак малите имаат загуба од околу 490 илјади евра.

По одделни банки, од билансите што ги доставија до Берзата, најголема добивка пријави Стопанска банка од 19,8 милиони евра, што е речиси 10% повеќе отколку лани.

Во првите шест месеци банката остварила нето-приходи од камата од 28,7 милиони евра, кои се повисоки за 5,9% споредено со истиот период лани. Нето- приходите од провизии и надоместоци се пониски за 2,4%, од причина што, како што објаснуваат од банката, расходите за провизии се повисоки за 14,7%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење, како и зголемени трошоци за работа со готовина.

Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 51,4%, додека останатите приходи од дејноста пораснале за 26,6%.

„Континуираната профитабилност е резултат на приспособувањето на бизнис- моделот, кој се фокусира на балансиран раст, рационализација на трошоците за финансирање, ефективното рационализирање на трошоците и управување со ризиците, што посебно влијаеше и на оперативната добивка, но и на одржување на нивото на нефункционални кредити под просекот на банкарскиот сектор, што дополнително придонесе за намалување на трошоците за резервации“, велат од Стопанска банка Скопје.

Во првите шест месеци, Комерцијална банка има вкупни приходи од работењето од 36,9 милиони евра, за 6,5% поголеми во однос на лани. Нето приходите од камата се зголемени за 3,7%, а од провизии и надоместоци се намалени за 5,4%. Од курсни разлики банката заработила 11 милиони евра, што е зголемување од 34,9%. Останатите приходи од работењето на Комерцијална се 3,37 милиони евра и во однос на првото полугодие лани се зголемени за 71%.

Комерцијална првото полугодие годинава заработила чисти 3,27 милиони евра, наспроти загубата од 2,95 милиони евра лани.

НЛБ Банка исто така имаше поголеми приходи од работењето во првите шест месеци, за 10%, односно 31,8 милиони евра. Нето приходите од камата се повисоки за 12,9%, а од провизии за 3%. Останатите некаматни приходи изнесуваат 2,6 милиони евра и се повисоки за 8,3% во однос на претходната година.

НЛБ Банка има трошоци за лоши пласмани за 17% помалку во првите шест месеци, во износ од 4,5 милиони евра, а нето добивката на банката е 9,4 милиони евра и е за 12,9% повисока во однос на истиот период лани.

И Охридска Банка Сосиете Женерал во првите шест месеци има зголемени нето приходи од камати, за 18,8% на речиси 9 милиони евра, додека нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 2,13 милиони евра и се поголеми за 4,6%. Од курсни разлики пак, нето приходите се намалени за 7,4%.

Нето добивката на Охридска банка за периодот јануари – јуни 2016 е 4,15 милиони евра и споредено со истиот период лани е помала за 1,5%, поради вклученоста на значителен износ на други приходи во резултатот од ланското прво полугодие, објаснуваат во банката, а инаку споредено со планираниот за прво полугодие, остварениот резултат е за 18,6% повисок.

Уни банка во првото полугодие годинава оствари добивка од 1,23 милиони евра наспроти загубата од околу 900 илјади евра истиот период лани. ТТК банка пак, од јануари до јуни годинава прикажа скромна добивка од околу 140 илјади евра.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×