Кој е Џани Инфантино, новиот претседател на ФИФА?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Швајцарецот со италијански корени, Џани Инфантино, е нов преседател на ФИФА. Пред денеска да биде избран на највисоката функција во Меѓународната фудбалска федерација, тој беше генерален секретар на УЕФА.

Студирал право, а одлично зборува италијански, француски, германски, англиски и шпански јазик.
Минатото му е поврзано со Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES Football Observatory), каде бил генерален секретар. Во УЕФА почнал да работи како адвокат во 2000 година, за по четири години да застане на чело на правниот оддел.

Генсек на Европскиот фудбалски сојуз стана во октомври 2009. Еден од најзначајните проекти во чиј развој учествуваше е создавањето на финансискиот ферплеј, со клучна порака клубовите да трошат толку пари со колку што располагаат. Негова заслуга е и зголемувањето на бројот на екипите на европското првенство од 16 на 24 – формула што ќе се примени првпат годинава. Инфантино ја водеше и кампањата за Еврото 2020 да се одржи во 13 различни држави.

Во контекстот, едно од најпопуларните (кај земјите од кои доаѓаат делегатите што гласаат) предизборни ветувања како кандидат за прв човек на ФИФА, му беше дека ќе го зголеми и бројот на учесници на светското првенство од 32 на 40.

Инфантино денеска беше избран со 115 гласа (во втората рунда), наспроти 88 на неговиот главен конкурент, шеикот Салман бин Ебрахим ал Халифа. Новиот претседател на ФИФА ги доби гласовите на Европа и на Јужна Америка. Вети реорганизација на светското фудбалско тело, што го тресат скандали со корупција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×