15 ноември, 2025
9 mins read

Кој е ЗО(Х)РАН МАМДАНИ? Новиот градоначалник на NEW YORK – Демократски социјалист или комунист?

„Мирисот на комунизмот„ (според Донал Трамп) се шири во Америка, или барем на Менхетен. Зорхан Мамдани е новиот градоначалник на Њујорк. И не би било чудно, ако тој не е најмладиот градоначалник, првиот муслиман што ја освои таа позиција, како и првиот градоначалник со револуционерни идеи во Америка. Мамдани ветува универзална здравствена заштита за децата, замрзнување на киријата, субвенционирани здруженија за домување, бесплатен јавен превоз и продавници за храна во сопственост на градот. На крајот на краиштата, не е ни чудо што толку лесно ги доби изборите.
фото: nymag.com
фото: nymag.com

Кој е Зорхан Мамдани и дали е тој многу посакуваното ново и младо лице на демократите? Зошто Трамп го нарекува комунист? И дали тој всушност е најголемата закана за сегашниот американски претседател? Кои се неговите амбиции и дали би можел да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави во 2028 година?

Мамдани порано беше активист. Во еден момент влезе во градското собрание на Њујорк под покровителство на Берни Сандерс и Александра Окасио-Кортез. Станува збор за левичарската гранка на Демократската партија. Потоа имаше период на затишје па се кандидираше за градоначалник на Њујорк.

Роден е во Уганда, што е многу важно прашање за него, бидејки во овој факт лежи одговорот дали ке се кандидира за Претседател на САД во 2028. Имајки го во предвид американскиот устав одговорот е не.

„Милијардери како Бил Акман и Роналд Лаудер вложија милиони долари во оваа трка затоа што тврдат дека сме егзистенцијална закана. И морам да признаам нешто – тие се во право. Ние сме егзистенцијална закана за милијардерите кои веруваат дека со нивните пари можат да ја купат нашата демократија. Ние сме закана за корумпираниот статус кво, кој го задушува гласот на обичните работници под товарот на корпорациите. Ние сме закана за тој Њујорк каде што цел ден напорна работа повеќе не е доволно за човек мирно да заспие. И да – ние сме апсолутно закана за политичари како Ендру Акуом, оние кои ја поткопуваат јавната доверба, ги малтретираат жените и беспомошните и се обидуваат да им се додворат на Доналд Трамп и неговите донатори. Да бидеме јасни, ова не е момент за предавање. Ние сме во време на политичка темнина. На Доналд Трамп и неговите агенти им е дозволено да си поигруваат со судбината на нашите соседи емигранти„, вели Мамдани

Од каде Мамдани дојде тоа во американската политика?

Фактот дека има 34 години е всушност многу необичен. Како воопшто стигнал до таму? Мадани почнува од активизам. Влезе во политиката кога се кандидираше за градското собрание на Њујорк, и работеше на кампањата на Берни Сандерс, па оттаму стекна одредено искуство.

Претходно тој се занимаваше со пазарот на станови во големото јаболко. Така и дојде до оваа главна тема на неговата кампања – домувањето во Њујорк, и колку чини да се живее во Њујорк.

Дали можеше сè да направи сам? Мамдани постојано го става во преден план фактот дека на 34-годишна возраст сè направил сам. Дека сам влегол во политиката, дека сам ги наметнал сите свои револуционерни идеи. Но, дали навистина можеше сè да го направи сам, и дали сам успеа да го победи еден од фаворитите за Њујорк, Ендру Куомо.

Секако не е сам. Многу луѓе работат на тие кампањи. Тој е член на Демократската партија, но оваа гранка, Демократските социјалисти, е клучна за неговиот развој, на која идеолошки припаѓа. Се разбира, повеќе отколку на мејнстрим естаблишментот на самите демократи. Мамдани имаше поддршка од левото крило на Демократската партија Берни Сандерс и Александра Окасио-Кортез. Сепак да се победи Куомо, кој е олицетворение на естаблишментот на Демократската партија, некои работи мораа да се совпаднат.

Според анализите подолго време постои замор кај гласачите во Њујорк. Тие бараа некој помлад, бараа некој поенергичен. Куомо не беше таков … има многу скандали зад себе. Мамдани се фокусираше на тип кампања преку социјалните мрежи, пред сè, на комуникација со гласачите, оние млади, енергични гласачи и ја употреби својата адекватна реторика за нив. Мамдани велат дека е ѕвездата на TikTok, дека ја водел целата своја кампања на TikTok и дека мнозинството луѓе што би гласале за него се анимирале таму.

Тој се фокусираше на тие кратки клипови во кои им пристапува на гласачите на улица, разговара со нив, изведува разни скечеви. Им го привлече вниманието на многумина со тоа што се фокусираше на  цените на становите, економијата на Њујорк, бесплатен јавен превоз. Тој се осврна на она што најмногу ги мачи граѓаните на Њујорк, што им одзема најмногу пари секој месец. Во кампањата Мамдани зборуваше за фактот дека, кога разговара со своите пријатели, тие му велат: дали знаете колку пари ни требаат за децата, за осигурување, за училиште. И тој го стави тоа во сржта на својата политика. Е сега овие прашања се многу важни и сложени, па сите се прашуваат дали ќе може да го постигне сето тоа што го вети!? Тој ги таргетираше тие три работи што моментално најмногу ги засегаат граѓаните на Њујорк. Правеше анкети во Бронкс, направи анкети со луѓе и им постави две прашања, меѓу другото: зошто гласавте за Доналд Трамп?

Дали би гласале за мене (Мамдани) ако речам дека сега ќе ги оданочувам богатите Њујорк?

Дека тоа, потоа, ќе значи бесплатен јавен превоз, што во Њујорк е важно. Во моментов е многу голем проблем и киријата, па затоа тој се фокусираше на разни работи уште од конфликтот со Трамп и успеа да им го претстави тоа на своите гласачи, публиката, како важна битка со американскиот претседател кој е патем њујорчанец. Така Мандани стана човекот со кого Трамп се занимава повеќе одколку што се занимава со гувернерот на Калифорнија. Токму тој гувернердосега беше главната цел на Трамп, но одсега тој ке се фокусира на Њујорк и тоа ќе продолжи во месеците, годините на напред.

Според аналитичарите од теренот, на прв поглед, е просто неверојатен фактот дека лице родено во Уганда, кое е имигрант и муслиман во подем, е избрано за прв човек на Њујорк. Меѓутоа, кога се знае дека повеќе од 50% од жителите на Њујорк се родени надвор од САД, дека Њујорк е град со мнозинство мигранти, тогаш е донекаде демократски да се очекува дека градоначалникот на Њујорк самиот ќе биде имигрант. Навистина звучи чудно да се каже дека во основа, тој го освои Њујорк одново и одново користејќи ја истата логика што Трамп ја користеше на ниво на САД, а тоа е прво да се постават економските прашања.

На пример, тој ги праша – Можете ли да си дозволите да живеете во Њујорк денес? Дали цените на транспортот, цените на храната, дали сето тоа е превисоко?

Инаку, постои и еден заеднички елемент и кај Трамп и кај Зоран Мандани, кои дојдоа на власт на ист сличен начин.

Интересно е што Мандани се претставува отворено како демократски социјалист, а републиканците и Доналд Трамп го етикетираат како  комунист. А кога ќе погледнеме што тој, како комунист, се залага во Њујорк, тоа е практично истото што постои насекаде решиси во светот. Тој се залага за бесплатен превоз, дури и во Скопје се заговара бесплатен јавен превоз, тој се залага сите родители да можат да ги праќаат своите деца во градинки и дека овие градинки ќе бидат бесплатни. Ова е повторно нешто на што ние во Македонија сме навикнати, речиси постои. Исто така, постои едно нешто каде што тој отиде чекор подалеку во борба против високите цени на храната – преку отворање на трговскиот ланец на градот Њујорк што би ги снабдувал жителите на и за да можат да купуваат по пониски цени.

Најдобриот начин да се објасни зошто плановите на Мамдани беа и се толку популарни во Њујорк е преку личен пример и како изгледаат трошоците за живот во Њујорк. „Кога се преселив во Њујорк во 2019 година, почетната плата беше 76.000 долари нето годишно. Навидум одлично, имаш 76.000 долари, ќе живееш фантастично. Но, да речеме, кога отидов и почнав да барам стан, и кога видов дека првиот на кој наидов беше прилично лош стан, дека чинеше 2.700 долари, тоа значи дека ќе требаше да потрошам повеќе од половина од мојот приход за да платам за станот и за да платам за струја и други работи поврзани со тоа. Сега, се разбира, е значително полошо. Тој стан за кој, да речеме, плаќав 3000 долари или требаше да плаќам 3000 долари во 2019 година„, вели еден жител на градот имигрант, и додава:

Сега е 4.500 долари тој стан, па и повеќе, и тогаш можете да видите зошто мерката на градоначалникот е популарна кога вели: Ќе го ограничиме тоа колку може да се зголемат кириите и ќе преземеме други мерки за изградба на евтини и достапни станови за да им овозможиме на жителите на Њујорк да живеат во Њујорк„.

Сега, дали се ова популистички идеи или можеби дури и некои социјалистички идеи? Не може да се каже, но прашањето сепак е може ли навистина да постигне сè што вети. Или ќе биде како Доналд Трамп, кој многу ветуваше во својата изборна кампања, меѓу другото, дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа? Па, еве нè, 9 месеци подоцна, тоа не се случи.

Оттука, леснотијата на ветувањата се само еден пример каде што Мандани помалку всушност личи на Трамп, а не на демократскиот естаблишмент. Се разбира тие мерки може да изгледаат популистички, а од друга страна тој всушност сака да го оствари тоа. Останува нејасно дали има средства, методи и знаење за всушност да ги спроведе тие мерки во реалноста. Ако му ветите на некого дека ќе има бесплатни автобуси, тоа не е прв пат некој да го проба тоа во Њујорк. Многу голем проблем е во врска со безбедноста на возачите на автобуси и на самите граѓани и разни други нешта, а да не зборуваме за парите. Само една од тие мерки, веке е објавено дека ќе чини околу 600 милиони долари, но економистите велат дека ќе бидат потребни милијарди. Само за едно ветување.

Зохран Мандани, со своите револуционерни идеи е потенцијална закана за традиционалниот американски државен апарат!

Можеме ли да го кажеме дека тој и Доналд Трамп всушност се многу послични отколку што изгледа? Секако многу послични се отколку што изгледаат. Американските аналитичари сметаат дека тој ќе биде еден вид играчка (занимација) за Трамп во наредните месеци и години.

Но, за демократите, за стариот демократски естаблишмент, Мамдани е поголема опасност од Трамп. Апсурдно, но вистинито!? Тој е опасност за нив, тој е непознат, тој е нешто што е апстрактен концепт за нив, и различен и од Сандерс и од Александра Окасио-Кортез, што го корегираме.

Берни Сандерс рече дека не гледа причина зошто моделот од Њујорк не може да се прошири на цела Америка и дека тоа е нешто што се подготвува за 2028 година. Има аналитичари кои не веруваат во тоа. Сепак, Њујорк не е огледало на Америка како таква. Њујорк не е нешто на што треба да се фокусира толку многу внимание кога станува збор за претседателски избори.

Сега кога сите зборуваме за победата на Мамдани, прашањето е дали сите зборуваме поради неговото потекло, возраст и позадина и како стигнал таму? И дали тој рецепт навистина може да се копира во остатокот од Америка?

И каков е ставот на демократите кон Мамдани, што велат тие за него? Дали има целосна поддршка од партијата или не?

Кратка историја на Демократската партија на САД!

Анализите упатуваат на тоа дека Мамдани можеби ќе стане национален претставник на левичарските демократи, социјалдемократите. Демократски социјалисти. Тој е опасност за демократите како Ненси Пелоси. Но, тој им е непознат, нешто што е револуционерно на некој начин, но нешто што не можат да го контролираат.

Го гледавме Барак Обама таму само на крајот од кампањата, кој рече дека не го поддржува, но дека е подготвен да му помогне во кампањата, а подоцна ако стане градоначалник, со совети и слично. А, многу политички аналитичари веруваат дека појавата на Обама во кампањата на Мамдани кажува дека постои кадровска криза меѓу демократите.

Оттука, наместо малку да се вратат во центарот, демократите се поместуваат уште повеќе кон лево, а тоа се виде во последната година. Од друга страна, тие немаат јасен лидер, тука е гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Тој ќе се обиде да биде фаворит таму, но прашањето е дали ќе биде кандидат. И ако дојдат претседателските избори, дали ќе биде таму?

Луѓето кои ги познаваат односите во Демократската партија на Америка многу добро знаеја дека е само прашање на време кога Обама повторно ќе се врати на сцената, а причината е едноставна. Нема друг американски демократ освен Барак Обама. Видовме генерација Бајденови кои поминаа низ секакви проблеми.

Ја видовме Камала Харис која не беше на висината да биде достоен кандидат за Доналд Трамп, а камоли дека сега може да биде кандидатот што ќе ги предводи демократите.

Накратко да ја објасниме кратката историја на Демократската партија во последните 20-30 години. Значи, Бил Клинтон беше претседател и тој создаде одреден апарат за време на неговото претседателствување. Неговата сопруга е Хилари Клинтон, која го наследи тој апарат и се обиде да го искористи за да стане претседател на Америка.

Во еден момент, Обама се појави против нив како аутсајдер. Но, не како кандидат на демократскиот и генерално политичкиот естаблишмент, туку како самосоздаден човек полн со харизма. И на крајот, Бајден го приврзаа на Обама како потпретседател за да тој биде контролиран од естаблишментот. Обама покажа дека е многу вешт како претседател.

И потоа, се разбира, дојде Доналд Трамп, кој повторно беше доволно паметен да не се кандидира против Обама.

Мамдани денес се појавува како аутсајдер против тој партиски естаблишмент. Дали може да има слична кариера или барем да личи или да ја скицира кариерата што ја имаше поранешниот претседател Обама?

Тие на некој начин имаат, да речеме, ист почеток, ако го погледнеме фактот дека тој е аутсајдер, тој е некој на кого демократите не се навикнати како таков, но е многу важно да се знае дека демократите немаа никој друг освен Барак Обама да го исфрлат во оваа кампања. Но Мамдани е некој што влезе во сето ова за целосно да го демонтира постоечкиот систем и Демократската партија и постоечкиот естаблишмент воопшто во Америка.

И сосема за крај, многумина се прашуваат дали Зоран Мамдани може да биде кандидат за претседател на САД. Фактите зборуваат дека тој е натурализиран американски државјанин. Роден е во Уганда. Според Уставот на САД нема право на кандидатура за претседател на САД, исто како што во моментов нема можност, според Уставот, Доналд Трамп да се кандидира по трет пат.

Трамп нема намера да го менува Уставот, барем не засега.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ