Кој и што е Лидл компанија која во Македонија ќе ја смени културата на купување во кое ќе внесе и доживување!?

Запамтете го ова име - Шварц Група. Ова е вистински гигант кој стои зад сè. Лидл, но и Кауфланд, само се највидливите делови на оваа огромна машина. Говориме за најголемата приватна компанија во Европа, една од најголемите во светот, која со нетрпение чекаме да почнат наскоро и во Македонија. Што е важно да се знае за оваа империја?

Првиот столб – недвижности.

Логиката е брутално едноставна. Зошто да плаќате кирија на некој друг кога можете да поседувате земјиште? Шварц група е еден од најголемите сопственици на недвижности во Германија. Сепак ни овде не се застанале. Сега и самите градат целосни станбени комплекси. Тоа не е само заштеда, тоа е долгорочна инвестиција која им дава огромна моќ и стабилност.

Вториот столб – логистика.

И овој потег на Групацијата сè и сите во индустријата ги оставиле без текст. Среде глобалната криза во ланецот на снабдување, Лидл направи нешто незамисливо. Основале своја бродарска компанија. Зошто? Поради апсолутна контрола на целиот процес.

Никогаш да не зависат од други за транспорт на стоки од Азија. И таман кога ке помислите дека не може да биде неверојатно, доаѓаме до третиот, најамбициозен столб.

Трет столб – технологијата.

Прашањето повеќе не е дали Лидл ќе продава поевтини намирници, туку дали Шварц Групацијата тајно гради европски одговор на Амазон.

Погледнете ги само потезите со визија и конкретна изработена стратегија. Градат сопствена онлајн платформа за продажба, директно конкурентна на Амазон, создадоа сопствен облак сервис за да се натпреваруваат со Амазон. Веб услуги. Инвестираат стотици милиони евра во вештачка интелигенција со цел да создадат германски ривал за ChatGPT и градат целосен иновациски парк, за да го поттикнат развојот на AI технологијата.

Лидл успеал да изгради глобална малопродажна империја применувајќи принципи на ефикасност и иновации. Зад овој глобален бренд кој наскоро ќе почне да работи и во Македонија стои моќната – Шварц Група – која постојано инвестира и се шири на други индустрии.

Приказната на Лидл претставува фасцинантна студија на случај за тоа како мала дисконтна продавница може да се претвори во глобален индустриски гигант.

Сигурно ви е позната сликата на Лидл продавница. Таа слика е дел од нашата секојдневица кога сме во Грција, а наскоро ќе ја гледаме и низмакедонските градови? Синоним за брз, добар и поволен шопинг.

Да би разбирале како стигнале до овде, мораме да се вратиме назад на почеток, во првиот дел од нашата приказна. Формула на ефикасност. Овде ќе видиме како Лидл изградил цела империја на еден, единствен принцип. Немилосрдна ефикасност и тоа така што е. Приказната започнува прилично скромно, со велепродажба која е почната во период кога земјата е срамнета од бомбардирањата во втората светска војна. Но, клучниот момент се случува седумдесеттите години од минатиот век.

Синот на основачот, Дитер Шварц, носи една неверојатно храбра и дрска одлука. Наместо да измислува нешто целосно ново, тој одлучи да направи нешто многу поедноставно. Во целост го превзеде бизнис моделот на својот главен конкурент – Алди.

И таа одлука покрена револуција. Како се цените така ниски? Не е магија, туку чиста, ладна логика. Системот е генијален во својата едноставност.

Прво, на полиците се само производи кои најбрзо се продаваат. Помалку избор, но побрз проток и обрт на пари. Поголема ликвидност.

Второ, стоката оди директно од транспортните кутии на полици. Нема губење време на редење. Трето, Помалку вработени, но секој од нив работи сè.

Четврто, клучна работа, сопствени брендови. Со тоа контролираат апсолутно сè, од квалитетот до цената и не плаќаат ни цент за маркетинг на големите глобални компании.

Интелегено мали трошоци на работење и огромна моќ во целиот свет!

Секој од овие чекори точки директно ги намалува трошоците, а тоа на крајот се гледа на сметката на потрошувачите на касата. Таа ефикасност не застанува на производите, туку се пренесува и на самиот простор.

Погледнете ја разликата во големината. Значително помала продавница значи драстично пониски трошоци за сè, од закуп и данок до греење и струја. Секое евро што ќе го заштедат на одржување на просторот, е евро што можат да го симнат од цената на производот, или да го додадат на својот профит.

Но, како го пренеле тој едноставен модел на целиот свет?

Е, сега преминуваме на приказната за глобалното освојување. Од една единствена продавница во 1973. до повеќе од 12.000 продавници ширум светот денес. Овој број е едноставно неверојатен, затоа што не покажува само раст, туку и застрашувачка брзина со која Лидл од локален дисконт стана глобален малопродажен гигант.

Кец во ракавот!

Е, ова е нивниот кец во ракав. Нивното тајно оружје. Прочуениот среден ред. Од алат до облека и тоа во ограничени количини. Тие создаваат чувство на итност и лов на богатство. Тоа е чист психолошки трик кој нè тера да се враќаме и враќаме назад во продавниците, бидејќи никогаш не знаеме што би можеле да пропуштиме важно на средниот ред од полиците. Генијално!

Но, во Лидл не се задоволија само со ниските цени. Тие сфатија дека мораат да понудат повеќе, па почнаа да победуваат и на полето на квалитетот. Нивните производи под приватната трговска марка, почнаа да освојуваат награди, и да победуваат далеку поскапи премиум брендови. Додадоа пекари со свежи пецива, и воведоа мали, но паметни иновации како што се повеќе бар кодови на производот, како би касиерите можеле да го скенираат побрзо. Малку по малку трансформирале се од евтин во интелегентен избор.

За Лидл небото е лимит со јасна визија, цели и стратегија

Сега доаѓаме до делот кој менува апсолутно сè, затоа што Лидл не се само продавниците за млеко и леб и други прехрамбени производи. Што навистина се крие зад името Lidl? Влегуваме во скриената империја.


Елементи на моќта на Лидл

Формула на ефикасност: Лидл ја изградил својата империја на принципот на немилосрдна ефикасност, копирајќи го бизнис моделот на својот главен конкурент, Алди. И го победил.
Глобално ширење: Од една продавница 1973. до повеќе од 12.000 ширум светот денес, Лидл доживеал неверојатно брз глобален раст.
Тајно оружје – среден ред: Лидл создал чувство на итност и лов на богатство воведувајќи “среден ред” – продажба на случајни производи во ограничени количини.
Квалитет и иновации: Лидл успеал да го подобри квалитетот на своите производи под приватна трговска марка и вовел мали, но паметни иновации.
Скриена империја – Шварц Групација: Зад Лидл стои моќната Шварц Групација, една од најголемите приватни компании во Европа, која се шири на недвижности, логистика и технологија.
Лидл успеал да го подобри квалитетот на своите производи и услуги, трансформирајќи се од евтин во интелегентен избор за потрошувачите.

Запамтете го ова име, Шварц Група. Ова е вистински гигант кој стои зад сè. Лидл, но и Кауфланд, само се највидливите делови на оваа огромна машина. Говориме за најголемата приватна компанија во Европа, една од најголемите во светот. Па од што се состои таа империја?

Првиот столб – недвижности. Логиката е брутално едноставна. Зошто да плаќате кирија на некој друг кога можете да поседувате земјиште? Шварц група е еден од најголемите сопственици на недвижности во Германија. Сепак ни овде не се застанале. Сега и самите градат целосни станбени комплекси. Тоа не е само заштеда, тоа е долгорочна инвестиција која им дава огромна моќ и стабилност.

Вториот столб – логистика. И овој потег на Групацијата сè и сите во индустријата ги оставиле без текст. Среде глобалната криза во ланецот на снабдување, Лидл направи нешто незамисливо. Основале своја бродарска компанија. Зошто? Поради апсолутна контрола на целиот процес.

Никогаш да не зависат од други за транспорт на стоки од Азија. И таман кога ке помислите дека не може да биде неверојатно, доаѓаме до третиот, најамбициозен столб.

Трет столб – технологијата. Прашањето повеќе не е дали Лидл ќе продава поевтини намирници, туку дали Шварц Групацијата тајно гради европски одговор на Амазон.

Погледнете ги само потезите со визија и конкретна изработена стратегија. Градат сопствена онлајн платформа за продажба, директно конкурентна на Амазон, создадоа сопствен облак сервис за да се натпреваруваат со Амазон. Веб услуги. Инвестираат стотици милиони евра во вештачка интелигенција со цел да создадат германски ривал за ChatGPT и градат целосен иновациски парк, за да го поттикнат развојот на AI технологијата.

Ова не се споредни проекти, ова е стратегиски план за да станат технолошки лидер на Европа. Секако, ваков метеорски напредок и толкава моќ никогаш не доаѓаат без својата цена.

Кога подвлекуваме црта, патот од една мала дисконтна продавница до глобалната скриена империја е навистина неверојатен.

Ја трансформираа малопродажбата, сега влегуваат и го преобликуваат пазарот на недвижности, логистика и висока технологија. Прашањето кое на крајот останува да виси во воздухот е која е следната индустрија на нивната листа за освојување.

Редакција Капитал

Редакција Капитал

...само идејата е Капитал, а сè друго е пари...

Напишете коментар

Your email address will not be published.

оди наВРВ