Кој ќе ја спаси Грција од банкрот? Меркел до Ципрас: „Лично ќе ти помогнам“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Грција се’ уште преговара со ММФ и ЕУ околу економските реформи кои мораат навреме да се спроведат, како земјата би добила заем од кредиторите во висина од 7,2 милијарди евра

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, доцна синоќа се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, кои потсетија дека владата во Атина мора да се заложи повеќе како би ги добила неопходните средства потребни за избегнување на банкрот.

Светските медиуми повикувајќи се на официјални грчки претставници, велат дека разговорите во Рига биле „пријателски и конструктивни“ и дека Меркел лично се заложила да помогне со цел постигнување долгорочен договор за решавање на должничката криза.

„Меркел и Оланд ја разбираат потребата за таков договор и се спремни лично да придонесат во забрзување на процесот“, пишуваат светските медиуми.

Ципрас неоддамна во разговор со бизнис заедницата, најави дека владата во Атина е во последната фаза од преговорите за постигнување договор со меѓународните кредитори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×