Kој заработува најмногу и чии примања најмногу пораснале за пет години
Објавено на од во луѓе и компании

platiФилмаџиските плати со најголем скок, а програмерските станаа највисоки

За пет години просечната нето плата во Македонија е порасната за едвај 7%, според официјалната државна статистика. Кога ќе се прилагоди тоа на порастот на трошоците на живот за 5-6%, на ниво на цела економија попусто е што некои бизнис сектори, како софтверската индустрија, на пример, имаат раст на платите и од 60-70%. Таму работат од 3 – 4.000 луѓе, или помалку од 1% од вкупниот број на вработени во државата. Секторите  што вработуваат најмногу луѓе, како преработувачка индустрија, трговија, итн., имаат пораст на просечните плати од само  десетина проценти.

Програмерите се очигледно барана работна сила во Македонија во последно време, што се гледа и од порастот на нивните плати. Според  Државниот завод за статистика, за пет години просечната нето плата во дејноста Компјутерско програмирање пораснала за 70%, на 48.264 денари, колку што изнесувала во јули годинава. Тоа е и највисоката исплатена просечна нето плата во Македонија, за околу 1.000 денари повисока од онаа во дејноста Воздухопловен транспорт со 47.020 ден.  Следат Производство на фармацевтски производи со 42.020 ден., Телекомуникации со 41.491 ден., Финансиско – услужни дејности (освен осигурување) со 40.293 денари, итн.

За периодот јануари – јули годинава, ако се спореди со истиот период во 2011 –та, просечната плата на програмерите изнесува 47.340 денари, што е за 58% повеќе.

Капитал пред неколку месеци во специјалниот прилог за софтверската индустрија во земјава, напиша дека секојдневно расте бројот на софтверските компании во земјава, затоа што расте потребата за софтверски продукти и услуги на светскиот пазар. Расте и извозот на софтверски услуги, каде што главен збор имаат аутсорсинг услугите, а предизвик за компаниите е како да направат повеќе сопствени производи, и да ја зголемат вредноста на својот бизнис. Истовремено расте и цената на програмерите, а и нивниот одлив во странство, па домашните фирми с$ потешко наоѓаат кадри, додека платата на искусен програмер стигнува и до 1.500 – 2.000 евра.

plati 1Платите во телекомуникации паднале?!

Дејноста  програмирање сепак нема најголем пораст на просечната плата забележан во некој бизнис сектор што го нотира  официјалната статистика.

Најмногу, дури 147%, платите пораснале во Филмската дејност, продукција на видео и телевизиска програма итн., каде што за пет години просечната нето плата пораснала на 32.519 денари за периодот јануари – јули, 2016, најнови податоци што се на располагање од државната статистика. Оваа дејност спаѓа во секторот Информации и комуникации, каде што, според последните расположливи податоци од октомври 2014, работат вкупно околу 10.000 луѓе, од кои што само околу 500 се во филмската и останатите дејности во таа категорија.

Карактеристично е што во рамки на секторот Информации и комуникации, дејноста Телекомуникации бележи пад на просечната плата од 3% на 41.491 денари за јули месец, а за споредбено први седум месеци годинава со ист период 2011, просекот во оваа дејност е паднат за дури 18%?!  Сепак, години наназад телекомуникациите се сепак меѓу првите пет дејности со највисока просечна плата во Македонија, заедно со програмирањето, фармацевтската индустрија, воздухопловниот транспорт и финансискиот сектор.

Втора според порастот на просечната нето плата е дејноста Помошни услужни дејности во рударството, од 91,3% на 24.268 денари, каде што работат само околу 100-150 луѓе, па затоа овие високи промени во износот не влијаат врз стапката на промена на платата во главниот економски сектор, Рударство и вадење камен, каде што просечната нето плата за пет години е зголемена за 12,5%. Следат Спортски, забавни  и рекреативни дејности со пораст од 76.8% на 35.687 денари (1.300-1.500 вработени); Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, со 70.8% на 22.679 денари (1.800-2.000 вработени); Останати стручни, научни и технички дејности со 62% на 38.977 денари (1.300-1.500 вработени), итн. Сите овие дејности вработуваат малку луѓе во споредба со вкупниот број на вработени (најнов податок, околу 720.000), па овој висок пораст на платите предизвикан од зголемената побарувачка на тие кадри на пазарот во одреден момент или период, не може да има позначајно влијание врз целокупниот пораст на платите и стандардот до домашната економија.

plati 2Градежната експанзија ги крена платите на инженерите и мајсторите

Од дејностите пак,  кои што вработуваат најмногу луѓе, најголем пораст на платите има во градежништвото, 34% за пет години, односно на 21.082 денари просечна нето плата. Карактеристично е што во рамки на градежништвото, во дејноста нискоградба, забележан е пораст на просечната плата од дури 57%, од 16.878 на 26.111 денари, а следат дејностите изградба на згради со 38% (од 12.709 на 17.721 денар) и специјализирани градежни дејности со 14% (од 17.355 на 19.704 денари). Градежништвото беше еден од економските сектори кои што во транзицијата речиси целосно замре, каде што платите беа константно ниски, а безмалку и  да немаше нови вработувања. Во последниве неколку години заради експанзијата во градењето на станбени и деловни објекти, како и на инфраструктурни проекти (патишта, мостови, итн.) бројот на вработени се зголемува, но заради тоа што с$ потешко се наоѓаат работници и во оваа дејност, растат и нивните плати. За пет години, бројот на вработени во градежниот сектор е зголемен од околу 40 илјади на речиси 53 илјади во вториот квартал од 2016, односно за една третина, а во вкупниот број на вработени овој сектор учествува со 5,84%.

Преработувачката индустрија, која што од главните економски сектори на статистичката анализа има најголем удел на вработени (преку 18% или околу 140 илјади вработени), бележи пораст на просечната нето плата од безмалку 12%, на 16.833 денари, додека Трговијата на големо и мало, исто така со голем број вработени (11%, околу 102 илјади вработени) има пораст на просечната плата од 9%, на 20.242 денари.

plati 3И текстилците конечно да видат бел ден – барем статистички

Значителен пораст на платите статистиката бележи во текстилната индустрија, во односно производство на текстил. Во овој сектор просечната нето плата во јули годинава била 15.320 денари, што е за 59% повеќе во однос од пред пет години, кога изнесувала 9.581 денар. Инаку, дејноста производство на текстил не треба да се меша со дејноста производство на облека. И двете дејности спаѓаат во една од главните групи на дејности, преработувачка индустрија, но во производство на текстил има далеку помал број на вработени (околу 5.000 наспроти 30.000 во производството на облека, според последните расположливи податоци на државната сатистика, за крајот на 2014 година), иако нивниот број во 2014 пораснал за дури 80% во однос на 2013. Истовремено, бројот на вработени во производството на облека останал речиси ист во истиот период. Во Заводот за статистика не сакаа да откријат на што конкретно се должи високиот пораст на вработувањата во производството на текстил, односно кои компании вработиле 2.500 луѓе за една година.  Според наши сознанија, дејноста производство на текстил  опфаќа неколку странски инвестиции отворени последниве години во Македонија, кои што понудија и повисоки плати со цел да ги привлечат работниците од оваа индустрија, традиционално позната по својата трудоинтензивност и ниските плати.

Инаку, и во дејноста производство на облека се забележува пораст на просечната нето плата во период од пет години, за 20%, односно од 10.332 денари за периодот јануари – јули 2011 на 12.412 денари за истиот период годинава. Да истакнеме, ова се просечни вредности што ги нотира официјалната статистика, а во пракса секако дека има екстремни вредности и на долниот и горниот дел од спектарот, како примерот деновиве на работниците во текстилната фабрика во Македонска Каменица, кои што штрајкуваа заради наводно екстремните услови за работа – плати ниски и до 6.000 денари, а дневно и по 11 часа работа.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи, кој што и самиот е во текстилниот бизнис, вели дека порастот на платите во производството на текстил и производството на облека  се должи на тоа што сè потешко се наоѓаат работници за овие индустриски гранки, а законското одредување на минималната плата исто така, придонело за кревање на просекот.

“Во оваа индустрија дојдоа и доста странски инвестиции, но и доста млади се иселуваат или работат сезонски во Италија и сл., особено од источниот дел на земјава каде што има многу текстилни фабрики. Но, ако текстилните фабрики не воведат поголема автоматизација и технологии на производството и продуктивноста не се покачи, со ова темпо на пораст на платите тешко ќе останат конкурентни со цените на светскиот пазар“, вели Димитров.

Инаку, просечната нето плата исплатена во Македонија во јули месец годинава изнесува 22.334 денари, што е за 2,2% повеќе во однос на истиот месец лани, додека реална нето плата прилагодена за инфлација (односно дефлација),  пораснала за 2,5%. Најниска плата се исплатува во секторот рибарство и аквакултура, 11.823 денари,а 1,6% од вработените во јули не примиле плата.

plati 5
plati 4

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×