Кока Кола го откри пазарот што ќе им го спаси бизнисот
Објавено на од во Компании

Откако продажбата на сокови во САД почна да се намалува, компанијата Кока Кола е во потрага по нов пазар што ќе ги надомести намалените приходи. Од компанијата велат дека тоа е токму Африка.

Според најавите на компанијата, до 2020 година планираат да вложат 17 милијарди долари во освојување на африканскиот пазар, а очекуваат дека ќе заработат двојно повеќе.

Пред неколку дена, Кока Кола објави дека извозот во Африка лани надминал рекорд од 2012 година, кога купи удел од 40% во најголемиот Нигериски производител на сокови, Chi ltd. од групацијата TGI, а остатокот од компанијата планираат да го преземат во следните три години.

„Навистина сме оптимисти за економскиот раст на Африка и ја шириме нашата понуда со нови производи со цел да ги задоволиме вкусовите на нашите потрошувачи таму“, изјави за Business Insider директорот на Кока Кола за источна и западна Африка, Кевин Балогун.

Додека Американците се помалку пијат сокови, најголемиот полнач на Кока Кола во Африка, SABMiler објави раст на продажбата за 13% во Африка и за 21% во Јужна Африка.

Прилагодувајќи се на африканскиот пазар, Кока Кола ги произведе соковите Sparletta Stoney Tangawizi и Krest Bitter Lemon само за овој пазар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×