“Cоcа-Cоlа” ја презема српската кондиторска компанија “Бамби” за 260 милиони евра
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Coca-Cola HBC Serbia објави дека Coca-Cola HBC AG го започнал процесот на стекнување на водечката домашна кондиторска компанија Bambi од фондот Mid Europa Partners за износ од 260 милиони евра.

bambi srbija

Coca-Cola HBC соопшти дека ја купува водечката кондиторска компанија Бамби за 260 милиони евра од приватниот инвеститор Mid Europa Partners. Со овој потег компанијата Coca Cola HBC  го проширува своето портфолио и присуство на Балканот.
Компанијата Бамби, која е основана во 1967 година, годишно остварува приходи од околу 80 милиони евра, а во нејзиниото портфолио влегуваат производство на бисквити, вафли и солени бисквити. Таа поседува неколку брендови кои одлично се позиционирани во земјите од поранешна Југославија, како Bambi, Plazma, Wellness, Zlatni Pek и Josh.

Се очекува зделката да биде завршена во второто тромесечие на 2019 година.

Главниот извршен директор на Coca-Cola HBC AG Зоран Богдановиќ рече дека стекнувањето е одлична можност за создавање додадена вредност за компанијата, купувачите и акционерите.

“Нашата стратешка намера е дека оваа аквизиција ќе и овозможи на компанијата нов развојен потенцијал во Србија и во регионот, како и можноста за проширување во комплементарни категории на производи”, велат од компанијата.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×