Колку чини корона -кризата: 320 милиони евра за три месеци
Објавено на од во Економија
Бруто – домашниот производ на Македонија во месеците април, мај и јуни има пад од 12,7%; преработувачката индустрија  е падната за речиси 30%, трговијата со се’ транспортот и угостителството за 23,4%, бруто инвестициите за 25,6%, извозот за 31,3%, а увозот за 29,6%.
 GDP
Проекцијата што уште во месец април  ја даде Институтот Finance Think од Скопје околу движењето на македонската економија годинава, се оствари прецизно до децимала: нивното предвидување за пад од 12,7% на бруто – домашниот производ  во вториот квартал, денеска и официјално ја потврди  Државниот завод за статистика, односно за толку е намален БДП пресметано по производниот метод, изразено волуменски.Подетално, во месеците април, мај и јуни, главно поради „локдаунот“ на државата, карантините и полицискиот час во тој период, пресметана е помала економска активност за речиси 30% во преработувачката индустрија (29,4%) и за 23,4% во трговијата на големо и мало со сe’ транспортот и угостителството.
Тоа се дејностите што претрпеа најмногу поради вонредните мерки за превенција од пандемијата што ги донесе државата. Земјоделството имало раст од 4,5%  пресметано според производниот метод, волуменски  индекси, додека градежништвото е со минимален пад од 0,5%. Раст од 0,9% има во секторот информации и комуникации, додека во финансиските дејности и осигурувањето забележан е пад од 3,1%.
Во секторот Јавна управа и одбрана; социјално осигурување; образование; здравство забележан е раст од 2,2%, додека во секторот уметност, забава и рекреација и други услужни дејности, пад од 0,2%.
Во апсолутен износ пресметано во пари, падот на БДП во вториот квартал го чини македонското општество речиси 20 милијарди денари (околу 320 милиони евра), односно за месеците април, мај и јуни пресметана е вредност на БДП од 149,8 милијарди денари, за разлика од 169,4 милијарди денари истиот период лани што е за 11,6% помалку. Загубата на вредноста во преработувачката индустрија е околу 104 милиони евра, а во трговијата, транспортот, и угостителството заедно, новосоздадената вредност во вториот квартал е за околу 114 милиони евра помала во однос на истиот период лани.
Реалниот пад на БДП пак, каде што нема влијание инфлацијата, изнесува 10,6%, пресметано според производниот метод, по постојани цени. Падот кај преработувачката индустрија е 27,4% или 97,7 милиони евра, додека кај трговијата, транспортот и угостителството падот е 20,8% или околу 112 милиони евра.
 Според расходниот метод пак, по тековни цени, финалната потрошувачка учествува со 133,5 милијарди денари (2,17 милијарди евра), или 89% во вкупниот износ на БДП за вториот квартал. Од тоа, 79% отпаѓа на финалната потрошувачка на домаќинствата, а остатокот на финалната јавна потрошувачка. Бруто инвестициите во вториот квартал се помали за 30% во однос на истиот период лани и изнесуваат 31,7 милијарди денари или 516 милиони евра. Извозот на стоки и услуги е помал за 32% и изнесува 1,17 милијарди евра, додека увозот е помал за 30,2% и изнесува 1,43 милијарди евра.
Во реални износи, по постојани цени, финалната потрошувачка изнесува 129,5 милијарди денари (2,1 милијарди евра) и учествува со 87,7% во вкупниот БДП за вториот квартал. Од тоа, 79,3% отпаѓа на финалната потрошувачка на домаќинствата, а 20,7% на финалната јавна потрошувачка. Бруто инвестициите во реален износ се 33 милијарди денари (537 милиони евра) и зафаќаат 22,4% во вкупниот БДП, а извозот и увозот изнесуваат 1,19 и 1,43 милијарди евра респективно.
Според расходниот метод, волуменските индекси кај БДП изгледаат вака: вкупниот БДП е помал за 12,7%, финалната потрошувачка за 9,2% (финалната потрошувачка на домаќинствата за 11,6%, а на државата е зголемена за 1,5%), бруто инвестициите се помали за 25,6%, извозот е паднат за 31,3%, а на увозот за 29,6%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×