Колку е реално остварлива и како ќе изгледа брзата кинеска пруга?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По официјалното објавување на плановите за изградба на брза железница од Грција до Западна Европа преку Македонија и Србија со кинески пари околу изводливоста на ова решение веќе  почнаа да владеат поделени мислења. Ефектите и бенефитите од секое инфраструктурно напредување се познати и позитивни. Прашањето кое го поставува експертската јавност е дали самиот проект е реално остварлив и финансиски исплатлив.

 

Првичните проценки се дека најверојатно ќе нема потреба од изградба на целосно нова линија, туку само реконструкција и доградба на постоечката мрежа која е дел од коридорот 10. Во прилог на ова одат и фактите дека делови од оваа линија која се протега од северот до југот на земјава веќе се реконструирани со пари од европските фондови. Согласно на тоа сесмета дека ќе се потребни многу мали корекции.

Но, многумина експерти имаат тотално различно мислење. Според нив, ако Македонија навистина влезе во овој проект ќе треба да се замени цела постојна пруга долж Коридорот 10.

Македонската пруга долж Коридорот 10 со последните реконструкции од 2012 година е проектирана брзина на возовите од 120 километри на сат, а брзите железници бараат истата да може безбедно да издржи возови кои ќе се движат со брзина помеѓу 160 и 200 километри. Во некои проценки се зборува дури и за 300 км на час.

Дејан Трпевски, претставник на чешката Локо Транс во Македонија и човек кој цела работна кариера е во бизнисот со железници се обиде да ни ги доближи дилемата околу тоа како би требало да изгледа или да се гради новата супер брза пруга.

„Ако навистина Кинезите сакаат да достигнат брзини на движење како оние што ги пренесуваат медиумите, тогаш дефинитивно им е потребна целосно нова траса на пругата. Значи не станува збор само за промена на металнитеделови и подлогата, бидејќи најголем проблем се самите кривини. Дали можете да замислите воз со брзина од 200 или еве да речеме 300 км на час да влезе во кривини и тунели како оние во Демиркаписка или Таорска клисура? Значи потребно е целосно нова траса и целосно нова пруга изградена по сите стандарди за безбедност на брзи железници“, вели Трпевски.

А на нашето прашање колку би чинело сето тоа Трпески ни даде интересна проценка.

„Ако километар на обична пруга чини два три до пет милиони евра, брза пруга би требало да чини барем 7 до 8 пати повеќе. Тоа се светски стандарди од кои нема бегање. Останува да се види дали има економска исплатливост за тоа“, смета Трпевски.

Од Македонската транспортна асоцијација се поголеми оптимисти, но и тие додаваат дека гледано од трошковен и технички аспект, може да дојде до неусогласеност на постојните решенија кои се однесуваат на модернизирање на пругата на делот од Коридорот 10 во Македонија со потребите на „брзата пруга“, бидејќи сегашното модернизирање на пругите во Македонија се прави за брзина на возовите од 120 километри на час, не за брзина од 160 километри на час, колку што се предвидува за „брзата пруга“.

„Доколку се прифати учество во овој проект, тогаш ќе треба одделни делови од пругата во земјава да се изградат одново, а останатите делови само да се приспособат на планираната брзина од 160 километри на час“.

Од Асоцијацита сметаат дека значајно е да се нагласи дека за да може Македонија да одговори на овие предизвици ќе има потреба од обезбедување на високи износи на финансиски средства.

„Во овој момент, без соодветна финансиска поддршка од меѓународните финансиски институции и без поширока регионална финансиска поддршка, која би се реализирала преку заеднички регионални проекти, а во ситуација на исцрпена финансиска моќ на стопанството, таа, реално, не е во можност на истите соодветно да одговори“.

One thought on “Колку е реално остварлива и како ќе изгледа брзата кинеска пруга?

  1. Значи се убаво кажано, мегутоа кој паутвал со брз воз видел….брз воз кај алпите патува со 35 миљи на час за разлика од по рамно каде патуваше со 202 миљи на час…..значи и горе нема пруги секаде за такви брзини…..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×