„Проценките се дека вредноста на стоката од централна Србија која не заминала за Косово, во последните два месеци откако еднострано беа воведени такси од 100%, се околу 66,2 милиони евра. Секако, мултинационалните компании продолжија да продаваат преку нивните филијали во соседните земји како Македонија и останатите“, за Новости истакнал министерот за трговија и туризам на Србија, Расим Љаиќ. Откако се воведени таксите, Македонија бележи раст на извозот за Косово од над 40%.

Српските производители за 9 месеци во 2018 година на Косово и Метохија пласирале стока со вкупна вредност од 393 милиони евра, во просек 39,3 милиони евра месечно. Во Ноември бројката паднала на 17,2 милиони евра. Од Јануари до Октомври на Косово се извезла храна во вредност од 74 милиони евра, што е околу 7,4 милиони евра месечно. Во Ноември, кога се воведени таксите, прво 10 а потоа 100%, пласманот на храна на Косово паднал на 3,2 милиони евра.
„Ние се занимававме со проценките. Доколку ваквите такси останат на сила во текот на целава година, ќе го намалат БДП за околу 0,7%. Тоа значи губење на суфицит во буџетот во вредност од 400 милиони евра. За толкава сума станува збор. Тие потоа нахнадно го направија истото и со пласманот на странските компании во Србија. Сега е тешко да се процени како ќе изгледаат работите. Лично верувам дека таксите наскоро ќе се укинат затоа што ми изгледа дека има многу притисок. Штетата е направена, но не станува збор само за материјалната штета. Од искуството сме научиле дека настануваат проблеми кога ќе се скинат трговските врски. Некој друг завзема позиција, па потоа не е лесно да се вратат работите на свое место. Нема да има проблем нашите производители да се вратат на северот на Косово, таму каде е нашето население“, изјавил економистот Иван Николиќ.
Љаиќ смета дека сè укажува на тоа дека Приштина ќе ги повлече таксите:
„Приштински, односно косовски увозници одат на север и се интересираат за српска роба која би ја увезле веднаш откако ќе се укинат таксите, затоа што веќе има најави дека тоа ќе се случи. Затоа и сe зборува за т.н. „привремено суспендирање“ и „привремено повлекување“ на таксите.“
„Приштинските институции сега бараат излез а да не бидат поразени“, изјави тој или, по зборовите на Милован Дрецун подоле на сајтов, „да не се обрукаат.“
Пред неколку дена, член на партијата „Алијанса за иднина“, го оптужил Белград дека таксите биле воведени затоа што Албанците се труеле со српските производи…