Анализа на Капитал: Колку лесно се отвора фирма во регионот?
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во Словенија се отвора фирма за еден ден, во БиХ за 15. Минимален капитал за Д.О.О во Црна Гора, Србија и Хрватска е едно евро, во Македонија 5.000 евра, во Словенија 7.500 евра. Најмалку  данок на добивка ќе платите во Црна Гора (9%), Македонија и БиХ (10%), додека најмногу во Хрватска (20%)

Во редакциите на Бизнис плус во Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Македонија ги споредивме условите за отворање на фирми, друштва со ограничена одговорност – д.о.о и акционерски друштва – а.д., во овие земји. За мислење прашавме бизнисмени и аналитичари. Видовме кои држави овозможуваат електронска регистрација на компаниите, колку минимално требаат време и пари за отворање на фирма и некои други споредливи податоци. Треба да се спомене и дека во сите држави може да се најде опис на постапките за регистрација за идниот бизнисмен однапред да може да ја подготви потребната документација.

Словенија овозможува поврат на социјални придонеси

Словенија, на пример, за прва постојана работа на неопределено време, секако под определени услови, овозможува поврат на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, делумно ослободува од плаќање придонеси за постари работници, самовработени, даночни олеснувања и сл. Листата на опции може да ги видите на (http://www.durs.gov.si/en/). Македонија има неколку програми за стимулација и олеснување на самовработување (www.samovrabotuvanje.mk), стимулации за компании што отвораат нови работни места (http://www.avrm.gov.mk/)

Можностите  за стимулации во Хрватска треба да се проверат кај секоја институција посебно, на пример на интернет страниците на Министерството за претприемништво и мал бизнис (http://www.minpo.hr/), Агенцијата за мало стопанство и инвестиции (www.hamaginvest.hr), Хрватската стопанска комора (www.hgk.hr), и други.

Andreja Skofic, Deloitte Slovenia

Andreja Skofic, Deloitte Slovenia

Во смисла на постапка за основање компанија, кај а.д. таа е доста едноставна, можно е бесплатно да се основа со помош на онлајн порталот eVem. Инаку, законодавствата во земјите од поранешна Југославија се споредливи со нашето, затоа што се темелат на иста правна традиција

 

Игор Гавран, економски аналитичар, Босна и Херцеговина

Игор Гавран, економски аналитичар, Босна и Херцеговина

 

 

Доколку фирмата се занимава со бизнис што користи суровини што во БиХ ги има, тогаш може да биде поповолно за неа, но и за домашното население

Tabela-region

Во Србија ослободување од данок на добивка за инвестиции над 7 милиони евра

Во Црна Гора каде што владата нуди олеснувања за домашните и странските инвеститори. До сега осум општини донеле одлуки за прогласување на деловни зони отворени за вложувања, и тоа Беране, Колашин, Мојковац, Бијело Поље, Никшиќ, Цетиње, Улцињ и Подгорица.

Србија, меѓу другото нуди можности за неплаќање данок на добивка за компании што инвестираат повеќе од седум милиони евра и што вработуваат најмалку 100 луѓе, а нуди и кредити и погодности за гринфилд инвестиции. Прегледен водич за инвеститорите подготви и Српската стопанска комора (http://www.pks.rs/).

Македонија исто така нуди дузина погодности за странските инвеститори во т.н. технолошко-индустриски развојни зони, како што е 10 годишни ослободувања од даночни обврски, бесплатни приклучоци за инфраструктура, царинско ослободување за увезената опрема и суровини, итн. За сите поволности за странските инвеститори може да се прочита на интернет страниците на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (www.fez.gov.mk), како и Агенцијата за странски инвестиции  и промоција на извозот (www.investinmacedonia.mk).

 

Љубо Јурчиќ, професор на Економски факултет, Загреб

Љубо Јурчиќ, професор на Економски факултет, Загреб

Позитивната работа во Хрватска за странците што овде сакаат да отворат фирма е дека данокот на добивка (20%) е меѓу пониските во Европа и дека на компаниите во странска сопственост им е слободно изнесувањето на добивката од земјата. Добри се и книговодствените и ревизорските услуги, што се со меѓународен стандард на квалитет, но сепак поевтини од други земји во Европа

Danijela Fishakov

Даниела Фишаков, Словенечки деловен клуб во Србија

Предностите во Србија се едноставна процедура за отворање фирма, евтина и образована работна сила, 15% данок на добивка, субвенции за нови работни места, подобрен бизнис амбиент, договорите за слободна трговија, пред с$ со Русија, Белорусија, Казахстан, Турција..

 

 

Milutin Ljumovic

Милутин Љумовиќ, сопственик на Камекс, Црна Гора

Неодамна се усвоени законските измени со кои што се скратија роковите за плаќање и тоа би можело да биде дел од решението доколку се почитуваат и ако државните служби и судови бидат ажурни

One thought on “Анализа на Капитал: Колку лесно се отвора фирма во регионот?

  1. Оваа е убава споредба, сепак има нешто интересно во делот за нето/бруто плата. Погледнете за Македонија –
    131 / 206 – скоро 60% разлика, односно оптоварувања, додека во Србија –
    157 / 210 – 43%

    Прашањето е зошто?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×