Колку пари добиваат германските пензионери, и кој ги плаќа?
Објавено на од во Економија

Германскиот пензиски систем се базира на т.н. „Пакт на генерацииите“, воведен уште во времето на Бизмарк. Работниците плаќаат за луѓето кои си го отслужиле својот работен век. Но, колку добиваат германските пензионери?

Senior couple sitting on a wooden bench in the parkОд 1 јули 2019 година во Германија, стапи на сила зголемувањето на месечниот приход на пензионерите, кои се повеќе од 21 милион – односно една четвртина од населението.

Во западниот дел на земјата, пензиите се зголемија за 3,18%, а на исток 3,91%. Но, зошто не се исти?

Законот е таков - систематизацијата се заснова на комплексна формула заснована врз динамиката на порастот на платите. Другите фактори, како што е односот меѓу работниците и пензионерите, исто така играат улога. Ова е причината зошто зголемувањето на пензиите оваа година дури и го надминува растот на платите. Ова не е уникатна карактеристика на германскиот пензиски систем.

“Пактот на генерациите”

Германија е првата земја во светот која воведе државен систем за социјално осигурување. Ова се случуваше на крајот на 19 век под власта на Ото фон Бизмарк. Основниот принцип на овој систем се’ уште е зачуван – т.н. “Пакт на генерациите”, според кој вработените ги поддржуваат пензионерите со одземање на одреден процент од нивната месечна плата за државниот пензиски фонд. Овој фонд не ги акумулира средствата и не ги расфрла, но веднаш ги пренесува на пензионери. Тоа е моделот на директна и непосредна редистрибуција на приходот.

Во првите неколку децении од воведувањето на системот, “Пактот на генерациите” е доста еластичен. На пример, во 1891 година, износот на одбивањата на вработените изнесувал само 1,7% од месечната плата, 3,5% во 1924, 5,5% во 1928 и 10% во 1949 година. Наспроти високата стапка на вработување и релативно скромниот животен век, овие надоместоци се доволни за да се обезбедат постарите лица.

Ситуацијата се менува во последните децении на минатиот век, кога Германија (особено по Обединување) се соочува со економски и со демографски проблеми. Невработените, односно, луѓето кои нема како да допринесат во пензискиот фонд, стануваат повеќе, наталитетот се намалува, додека должината на животот расте значително.

Следува дека помал број на работници треба да поддржат зголемен број пензионери. И колку подолго живеат по пензионирањето, толку поскап е фондот. Покрај тоа, во пресрет на 21 век пензискиот рата се крева до над 20%. Благодарение на добри економски резултати и растот на вработеноста, сега е малку помал – 18,6%.

Овие одбитоци се однесуваат на сите вработени во Германија, но не како процент од нивната целосна плата. Законот воведе плафони: 6.500 евра за западниот дел на Германија, 5.800 за источиот. Надминуването на овие износи не подлежи на данок на пензија, но плафоните периодично се зголемуваат.

Работодавачот и работникот плаќаат подеднакво

Половина од придонесите на работниците се на товар на нивните работодавци. Дополнително на тоа се значајни придонеси од државниот буџет – на пример дел од приход од ДДВ и специјален еко-данок на гориво.

Прогнозите на експертите велат дека во 2021 година придонесите во пензискиот фонд ќе надминат 100 милијарди евра. Ова ќе биде еден од ефектите на т.н. ” “Пензиски пакет”, според кој Владата гарантира дека до 2025 година пензиите во земјата нема да паднат под 48% од платите, а пензиските одбивања ќе останат во рамките на 20%. Што ќе се случи од тогаш ќе зависи од демографијата и од економијата.

Како се пресметуваат германските пензии?

Пресметката на пензиите во Германија е висока математика, со која се запознаени само тесен круг специјалисти, кои поминале специјална обука. При пресметката на пензијата се земат предвид не само стажот и  одбивањата по време на работниот век, но и возраста на пензионирање, времето инвестирано во обука, бројот на деца, родителскиот стаж, службата во Армијата и др.

Сите овие податоци и критериуми се пресметани во т.н. “поени за пензионирање”, кои потоа се трансформираат во одредена сума. Што е во крајна линија просечната пензија во земјата?

Во Германија постои поимот “основен пензионер”. Тоа е обичен службеник кој работел 45 години на просечна плата и излегува во пензија при постигнување на возраста за пензионирање (во моментов возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува, така, во 2029-та ќе достигне 67 години). Стандардната пензија на овој обичен службеник е 1 441 евра на запад и 1 381 евра на исток. Сепак, ова не е просек за Германија.

Ретко се случува луѓето во земјата да имаат толку долг период на работа, и нивната кариера обично не започнува со просечната плата. Минатата година, машките пензионери добиле просек од 1.095 евра на запад и 1.198 на исток. Пензионерите на запад имале во просек 622 евра на запад, и 928 на исток. Повисоките стапки на пензии на Истокот на Германија се објаснуваат со фактот дека поранешните жители на ГДР генерално имаат подолг работен век и жените во минатото работеле подеднакво со мажите.

Трите видови пензии

Државната пензија е само еден елемент на обезбедување на социјална сигурност за староста. Речиси половина од пензионерите добиваат пари од нивниот поранешен работодавач. Повеќето големи компании, претпријатија и агенции во државна сопственост им обезбедуваат на своите поранешни вработени дополнителни корпоративни пензии. Во некои случаи, тие се толку високи што им овозможуваат на пензионерите да останат до 90% од нивниот претходен животен стандард.

Постои и систем на приватно пензиско осигурување. 42 милиони Германци потпишале договори со кои им се гарантира еднократна или редовна исплата на средствата по возраста за пензионирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×