Колку се остварливи економските изборни ветувања?!
Објавено на од во COVER STORY

Fotka predlog za glavna(Не)возможна мисија?!

Изборните програми на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, но и наративот на целата кампања за овие парламентарни избори покажуваат дека и двете најголеми политички партии главно се фокусирале на економијата. И веројатно сосема очекувано, животниот стандард на граѓаните е главниот фокус на партиите, преку ветувања за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош, субвенциите. Но, иако се ветуваат “чоколади“ (како што еден наш поранешен министер за финансии ги нарекуваше сите амбициозни трошења на народните пари), клучно е граѓаните да знаат колку нашата економија може да си ги дозволи. Институот за економски истражувања и политики, Finance Think, анализира четири клучни мерки на политичките партии и прави проекции колку се остварливи растот на просечната плата; на минималната плата; на пензиите; и намалувањето на оптоварувањето со директни даноци.

 

Изборните програми на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, но и наративот на целата кампања за овие парламентарни избори покажуваат дека и двете најголеми политички партии главно се фокусирале на економијата. И веројатно сосема очекувано, животниот стандард на граѓаните е главниот фокус на партиите, преку ветувања за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош, субвенциите. Станува збор за веќе добро познат концепт карактеристичен за предизборните периоди во најголем дел од земјите во светот сублимиран во паролата “It’s the economy, stupid“, која што му донесе претседателски мандат на Бил Клинтон во САД во 1992 година.
Но, иако се ветуваат “чоколади“ (како што еден наш поранешен министер за финансии ги нарекуваше сите амбициозни трошења на народните пари), клучно е граѓаните да знаат колку нашата економија може да си ги дозволи.
„Вообичано, ветувањата ги надминуваат реалните можности на економијата и државниот буџет, со цел да се привлечат што повеќе гласачи, но често и поради тоа што политичките партии немаат целосен и детален увид во бројките, доказите и реалните потенцијали на економијата“, велат од Институтот за економски истражувања и политики, Finance Think.
„Сепак, како општество треба да бидеме малку нескромни, и да кажеме дека денес имаме политички натпревар со економски изборни програми многу повеќе од тоа што имавме порано“, вели главниот економист на Finance Think, Благица Петрески, потврдувајќи ја перцепцијата дека економијата доминира во оваа кампања.
04-10-3Овој Институт во своето најново истражување се обидува да ги врами политичките ветувања во сферата на економијата во нивните разумни, возможни и потенцијални рамки, имајќи ги предвид досегашните економски движења, потенцијалот за раст и развој, ударот од кризата предизвикана од појавата и ширењето на коронавирусот Ковид-19 и соодветниот капацитет на државниот буџет.
„Целта е да се направат пресметки и симулации во даночно-социјалниот домен, а сврзани со политиките за кои политичките партии најавуваат промени и реформи во своите изборни програми. Поконкретно, ги симулираме предложените промени во следните домени: раст на просечната плата; раст на минималната плата; раст на пензиите; и намалување на оптоварувањето со директни даноци.
Динамичките проекции посебно го земаат предвид потенцијалниот ефект од кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот Ковид-19. Но како што потенцираат економистите од овој Институт, проектирањето е отежнато, бидејќи е оптоварено со висока неизвесност во поглед на јачината и времетраењето на ударот од Ковид-19, со потенцијален трет бран на вирусот во третиот или четвртиот квартал од 2020, како и со несигурност на траекторијата на заздравувањето, која може да се движи од многу кратка (до крајот на 2020) до многу долга (низ целата 2021 и почетокот на 2022 година).
Раст на просечната плата
Растот на просечната плата е едно од клучните ветувања што го даваат двете политички партии во пресрет на изборите. Владејачката СДСМ во својата изборна програма најавува зголемување на просечната плата до крајот на мандатот до 34.000 денари или за 30%, додека пак ВМРО – ДПМНЕ, не се обврзува на сума што би се постигнала доколку оваа партија дојде на власт.
„Просечната плата стана фокус на политичките партии во периодот околу 2015, пришто нејзината застапеност во изборните програми се зголеми за време на парламентарните избори 2020 година“, констатираат од Finance Think.
Симулациите на движењето на просечната плата се направени врз основа на пад на БДП од 3,8% во 2020 и проектирана траекторија со просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024; посечен годишен раст на работните места од 2,3%, што е еквивалент на креирање околу 73.000 работни места во четиригодишен период; политиката за субвенционирање на придонесите на зголемувањето на плата во висина од 600 до 6.000 денари ќе постигне целосен ефект по намалувањето на ефектите од ударот на Ковид-19; фокус од владините политики врз пораст на просечната плата (вклучително и усогласување на растот на минималната плата барем со порастот на просечната плата).
Порастот на платите е симулиран во две варијанти, послаб пораст (во која ефектот од Ковид-19 е посилен и подолготраен) и посилен пораст (во која заздравувањето од Ковид-19 е побрзо и пократкотрајно). Пресметаната нето просечна плата во 2024 се движи во распонот од 28.955 денари до 30.961 денари. Тоа би значело пораст на просечната плата, споредено со 2019, од 14,8% до 22,8%.
04-10-4За разлика од просечната плата, минималната плата е тема во програмите на политичките партии во подолг временски период, веројатно почнувајќи уште од нејзиното воведување во 2012 година.
„Минималната плата беше фокус на главните политички партии за време на парламентарните избори во 2016 година, и таа ја продолжи својата актуелност се` до овие парламентарни избори 2020 година. Вообичаено, политичките партии ветуваат побрз пораст на минималната плата од тоа што економијата реално може да издржи, имајќи предвид дека минималната плата го зголемува животниот стандард на примателите, но претставува трошок за работодавачот кој може да одлучи да го згасне работното место ако тој трошок стане многу висок.
Проекцијата на движењето на минималната плата во периодот 2021-2024 година, е направена врз основа на неколку претпоставки, меѓу кои последното законско усогласување на 14.934 денари со важност од јули 2020 години; раст на продуктивноста на трудот изведена од растот на економијата и вработувањата како претходно, односно пад на БДП од 3,8% во 2020 и просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024, и просечен годишен раст на работните места од 2.3%,
„Порастот на минималната плата е најпрво проектиран според порастот на продуктивноста и тој пораст се смета за најоправдан и без можност да создаде притисок за затварање на работните места. Според овој метод, оптималното ниво на минималната нето плата во 2024 година е проценето на 16.228 денари (пораст од 11.9%). Сепак, носителите на политиките може да креираат политика на минималната плата според движењата кај просечната плата (што претставува ендоген процес, во кој неопходна е внимателност врз движењето на цените). Во врска со овој метод, ги применуваме двете сценарија од погоре, односно проектираме раст на минималната плата зависно од развојот на кризата со Ковид-19. Во тие сценарија, минималната плата би се движела од 17,149 денари до 17,978 денари, што споредено со 2019 е еднакво на пораст од 18,3% до 24%“, објаснуваат од Finance Think.
Колку може да пораснат пензиите?    
Пензионерите останаа најпропулзивното гласачко тело за сите политички партии, па изборните ветувања често се фокусираат врз зголемување на пензиите, најчесто значајно над износите детерминирани со растот на економијата. Како резултат на тоа, пензискиот дефицит – грубо дефиниран како износ што централниот буџет го префрла во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување над износот прибран од пензиските придонеси, се зголеми тројно помеѓу 2007 и 2020 во апсолутна смисла, додека како удел во износот прибран преку придонеси го достигна својот максимум во 2017 од 79,9%.
Но, со зголемувањето на стапката на пенсикиот придонес во 2019 и 2020 година (кумулативно за еден процентен поен), настана значајна консолидација, пришто износот што се трансферира од централниот буџет се намали на 70,1% од износот на пензиските придонеси, но со зголемувањето на пензиите од 2020 година, тој повторно почна да расте.
Проекциите на Finance Think за движењето на пензискиот дефицит се направени во услови на задржување на сегашната формула за индексирање на пензиите со порастот на цените, без ад-хок зголемувања; промена на моделот на индексирање на пензиите со порастот на цените и на просечната плата, без ад-хок зголемувања; зголемување на старосните пензии под износот од 10.700 денари месечно, на овој износ.
Во исто време, движењето на пензискиот дефицит во периодот 2021-2024 година, зема предвид и просечно годишно зголемување на просечната плата од 3,5% според сценариото за потраен ефект од Ковид-19; просечено годишно зголемување на вработеноста од 2,3%; како резултат, просечно годишно зголемување на приходот од пензиски придонеси од 5,3%; просечно годишно зголемување на бројот на пензионери за 1,25% и просечно годишно зголемување на цените од 1,1%.
Па така, Finance Think прогнозира дека доколку пензиите се усогласуваат само со порастот на цените, пензискиот дефицит се прекршува и започнува негово намалување. Во апсолутна смисла, во 2024 година, тој ќе биде на нивото од 2019 година, но во релативна смисла, тој ќе се намали од 75% од приходите од пензиски придонеси на 55,5%, што е големо намалување. Но, ако пензиите се усогласуваат со порастот на цените и на просечната плата (50:50), пензискиот дефицит продолжува да расте, со благо намалување на износот што ќе треба да се финансира од централниот буџет на околу 63% од приходите од пензиските придонеси. Корекцијата кај минималните старосни пензии додава на овој износ околу 8 милиони денари годишно, а засега околу 29.000 пензионери – приматели на старосна пензија.
04-10-41Пониски даноци со пониски ефекти?!
Даночната политика е една од ретките области каде што двете најголеми политички партии се разликуваат во своите ставови.
Finance Think ја анализира предложената мерка за намалување на данокот на личен доход и данокот на добивка на 9% во 2021 и 8% од 2022 година натаму; и елиминирање на данокот на личен доход за нови вработувања на млади лица 15-29 во времетраење од 2 години.
Под претпоставка дека растот на економијата и вработувањата ќе бидат како и во претходните анализи, односно пад на БДП од 3,8% во 2020 и просечен годишен раст од 4% за периодот 2021-2024, и просечен годишен раст на работните места од 2.3%; потоа благо подобрување на ефикасноста во наплатата на даноците и благо сузбивање на даночната евазија, двете во кумулативен ефект од околу 10%; систематска фискална консолидација во основното сценарио, со просечен буџетски дефицит од 2,1% од БДП за периодот 2021-2024; и нови вработувања на млади 15-29 како прво работно место во опсегот 12.000-18.000 годишно.
Фискалниот ефект на предложените мерки покажува дека изгубените буџетски приходи кај директните даноци се движат од 45 милиони евра во 2021 до 122 милиони евра во 2024, од кои околу 3,4 милиони евра во 2021 до 13,6 милиони евра во 2024 отпаѓа на делот за елиминирање на данокот на личен доход на нововработените млади. Износот на изгубените даночни приходи е еднаков на 1% од БДП, што е еднакво на околу 120 милиони евра, или повеќе од третина од просечните буџетски дефицити.
„Овој фискален трошок може да биде многу висок и од гледна точка на тоа како вработеноста реагира на промените во даночното оптоварување. Нашите симулации велат дека пад на даночната стапка од 10% на 8% ќе ја зголеми вработеноста за 0,5 процентни поени, додека таков пад на стапката на придонеси ќе ја зголеми за 2,2 процентни поени. И, ова е очекувано, бидејќи главен товар на платите се придонесите, а не данокот на личен доход. Оттука, евентуалните корекции кај социјалните придонеси се 4,5 пати помоќни во однос на поддршка на вработувањето споредено со корекции кај данокот на личен доход. Но, надолни корекции кај социјалните придонеси се скоро невозможни поради притисокот кај пензиските финансии“, пишува во анализата на Finance Think.
Дополнително, за најголем дел од платите, ефектот на данокот на личен доход е намален од даночното ослободување, така што ефективната стапка за тие плати е многу пониска од 10%.
„Со медијална плата од околу 20.000 денари (не постои прецизен податок кој би се добил од ДЗС), половина од работниците добиваат плата пониска од тој износ, па за таков тип работни места, намалувањето на данокот целосно не би имало смисла. Тоа дополнително го покажува и симулацијата на ефектот за младинската невработеност, која и воопшто не реагира на промена на данокот, односно ефектот кој го забележуваме е во рамки на маргината на грешка, за само 0,6 процентни поени раст на вработеност, од 20,7% на 21,3%“, објаснуваат од Finance Think.
Освен ниските ефекти врз пазарот на труд, овие предложени промени во даночната политика го отвораат и прашањето за финансирањето на изгубените даночни приходи.
Последното сценарио е најнеповолно, особено имајќи предвид дека кризата предизвикана од Ковид-19 ќе изврши еднократно и нагло зголемување на јавниот долг. Според него, како резултат на предложените даночни промени, јавниот долг би бил повисок за 0.4 до 0.9 процентни поени годишно, што е спротивно на заложбата за фискална консолидација. Слично, буџетскиот дефицит, наместо во претпоставениот ранг од 2% до 2,5% од БДП, би се искачил до 3%.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×