Колку вреди македонскиот пасош?
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Makedonski-pasosСпоред бројот на земји во кои граѓаните можат да одат без визи, Македонија се наоѓа на 46 место во светот, бидејќи можеме да отпатуваме слободно и без визи во 112 земји, покажува Хенли паспорт индексот за 2018.

Од земјите од регионот најдобро рангирана е Словенија која се најде на 11 место бидејќи нејзините граѓани можат да отпатуваат без виза во 167 земји.
Пасошот на Хрватска е рангиран на 21 место, што ја прави најлошо рангирана земја во ЕУ, бидејќи хрватските граѓани можат слободно да отпатуваат во 155 земји.

Србија е рангирана на 41 место, Црна Гора на 48 место, а БиХ на 51 место.
Најјак пасош и годинава е Германија, чии што државјани можат слободно да патуваат во 176 земји. На второ место е Сингапур, а третото место го делат осум држави, Данска, Финска, Француска,Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, чии што граѓани можат слободно без визи да патуваат во 175 држави.
Пасошот на САД е на петто место, а американските државјани можат слободно да патуваат во 173 земји.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×