Комерцијална банка ги зголеми каматите за одредени депозити и кредити
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Комерцијална банка ги зголеми каматните стапки на долгорочните денарски штедни влогови (орочени на 12, 24 и 36 месеци) од 0,2 до 0,4 процентни поени, а истовремено ги намали каматните стапки на дел од орочените девизни штедни влогови и тоа кај ЕУР од 0,01 до 0,2 п.п. и кај другите валути од 0,10 до 1,30 п.п. Ова е прво зголемување на каматите по корегирањето на основната каматна стапка на благајничките записи за 0,75 процентни поени.

„Банката не ги зголеми каматните стапки на кредитите за стопанството, како ни на најатрактивните кредитни производи за населението – станбени и потрошувачки кредити со ЕУР клаузула, а изврши зголемување на дел од денарските кредити за население за максимум 0,5 п.п. годишно. Согласно Договорот за кредит, Банката ќе испрати писмено известување на домашна адреса на кредитокорисниците, кое содржи податоци за извршената промена, висината на каматната стапка и податоци за висината на месечниот ануитет по промената на каматната стапка“, пишува во соопштението од Комерцијална.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×