Комерцијална банка ќе подели дивиденда од 180 денари по акција
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Акционерите на Комерцијална банка на редовното Годишно собрание потврдија дека бруто-добивката за минатата годинаизнесува 912,4 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 91,9 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 820,5 милиони денари.

Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 820,5 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 18% од номиналната вредност на акцијата, односно по 180 денари на една акција.

Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката, во износ од 410,3 милиони денари, да се издвои во резерви.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2017 година, беше избрано друштво за ревизија и усвоен Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×