Комерцијална банка лани со добивка од 8,5 милиони евра, скоро шесткратен раст за една година
Објавено на од во Банки и бизнис

Комерцијална банка објави дека во текот на изминатата 2015 година работела со консолидирана добивка од 8,5 милиони евра или 524,5 милиони денари.

Вкупната консолидирана актива на Комерцијална банка крајот на минатата година изнесувала 1,5 милијарда евра, а капиталот достигнал 163 милиони евра.

Во консолидираните резултати освен резултатите на Комерцијална банка, влегуваат и резултатите на КБ Публикум инвест, друштвото за управување со инвестициски фондови и КБ Прво пензиско друштво, друштвото за управувањесо задолжителни и доброволни пензиски фондови.

Ако се анализираат неконсолидираните податоци, односно само резултатите на Комерцијална банка, објавените неревидирани извештаи на Македонската берза покажуваат дека Банката ланската година работела со нето добивка од 8,53 милиони евра. Тоа е огромен раст во споредба со претходната 2014 година кога банката работела со добивка од 1,5 милиони евра, што е речиси шест кратно зголемување на добивката за една година.

komercijalna-bankaОд Комерцијална банка информираат дека остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 26,8% повисока во однос на минатата година што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата и зголемувањето на останатите приходи од дејноста, при истовремено намалување на останатите расходи од дејноста.
Во текот на изминатата година Комерцијална банка имала и подобрувањето на кредитното портфолио и зголемената наплата на побарувања, поради што е намален износот на издвоени дополнителни исправки на вредност по основ на кредити.
Вкупните приходи на Комерцијална банка во текот на минатата година се зголемени за 12,9%, додека нето приходите од провизии и надоместоци  се намалени за 1,3%. Пад има и кај нето приходите од курсни разлики кои се помали за 5,4%.
Останатите приходи од работењето на Банката , пак, се зголемени за 88,1% главно како резултат на зголемувањето на наплатените претходно отпишани побарувања и на приходите по основ на девизно работење.

Добрите резултати на Комерцијална банка сигурно ќе го зголемат интересот за тргување со акцијата на банката на Македонската берза, во очекување дека годинава Комерцијална банка ќе подели дивиденда за акционерите. Минатата година, акционерите на Комерцијална банка не добија дивиденда, бидејќи Банката одлучи добивката да ја распредели во резерви.

Од Комерцијална банка очекуваат годинава, и покрај сеуште високата неизвесност, макроекономскиот амбиент да остане стабилен и насочен кон остварување на побрз економски раст и зголемување на неговата одржливост.

Растот на кредитната активност на Банката се очекува да биде на ниво на растот на БДП, при што не се планираат значителни промени во структурата на активата. Исто така не се планирани значителни промени во структурата на изворите на финансирање, така што депозитите на нефинасискиот сектор и натаму остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

“Во текот на 2016 година се очекува да се спроведат дополнителни активности за дорезервирање на кредитните изложености кон клиенти кај кои во изминатите години се забележани трендови на влошување на финансиската состојба и нередовност во  измирувањето на обврските, понатамошно оштетување на преземениот имот согласно регулативата на НБРМ и целосно усогласување со регулаторните лимити”, велат од Комерцијална банка.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×