Комерцијална банка прва воведува бесконтактно плаќање со мобилен
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
PFZ_6361

Комерцијална банка воведува мобилна апликација, која овозможува најсовремена технологија за спроведување бесконтактни плаќања со дебитни и кредитни картички издадени од страна на Банката. Со тоа Комерцијална банка АД Скопје всушност е прва банка во Македонија што ја обезбедува оваа услуга за своите клиенти. Новата технологија на плаќање е сè уште во зачеток дури и кај земјите во опкружувањето.

KomPay е мобилна апликација наменета за физички или правни лица – корисници на Mastercard платежни картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем.  Со помош на  NFC технологијата за плаќања, мобилната апликација станува „мобилен паричник“ кој ќе им обезбеди на корисниците побрзо и поедноставно плаќање.

Апликацијата нуди можност за дигитализација на неограничен број картички кои ги поседува корисникот, и на тој начин преку својот мобилен уред тој ќе може да врши бесконтактни плаќања на продажни места кои поддржуваат PayPass технологија. KomPay може бесплатно да се преземе преку Google Play Store, а во промотивниот период, почнувајќи од денес до 30.04.2018 година, корисниците ќе имаат можност бесплатно да дигитализираат до две картички по сопствен избор. По истекот на наведениот период за дигитализирање на картичка ќе се наплатува еднократен надомест од 150 денари по картичка. Пристапот до апликацијата, како и вршењето на плаќањата се спроведува со внесување мобилен ПИН-код, кој го генерира самиот корисник при првото регистрирање на мобилната апликација.

За успешно регистрирање на KomPay мобилната апликација, потребно е:

  • корисникот да поседува активна картичка издадена од Банката;
  • да се преземе последната верзија на KomPay мобилната апликација од Google Play Store;
  • да се обезбеди активна интернет-конекција;
  • да се активира NFC опцијата на мобилниот уред;
  • корисникот да се регистрира со сопствената e-mail адреса на која Банката ќе испрати код за автентификација.

Едноставноста, брзината и сигурноста се некои од клучните предности на оваа апликација. Преку нејзиното користење се добива можност за спроведување бесконтактни плаќања со мобилниот уред на продажни места ширум светот. На овој начин на корисниците им е овозможено да заштедат време кое може да го искористат за суштински активности.

За подетални инструкции во врска со користењето на апликацијата, на веб-порталот на Банката е достапно Корисничко упатсво, во коe се содржани сите чекори за успешна регистрација, активација и користење на KomPay мобилната апликација.

Безбедноста на KomPay мобилната апликација се темели на врвно обучен кадар, преземени соодветни активности за информирање на корисниците, избор и примена на сигурни и светски признати технологии, како и нивна секојдневна употреба низ добро дефинирани процедури и низа заштитни мерки. Преку корисните информации содржани во Политиката на приватност, достапна на самата апликација и веб-порталот на Банката, корисниците ги добиваат сите неопходни информации за превентивна заштита од евентуален неовластен пристап до информациите за банкарските картички со кои располагаат, како и останатите лични податоци.

Денес, кога ја одржуваме една од најголемите мрежи на банкомати и ПОС терминали во земјата, и имаме најбезбедна платформа за Интернет и Мобилно банкарство, задоволство ни е нашите сограѓани да ги доближиме до најсовремените светски текови во доменот на дигитализирани плаќања.

Ова всушност отсекогаш била нашата цел – да понудиме што подобри и побезбедни решенија, за да добијат нашите клиенти најмногу за своите средства.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×