Комерцијална банка со потрошувачки кредит со ЕУР клаузула без надоместок
Објавено на од во Компании

Комерцијална банка АД Скопје почна со примање барања за потрошувачки кредити до 10.000 евра со ЕУР клаузула, што промотивно се нуди од почетокот на месецов до крајот на јануари.

Кредитот е наменет за нови или постојни кредитоспособни клиенти на банката во редовен работен однос во јавната администрација, дипломатски странски претставништва во РМ или во фирми прифатливи за Банката, кои примаат плата на трансакциска сметка во банката. Кредитот е наменет и за  пензионери кои примаат пензија на трансакциска сметка во банката, а кои оствариле право на пензија по други основи, а не по основа на исполнување законска старосна граница.

Кредитобарателите треба да имаат плата/пензија во износ повисок од 15.000 денари и имаат најмалку три производи за физички лица во банката (дебитна картичка, кредитна картичка, штеден влог, кредит, електронско банкарство или SMS банкарство).

Доколку кредитобарателот ги исполнува критериумите на банката, кредитот се одобрува во рок од 24 часа по комплетирање на документацијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×