Комерцијална банка со загуба од близу 3 милиони евра во првата половина годинава
Објавено на од во Банки и бизнис

komercijalna-bankaКомерцијална банка во првата половина годинава работела со загуба од 181, 4 милиони денари или 2,95 милиони евра, покажува неревидираниот неконсолидиран биланс на успех објавен на Македонската берза.

Банката во првите шест месеци годинава бележи влошување на финансискиот резултат во споредба со истиот период минатата година кога работела со загуба од 139,6 милиони денари или 2,27 милиони евра.

Од Комерцијална банка информираат дека загубата во првата половина годинава во најголем дел се должи на исправката на вредност на корпоративните кредити, која во најголем дел се однесува на еден клиент и загубата за оштетување на имотот преземен по 1 јануари 2010 година , која согласно регулативата е евидентирана на 1 јануари 2015 година .
Во истиот период, остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 29,5% повисока во однос на минатата година, што се должи во најголем дел на зголемените нето приходи од камата, зголемувањето на останатите приходи (пред сè приходи од капитални добивки од продажба на средства и приходи од девизно работење) и во помал дел и на зголемените нето приходи од провизии и надоместоци, при истовремено намалување на оперативните расходи.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.130 милиони денари или 34,6 милиони евра и бележат пораст од 13% во однос на истиот период минатата година, што во најголем дел се должи на зголемените нето приходи од камати.

Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец јуни изнесуваат 349 милиони денари или 5,7 милиони евра, и се зголемени за 32,2% во однос на истиот период од минатата година.

One thought on “Комерцијална банка со загуба од близу 3 милиони евра во првата половина годинава

  1. ako ne napravat novi rezervacii do kraj na godinata, a smetajki na dobivka od 110-120 milioni denari mesecno, bi trebalo godinata da ja zavrsat so dobivka od okolu 500 milioni denari ili okolu 7 milioni EUR……pod uslov da nema novi rezervacii…..a ako uspeat da oslobodat I nekoja rezervacija togas dobivkata moze da otide na normalno nivo t.e. okolu 20 milioni evra (kolku sto pravese bankata pred da pocne da knizi rezervacii pred tri godini…..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×