Комитетот на ОН за човекови права ја осуди руската окупација на Крим
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Комитетот на Обединетите нации за човекови права усвои резолуција, со која ја осуди „времената окупација“ на Крим од страна на Русија и ги потврди заложбите на ОН кон украинскиот суверенитет над полуостровот во Црното Море.

Русија го повика Комитетот да гласа против резолуцијата, но таа сепак беше увоена со 72 гласови „за“, 23 „против“ и 76 „воздржани“.

Резолуцијата речиси сигурно ќе биде усвоена со сличен број гласови, кога ќе биде доставена на гласање во Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец

Нацрт-резолуцијата ги осудува „злоупотребите, мерките и случаите на дискриминација против жителите на времено окупираниот Крим, вклучувајќи ги и кримските Татари“.

Анатолиј Викторов, кој раководи со Одделот за човекови права во руското Министерство за надворешни работи, резолуцијата ја нарече политичка, и изјави дека жителите на Крим „избрале да гласаат на историски референдум за обединување со Русија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×